Пенов: Имаме инструмент за отстранување на блокадите, протестот добива политички облик

ЈСП не е загрозен со овој протест, а градоначалничката не е блокирана, туку се блокирани граѓаните.

Владата има инструмент за отстранување на блокадите на Скопје од страна приватните превозници. Засега ситуацијата се следи и анализира, и се уште не се исрпени сите можности за решение, изјави министерот за локална самоуправа Ристо Пенов во вечерашното гостување во дневникот на ТВ Сител.

Протестот, според него, зема се поголем замав и по она како се одвива, не е насочен кон градоначалничката на Скопје и ЈСП или кон целта што ја посочуваат, а тоа е долгот кон нив, туку добива облик на политички протест.

– ЈСП не е загрозен со овој протест, а градоначалничката не е блокирана, туку се блокирани граѓаните. Се прави многу поголема штета отколку што е долгот кон приватните превозници. Во Скопје власт е ВМРО-ДПМНЕ и тие раководат со советот, кој може да се состане и да и наложи решение на градоначалничката. Наместо тоа се оди на полтички памфлети и препукувања на штета на граѓаните, рече Пенов.

Владата, како што поосчи, има инструмент да се реши проблемот и тоа е насилно да се тргнат автобусите од улиците, но додава, се уште не се исрпени сите можности за решение.

– Се анализира состојбата. Да се исцрпат сите можности за разрешување на проблемот па Владата да презема мерки, затоа што веќе не е само облигациониот однос и долгот од 1 милион кон приватните превозници. Веќе имаме раскинување на нивниот договор. Тие и да го добијат долгот се исклучени од натамошна работа и не верувам дека со исплата на долгот ќе престане протестот, рече Пенов.

Јавниот превоз во главниот град, според него, не смеел да престане.

Рангник и Де Зерби влегуваат во трката за тренерско место во Баерн

Селекторот на австриската репрезентација Ралф Рангник може да го предводи Баерн.

Според „Sky Sport Germany“, раководството на Баварците за можното назначување на тренерската позиција на 65-годишниот Германец.

Сериозен кандидат за клупата на Баерн Минхен е и актуелниот тренер на Брајтон, Роберто Де Зерби.

Претходно се дозна дека Томас Тухел ќе го напушти клубот на крајот на сезоната 2023/24.

Педесетгодишниот Тухел е тренер на Баерн од март 2023 година. Под негово водство клубот избори полуфинале во Лигата на шампионите, но не успеа да ја одбрани шампионската титула во Бундеслигата. Тимот е втор во германското првенство со 63 бода од 29 натпревари. Недостижен на првото место е Баер Леверкузен. /МИА

Пендаровски: Мицкоски не направи ништо за државата, а сега лаже дека со нив подобро ќе се живее

Во своето обраќање, Пендаровски потенцираше дека единствената опција за државата да продолжи вистински да се развива е со гласање на бројот на 1.

„Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не направија ништо за државата кога беше потребно за европската иднина на Македонија. Опозицијата беше главната кочница и ги блокираше своите сограѓани и земја. Нека не ве лажат сега дека со нив подобро ќе живеете, нема иднина со тие луѓе, видовте што правеа кога беа на власт. Сите важни стратешки цели досега ги постигнавме ние. Сеат лаги за наводни навреди, а истите тие не сопреа од навредувања. Како што лажат за договорите кои ги постигнавме, така лажат и за сѐ друго, не им верувајте ништо“, изјави денеска кандидатот за претседател Стево Пендаровски на средби со граѓаните во Општина Ново Село.

Пендаровски додаде и дека целиот демократски амбинет денес е на повисоко ниво, дека актуелната владејачка гарнитура имала и грешки и дека е свесна за тпа/

„Денеска самите сведочите дека медиумите се слободни имаме демократија за ова се боревме. Кај нас нема апсења затоа што некој не се согласува со нас. На 27 април организираа упад во Собрание за да не ја предадат власта. Во 2012 носеа буџет како што одговара на фамилијата на власт и ги истераа со сила сите наши пратеници и новинари. Ние сме различни како луѓе. Сме имале и ние грешки - жив човек греши, но нашите грешки не се со лоша намера“ потенцира Пендаровски.

Во своето обраќање, Пендаровски потенцираше дека единствената опција за државата да продолжи вистински да се развива е со гласање на бројот на 1.

„Знам дека граѓаните повторно ќе ја донесат исправната одлука. Бев претседател на сите, не делев, туку обединував. Ако ја добијам вашата поддршка и во следните пет години ќе работам за граѓаните и државата, затоа што нашите деца мора да имаат услови за пристоен и достоинствен живот. Само со бројот 1 ќе одиме напред“, рече Пендаровски.

Петровска: СДСМ вистински се грижи за животната средина

Носителката во шестата изборна единица на СДСМ и коалицијата За европска иднина Славјанка Петровска денеска учествуваше во еколошка акција во Гостивар. 

Во изјава за медиумите по акцијата Петровска посочи дека борбата за здрава животна средина, за чист воздух и чиста вода за пиење, бара сеопфатен широк пристап.

,,Ние, во изминатите години го правевме токму тоа. Преку искористување на природните потенцијали и преку градење на одговорни мерки и политики Македонија ја претворивме во лидер во изградба на нови енергетски капацитети од обновливи извори на енергија.

За само две години, во државата имаме инсталирано 600 мегавати од обновливи извори на енергија, најмногу во фотонапонски централи. Донесовме конкретен, реален План за чист воздух со низа на краткорочни, долгорочни и мерки на среден рок, кој на годишно ниво доведе до намалување на аерозагадувањето во најзагрозените градови.

Она што е важно за овој регион е што нашиот бисер, нашата Шар Планина ја прогласивме за Национален парк со што исправивме една би рекла децениска неправда кон оваа природна убавина" порача Петровска.

Носителката Петровска најави дека СДСМ и во следниот мандат ќе продолжи со мерки и политики што ќе придонесат за заштита на животната средина.

,,Во нашата нова програма предвидена е набавка на опрема и изградба на регионални депонии и претоварни станици во Полошкиот регион со што ќе ставиме крај на уште еден деценински проблем на граѓаните од овој регион. За да ги заштитиме нашите реки, планини, шуми во заштитените подрачја, воведуваме забрана за изградба на нови мали хидроелектрани во заштитени подрачја и национални паркови. СДСМ и Коалицијата за европска иднина се гарант за заштита на животната средина и поквалитетен живот за сите граѓани во сите населени места. Планот за чиста животна средина нека биде мотив плус на 8 мај да дадеме поддршка на бројот еден" порача Петровска.

Кандидатката за пратеник Ема Нешкоска на прес конференцијатакажа дека заштитата на животната средина е уште една причина зошто ни треба побрза интеграција во ЕУ.,

,,СДСМ има јасна визија и цел, европските стандарди и квалитетот на живот да ги донесе дома, во Гостивар и низ цела Македонија. Важно е да продолжиме кон ЕУ, затоа што со влезот во Унијата, покрај останатите придобивки, се доближуваме и до политиките кои гарантираат почист воздух и почиста животна средина" посочи Нешкоска.

притисни ентер