Пендаровски за грчката ТВ „Алфа": Исходот од Брисел беше шок за сите

Навистина беше шок за сите, не само за мене и за народот, туку и за целата политичка елита, вели претседателот на Македонија, Стево Пендаровски во интервјуто за грчката телевизија „Алфа".

Тој додава дека на лидерската средба одржана во неделата, сите партии, без разлика дали се од власта или опозицијата биле со исти чувства и став: „испорачавме сѐ што ни беше побарано и одеднаш Европската унија ни вели уште не сме подготвени", jави дописничката на МИА од Атина.

– Од 2009 во сите извештаи на Европската комисија и потоа во сите коминикеа од Европската унија велеа дека постои само едно нерешено прашање, долгогодишниот спор за името меѓу нас и вашата земја. Го решивме тоа со Договорот од Преспа и одеднаш Европската унија ни вели ние не сме подготвени, бидејќи пред тоа треба да направиме некои внатрешни реформи. Тоа не беше искрено, ниту праведно за сите што се длабоко инволвирани во овој процес. Сето ова, Договорот од Преспа, сите реформи, но Преспа на прво место е поради Европа. Ние сакаме да бидеме дел од Европската унија. И одеднаш никаде не ја гледаме Европската унија. Никаде ја нема Европската унија, вели Пендаровски, пренесе МИА.

Претседателот Пендаровски објаснува дека она што ќе биде на чекање сѐ додека не започнат пристапните преговори со ЕУ е делот што се однесува на внатрешната и надворешната коресподенција и употребата на новото име.

-Говорејќи за целиот пакет, веќе го имплементиравме новото име во внатрешноста и би можел да кажам дека тоа за нас беше најтешкиот дел од Договорот од Преспа, истакнува Пендаровски.

Посочува дека за неколку месеци земјата ќе влезе во НАТО и тоа е благодарение на Договорот од Преспа.

-За луѓето што и тука и таму се скептични, да повторам уште еднаш Договорот од Преспа беше главна причина зошто државите членки на Северно-атлантската алијанса рекоа „да" за наше членство. Ако не во ноември или декември, тогаш сигурно во првите четири месеци од 2020 ќе бидеме полноправна членка на НАТО алијансата и тоа е директен производ од Договорот од Преспа, додава претседателот во интервјуто за грчката телевизија./МИА

Ќерката на Пол Вокер: Абортирав во 2020 година, имав среќа што најдов добар доктор

Медоу Вокер, ќерката на починатиот актер Пол Вокер, проговори за абортусот што го доживеала во 2020 година.

Медоу реши да проговори на оваа тема по одлуката на Врховниот суд за абортус, со која беше поништено федералното право на абортус, воведено со пресуда стара 50 години.

Медоу на Инстаграм откри дека абортирала за време на пандемијата, пред две години.

„Денес беше голем чекор назад во историјата, длабока неправда ги погоди жените ширум Соединетите држави. Има безброј жени кои се мачеа со одлуката да направат абортус. И јас се борев со тоа во 2020 година. Кога светот подлегна на пандемијата, јас барав абортус“, напиша 23-годишната девојка.

„Тоа е многу приватно и лично искуство, такво и треба да биде“, вели таа, додавајќи дека „имала среќа да наиде на добар доктор кој ја поддржувал во текот на целиот процес“.

„Да знаеш дека сега уште повеќе жени нема да имаат можност да бараат безбеден абортус и да донесат одлука за нивното тело го крши срцето. Во свет кој постојано ги маргинализира жените, ова изгледа како најголемиот напад врз нив. Забраната за абортус не ги спречува абортуси, спречува безбедни абортуси“, заклучи таа.

По објавата таа наиде на голем број негативни пораки.

"Количината на омраза што ја добив по оваа објава е неверојатна. Престанете да ме следите ако не се согласувате со мене. Не останувајте таму и пишувајте ужасни работи", им порача таа на хејтерите.

Коза активирала нагазни мини во Запорожје, ранети 40 Руси

Најмалку 40 руски војници се повредени откако украинска коза активирала експлозив поставен околу болницата во Запорожје со своето хаотично движење, пренесува британски „Телеграф“.

Војниците поставувале мини кога коза, која побегнала од фарма во селото Кински Роздори, ги активирала експлозивните направи.

Козата предизвикала верижна експлозија.

Шефот на украинската разузнавачка служба изјави дека руски војници поставувале мини околу локалната болница. Набргу по поставувањето на минската замка, кон областа дошла коза и извршила верижна експлозија во која се повредени десетици војници.

„Со своите хаотични движења, козата активираше неколку гранати. Како резултат на тоа, неколку Руси се здобија со повреди со различна тежина“, пишува разузнавачката служба.

Се проценува дека се ранети 40 војници. Животното е наречено „Козата на Киев“, а судбината на козата засега не е позната.

Извор: Телеграф

Штрајкот на ССМ во регионите погодени од невремето ставен во мирување

Штрајкот ќе биде во мирување до завршување на потребата за ангажирање на дополнителни капацитети за справување со последиците од невремето во погодените региони.

На итна седница на Штрајкувачкиот одбор – Претседстелството на ССМ одржана по електронски пат донесена е едногласна одлука за ставање во мирување на генералниот штрајк во регионите на општините Делчево, Виница и Демир Капија, кои попладнево беа погодени од невреме, заради потребата од ставање на сите расположливи капацитети за справување со последиците од елементраната непогода.

Штрајкот ќе биде во мирување до завршување на потребата за ангажирање на дополнителни капацитети за справување со последиците од невремето во погодените региони.

– По информации добиени од штрајкувачите од погодените региони од невремето, како и заради ограничувањата предвидени со правилата за генералниот штрајк неопходно беше да се донесе Одлуката врз основа на која 100 отсто од вработените во јавниот сектор во погодените региони, а кои штрајкуваат ќе бидат ставени во функција за расчистување на последиците од невремето. Нашите колеги браќа и сестри синдикалци се веќе на терен и истите помагаат на најпогодените, информира за МИА од ССМ.

притисни ентер