Пендаровски во Њујорк оствари средба со претседателот на Кипар, Никос Христодулидис

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Њујорк, на маргините на 78. Генерално собрание на Обединетите нации, оствари билатерална средба со претседателот на Кипар, Никос Христодулидис.

На средбата се разговараше за односите меѓу двете земји при што двајцата претседатели констатираа дека по воспоставувањето на дипломатските односи во 2019-та година се отвораат можности за развивање на соработката во области од заемен интерес.

Претседателот Пендаровски се заблагодари за континуираната поддршка од Кипар на нашиот пат кон европската интеграција и изрази очекување таа да продолжи. Соговорниците се согласија и за јакнење на соработката на мултилатералните форуми, особено взаемната поддршка за кандидатурите.

На средбата стана збор и за економските релации меѓу двете земји, при што соговорниците се заложија за унапредување на економската соработка, зголемување на обемот на трговија во областите на земјоделството и прехранбената индустрија, туризмот, банкарството и финансиите. Во тој контекст, претседателите изразија интерес за одржување на Бизнис форум меѓу двете земји, соопшти кабинетот на претседателот.

Мицкоски за кадровските решенија во владата од коалицијата „Твоја Македонија“

Изјава на мандатарот за состав на влада и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за кадровските решенија во новата влада од коалицијата „Твоја Македонија“, што вечерва беа потврдени од Извршниот и Централниот комитет на партијата. 

Гордон Ремзи имал тешка сообраќајна несреќа со велосипед,ги покажа модринките

Светски познатиот готвач Гордон Ремзи објави видео на Инстаграм во кое откри, како што самиот вели, „лоша несреќа“ додека возел велосипед во Конектикат.

Во видеото, Ремзи се „пофали“ со своите модринки добиени во велосипедската несреќа.

„Доаѓа Денот на татковците и имам важна порака за сите татковци... Носете кацига! рече тој, додавајќи дека се чувствува добро и дека не се здобил со сериозни повреди, но дека телото му е покриено со модринки, поради што изгледа „како виолетов компир“. На крајот им се заблагодари на персоналот во болницата каде што престојува, но и рече дека е среќен што носел кацига.

„Да не носев кацига, искрено немаше да бидам овде во моментов“, порача Ремзи.

Мицкоски ги соопшти имињата на министрите на ВМРО-ДПМНЕ во новата влада

ВМРО ДПМНЕ вечерва ги потврди кадровските решенија во идната влада.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар за состав на идната влада Христијан Мицкоски вечерва по седниците на Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги соопшти имињата на министрите во новата влада..

притисни ентер