Пендаровски-Зурабишвили: Да создадеме стабилна основа за развој на билатералните односи

Претседателот Стево Пендаровски денеска во претседателскиот кабинет на церемонија со највисоки државни и воени почести ја пречека претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили која престојува во официјална посета на Македонија.

Во рамки на посетата, покрај тет-а-тет средбата меѓу претседателот Пендаровски и претседателката Зурабишвили се одржа пленарен состанок на официјалните делегации, беа потпишани Спогодба меѓу Македонија и Грузија за укинување на визи и Меморандум за соработка во областа на културата меѓу Министерството за култура на Македонија и Министерството за култура, спорт и млади на Грузија, по што се одржа заедничка прес-конференција на претседателот Пендаровски и претседателката Зурабишвили.

Во продолжение е интегралниот текст од изјавата на претседателот Пендаровски:

Почитувана претседателке на Грузија, г-ѓа Зурабишвили,

Почитувани претставници на медиумите, Дами и господа,

Денеска имаме големо задоволство, во името на македонските граѓани, да и посакаме топло добредојде на претседателката на Грузија, Нејзината екселенција г-ѓа Саломе Зурабишвили.

Оваа прва, и со тоа, би рекол историска посета на највисоко ниво се случува многу кратко по воспоставувањето на дипломатските односи меѓу нашите две држави на 16 февруари 2019 година.

Симболично, нас не поврзува еден многу значаен јубилеј. Оваа година и Македонија и Грузија прославуваат 30 години независност. Ние од стекнувањето, а Грузија од обновувањето на нејзината независност.

Иако изминативе децении повремено соработувавме во рамките на меѓународните организации, дојде време нашите односи од маргините на меѓународните форуми да ги издигнеме на највисоко ниво.

Пандемијата ја забави планираната динамика на средбите, но, оваа прва официјална посета е можност да надоместиме за изгубеното време.

Затоа, денес со претседателката Зурабишвили разговаравме за унапредување на нашите билатерални односи во претстојниот период. Повеќето од чекорите ќе ги правиме за прв пат. Затоа, треба да го искористиме овој момент и да создадеме стабилна основа за развој на билатералните односи. А првиот чекор во таа насока е секако уредување на правната рамка.

Македонија и Грузија имаат исклучително богато природно и културно-историско наследство. Затоа, пред малку беа потпишани два важни документи. Првиот е Спогодба меѓу двете држави за укинување на визите, со што се олеснува патувањето на македонските и грузиските граѓани. Вториот документ е Меморандум за соработка во областа на културата меѓу нашето министерство за култура и грузиското министерство за култура, спорт и млади. Заедно, овие два документи треба да бидат правна основа за развој на туризмот, и на севкупната економска и културна соработка меѓу двете земји.

Во процедура се и други договори, меѓу кои и оние за економска и техничка соработка. Непишано правило е дека оние кои први ќе се пробијат на новиот пазар најчесто постигнуваат најголеми успеси. Затоа, во оваа прилика сакам да ги охрабрам стопанствениците од Македонија и Грузија да ја искористат оваа можност, да воспостават контакти и да работат на деловни партнерства од взаемна полза.

Почитувани,

Денес,со претседателката Зурабишвили разменивме мислења и за теми поврзани со нашите надворешно-политички приоритети, а во контекст на стабилноста и безбедноста на европскиот континент.

Заклучивме дека иако сме територијално мали држави лоцирани во различни региони, споделуваме слични стратешки надворешно-политички приоритети.

Како земја-членка на НАТО, ние го поддржуваме правото на Грузија да гради најблиски можни односи со Алијансата. Тоа е суверен избор на грузискиот народ и во тој поглед, подготвени сме да ја продлабочиме соработката преку партнерските механизми.

Истовремено, како и Европската Унија така и ние како земја-кандидат за членство даваме цврста поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Грузија во рамките на меѓународно признатите граници. Во исто време, ги поддржуваме Женевските меѓународни дискусии, кои остануваат единствен механизам со кој се ангажираат сите засегнати страни во решавањето на предизвиците што произлегуваат од нерешениот внатрешен конфликт во Грузија.

На крајот, би сакал уште еднаш да нагласам дека верувам дека со оваа прва посета на грузиски државник од највисок ранг, испишуваме историја во односите меѓу нашите две пријателски држави и народи.

Оттука, ваша екселенцијо, уште еднаш, во името на македонските граѓани ви посакувам топло добредојде во Македонија.

Во Србија се уапсени 17 лица, кои правеле и продавале лажни дипломи од факултети и училишта

Припадници на МВР, УКП, Служба за борба против организиран криминал, по наредба на Јавното обвинителство за организиран криминал, привеле 17 лица припадници на две организирани криминални групи.

Припадници на МВР, УКП, Служба за борба против организиран криминал, по наредба на Јавното обвинителство за организиран криминал, привеле 17 лица припадници на две организирани криминални групи, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривични дела здружување заради сторени кривични дела и фалсификување исправи во продолжено време, а четворица уапсени од овие ОКГ се товарат и за кривично дело злоупотреба на службената положба, објави Телеграф.

Уапсени се Р.Б.(1959), А.Б.(1988), Б.Д.(1976), С.К.(1984), Б.Ѓ. (1963), Д. Г. (1954), С. К. (1961), И. Д. (1994), М. Б. (1951), М. П. (1956), З. Н.П.(1969), В.С.(1984) и Л.Р.С. (1968).

Во периодот од април 2023 година до денес, осомничените во илегална печатница на територијата на Белград направиле повеќе од 400 лажни јавни исправи - договори, полномошни, дипломи од средни, високо и високообразовни установи, со намера дека клиентите да ги користат како што се направени и стекнати на легален начин. На овој начин, како што се сомнева, прибавиле противправна имотна корист од над 12 милиони динари. Меѓу уапсените се и две лица вработени во Министерството за државна управа и локална самоуправа, како и едно лице вработено во МВР, кои се осомничени дека ја искористиле службената положба за вршење проверки преку затворените бази на матичната евиденција, за лица за кои се изготвени фалсификувани документи. Исто така, уапсено е и едно лице вработено во Министерството за образование, за кое се сомневаат дека искористувајќи ја службената положба со овие фалсификувани документи, за одредена сума пари вработувал лица во државни институции.

Осомничените со кривична пријава ќе бидат изведени до надлежното Јавно обвинителство за организиран криминал.

ДИК : Силјановска Давкова со 37,80 % , Пендаровски 18,66 % од гласовите

Според податоците на Државната изборна комисија , на 59,61 % обработени податоци , во водство е Гордана Силјановска Давкова со 37,80%

На второ место е Стево Пендаровски со 18,66 проценти од гласовите.

Бујар Османи освоил 15,63 % , Максим Димитриевски 8,09% , Арбен Таравари 11,39 % , Билјана Ванковска 4,49 % и Стевчо Јакимовски 0,96%.

Стево Пендаровски

97.592 | 18,66%

Гордана Сиљановска Давкова

197.741 | 37,80%

Стевчо Јакимовски

4.997 | 0,96%

Бујар Османи

81.748 | 15,63%

Билјана Ванковска Цветковска

23.472 | 4,49%

Арбен Таравари

59.591 | 11,39%

Максим Димитриевски

42.296 | 8,09%

притисни ентер