Пендаровски во посета на спомен-домот на Конески во Небрегово

Во прилепско Небрегово продолжија чествувањата на 100 годишнината од раѓањето на македонскиот великан Блаже Конески. 

Во време кога сите наши потпорни точки се сериозно предизвикани, во време кога се соочуваме со страдања и смрт на глобално ниво, нужно е да го чуваме и да го негуваме она што го остави зад себе Блаже Конески.. Заштитникот на нашиот јазик мисла, книжевност и образование..Тој треба да ни биде моделот на нашата сегашност и на нашата иднина порача претседателот Стево Пендароски од пред родната куќа на Конески, а во рамките на деновите посветени на 100 годишнината од раѓањето на кодификаторот на македонскиот јазик , инаку организирани од страна на Институтот за македонски јазик Крсте Мисирков.. Пендароски од Небрегово со порака..

Конески, основоположникот на нашиот литературен јазик е нашето мото кое треба да не обедини..

На денешниот собир за Блаже Конески говореше и професор доктор Људмил Спасов..

Делегациите на овој значаен настан покрај куќата на Конески ја посетија и училницата каде што тој го завршил тогашното основно училиште, но и селска црква Свети Никола, на која и треба итна реставрација..

Неверојатен потфат: Французин на 70 метри височина ја премина Копакабана (ВИДЕО)

Одејќи по јаже, 27-годишниот Французин Нејтан Паулин го изведе својот нов потфат на воодушевување на многумина меѓу двата врва на познатиот Шеќерен рид во Рио де Жанеиро.

Паулин пешачеше петстотини метри по јажето, а до крај бил прицврстен со јаже за потпора. И добро што го направил тоа, бидејќи неколку пати изгубил рамнотежа и се лизнал.

Јажето било поставено на височина од седумдесет метри, а по целата должина под него била плажата Копакабана со капачи.

Публиката со ентузијазам ја следела прошетката, лежејќи на лежалките.

Но, Нејтан бил особено воодушевен, благодарение на прекрасниот поглед кој го пружа ова уникатно место, поради што го избрал за својата „прошетка“.

„Горе беше одлично бидејќи имате панорамски поглед од 360 степени. Од едната страна го гледате Шеќерниот Рид, потоа Корковадо. Самиот Рио е посебен по тоа што градот е помеѓу планините и морето, од сите страни имате поглед на море и планини, а стоењето над се` е незамисливо “, рече Французинот.

Нејтан долго време се подготвувал за овој потфат, но поради пандемијата морал секој пат да го одложува.

Почна судењето на данскиот голфер кој јавно уринирал во авион и напаѓал жени

Во Лондон започна судењето на данскиот играч на голф Торбјорн Олесен, кој е обвинет за сексуална злоупотреба на стјуардеса и жена и уринирање на седиште пред две години на летот од САД до Лондон.

Британската полиција го уапсила Олесен на 29 јули 2019 година под сомнение за сексуален напад на летот на Бритиш ервејс, а на 6 август тој бил официјално обвинет. Данскиот играч на голф ги отфрлил сите обвинувања, велејќи дека не се сеќава на ништо.

Сведоците го опишале неговото однесување на летот од Нешвил до Лондон како сосема бизарно.

Под дејство на алкохол, Олесен почнал да трча низ авионот, да го навредува екипажот, потоа да ја гушка и се обидел да ја бакне стјуардесата, наводно фатил друга жена за градите, уринирал на седиштето, а потоа плачел пред да заспие на своето место во бизнис класата.

„Во текот на моите 27 години кариера, никогаш не сум видела нешто слично“, рече стјуардесата. Олесен го негирал сексуалниот напад, велејќи дека никогаш свесно не би ја ризикувал својата кариера со извршување на кривично дело. Тој додаде дека земал апчиња за спиење и не се сеќава на ништо.

„Се чувствував целосно ужасно и многу ми беше жал. Не можев да верувам што зборуваат, што се случило... Засрамен сум и се чувствувам ужасно“, изјавил 31-годишниот Олесен на судењето.

Данецот, кој освои пет европски турнири во текот на својата кариера, загуби профитабилни спонзорски договори по инцидентот и падна од 50. на 400. место на ВТА.

Седуммина припадници на „сините шлемови“ загинаа во Мали

Седуммина припадници на тогоанските сини шлемови загинаа, а тројца се тешко повредени во напад со експлозивна направа во центарот на Мали, што најостро го осуди генералниот секретар на ОН.

„Денес, 8 декември, логистички конвој на мировници (MINUSMA) кој патуваше од Дуенце до Севаре, во центарот на земјата, наиде на експлозивна направа.“ објави на Твитер Мисијата на ОН во Мали (MINUSMA).

Нападот се случил во околината на Бандиагара, во провинцијата Мопти, додава MINUSMA.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш „остро го осудува овој грозоморен напад“, изјави неговиот портпарол Стефан Дужарик во Њујорк. Тој ги повика властите во Мали да направат се` за да ги пронајдат виновниците и да ги изведат пред лицето на правдата, додаде тој.

Врховниот командант на MINUSMA, Ел Гасим Ване, исто така „остро“ го осуди овој „кукавички“ напад, истакнувајќи во изјавата дека тоа може да се опише како „воено злосторство“.

„Оваа трагедија го зголемува бројот на жртвите на нападите врз мировниците во Мали.“

Нападот доаѓа еден ден откако MINUSMA ја објави смртта на мировниците во Дакар во понеделникот, кои биле убиени кога нивното возило наишло на импровизирана експлозивна направа на 22 ноември во близина на Тесалит, во северниот дел на Мали.

Во Мали беснее конфликт од 2012 година во кој џихадистичките групи поврзани со Ал Каеда и групата Исламска држава постојано извршуваат напади по насилството врз цивили на вооружените групи, од кои некои се нарекуваат сили за самоодбрана.

MINUSMA, распоредена во Мали во 2013 година, моментално е мировната мисија на ОН со најмногу смртни случаи во светот. До 31 октомври, 146 нејзини членови биле убиени во воените дејствија, според статистиката на ОН.

притисни ентер