Пендаровски-Штајнмајер: Германија ќе продолжи да биде нашиот клучен партнер

Претседателот Стево Пендаровски денеска со највисоки државни и воени почести го пречека претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмајер, кој престојува во официјална посета на Република Македонија.

Во рамки на посетата, покрај тет-а-тет средбата, се одржа и пленарен состанок на официјалните делегации на Македонија и Германија, по што претседателите Пендаровски и Штајнмајер одржаа заедничка прес-конференција.

Во продолжение е интегралниот текст од изјавата на претседателот Пендаровски:

Почитуван претседателе Штајнмајер,

Почитувaни претставници на медиумите,

Денеска имаме голема чест, по скоро деценија и половина, да сме домаќини на еден германски претседател кој ни доаѓа во официјална посета. Во оваа прилика, би сакал да потсетам дека не случајно, мојата прва официјална билатерална посета како претседател ја остварив токму во Германија. Оваа размена на посети на највисоко државно ниво говори многу за односите меѓу двете држави и за пријателството меѓу нашите народи, кои во изминатиов период достигнаа високо ниво и освен во политичка смисла имаа свој позитивен одраз и во развојот на економските релации.

Оваа посета има и своја додадена вредност, бидејќи се остварува во време на крупни гео-политички турбуленции, кога имаме војна на европско тло која предизвикува серија на кризи кои се прелеваат, при што секоја земја се обидува да им обезбеди на своите граѓани сигурност, безбедност и просперитет. Од друга страна, пак, а што е посебно значајно за нас, оваа посета се реализира во годината кога конечно, после многу одложувања ги започнавме преговорите со Европската Унија и кога ни е неопходна поддршка за забрзување на тој процес.

Во време кога вербата во европските интеграции во целиот регион е разнишана, во овој сензитивен период ни е повеќе од потребна помош од големите европски демократии, од предводниците на идејата за обединет континент.

Сојузна Република Германија е еден од нашите најблиски сојузници и најсигурни партнери, а германските власти веќе три децении, во континуитет, ја демонстрираат посветеноста кон нашата држава и нашиот регион.

Затоа, претседателе Штајнмајер во мое лично име и во име на граѓаните на Северна Македонија ви благодарам за оваа посета, која верувам ќе остави силен печат во нашите односи и ќе отвори нови поглавја за соработка.

Почитувани,

На средбата, која помина во исклучително пријателска и позитивна атмосфера, со мојот германски колега разговаравме за нашите билатерални односи, партнерството во НАТО, македонските евроинтеграции, меѓусебните економски врски, културно-образовната соработка, но и за прашањата што се однесуваат на пошироката европска стабилност и безбедност.

Во оваа прилика истакнав дека ние сме целосно посветени на првите фази од преговорите со Европската Унија затоа што членството во Унијата останува наша долгорочна стратешка определба на која ќе продолжиме да работиме со несмален интензитет. Во овој контекст, недвосмислената поддршка што ја добиваме од Германија е од големо значење за нас, особено во рамките на обновениот Берлински процес, во кој Германија има клучна улога.

Разговаравме за безбедносната состојба во Европа и различните предизвици на тој план, во контекст на војната во Украина. Се обврзавме за унапредување на досегашната соработка во одбраната и во безбедноста, кои се важни аспекти и во нашите билатерални односи.

Во делот на економијата, Германија останува наш најзначаен економски партнер, кој со години наназад е на првото место на листата, со трговска размена од повеќе од 4 милијарди евра на годишно ниво. Германското економско портфолио во Македонија е импресивно, со околу 200 фирми со германски капитал, во кои работат над 15.000 луѓе. Со претседателот Штајнмајер се заложивме економската размена и инвестициите меѓу нашите држави да продолжат и во иднина и овие бројки да се зголемуваат, затоа што се од огромна важност за меѓусебната доверба и просперитетот на нашите граѓани. Не помалку важни се и областите на образованието, науката и културата, каде што нашите две држави остваруваат интензивна соработка.

И на крајот, она што го кажав во разговорот со почитуваниот претседател, би сакал и сега да го повторам: благодарам за целокупната германска поддршка до сега, при што го изразувам своето уверување дека Германија ќе продолжи да биде нашиот клучен политички и економски партнер и дека во годините пред нас нашето пријателство и соработка во областите од взаемен интерес ќе одат само по нагорна линија.

Ви благодарам.

Поскапуваат горивата

Горивата од полноќ поскапуваат од пола до денар и пол. Дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство поскапуваат за пола денар, а Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 за денар и пол. 

Според денешната одлука на Регулаторната комисија, од полноќ се зголемува и цената на мазутот за 0,337 денари за литар.

Од полноќ, Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 81 денар за литар, а Еуросупер БС-98 по цена од 83 денари за литар. Новата цена на дизелот ќе биде 76 денари за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство 75,5 денари за литар.

Пролонгирана исплатата на европски пари за Хрватска

Владата на Хрватска побара одложување на исплатата на 835,6 милиони евра од Механизмот за заздравување и отпорност, бидејќи сè уште не е донесена законската рамка која треба да ја редефинира и подобри работата на државните компании.

Хрватската Влада упати барање за исплата на 20 декември, но по барањето за одложување средствата ќе бидат исплатени во март.

Шестата транша според Механизмот требаше да изнесува 835,6 милиони евра и да послужи за исполнување на 26-те фази и реформски цели предвидени во Националниот план за закрепнување и отпорност. Хрватска досега повлече речиси 63 отсто од средствата од грантот, а вкупната сума се планира да биде 10 милијарди евра. Ова финансирање трае до 2026 година.

Нема причина за загриженост. И други земји-членки, исто така, претходно побараа одложувања. Владата има доволно време да ја усвои законската рамка во грејс периодот. Нацрт-правната рамка е на консултација со јавноста и очекуваме да биде усвоена до март, изјавија претставници на Европската комисија

Австралискиот новинар Тони Џонс јавно им се извини на Ѓоковиќ и српските фанови

Австралискиот новинар Тони Џонс им се извини на Новак Ѓоковиќ и на фановите на Србинот за коментарите што ги даде на телевизија во петокот, а кои десеткратниот шампион на Австралија опен ги оцени како „навредливи“.

Ѓоковиќ одби да го даде своето вообичаено интервју на теренот по неговата победа во четвртото коло над Чехот Јиржи Лехечка во неделата, чекајќи јавно извинување од Џонс и официјалниот преносител на турнирот во Мелбурн, „Канал 9“.

Џонс се потсмеваше на Ѓоковиќ и српските навивачи кои се собраа пред кабината за пренос на „Канал 9“, велејќи дека 24-кратниот Гренд слем шампион е „преценет“ и „минато“.

Во денешното интервју за каналот, Џонс рече дека коментарите ги смета за „шега“ и веднаш му се извини на „штабот на Ѓоковиќ“ откако сфати дека тие не се прифатени со смисла за хумор.

-Се извинувам на Новак и на српските навивачи. Ние изградивме добри односи со српските навивачи со текот на годините... имаше мајтапење и мислев дека тоа што го правам е продолжение на тие шеги. Сосема е јасно дека ова не беше така протолкувано. Се чувствувам како да ги разочарав српските навивачи, прокоментира новинарот.

Џонс рече дека единствениот коментар за кој особено зажалил е „избркајте го“, што тој прифатил дека може да се толкува како упатување на депортацијата на Ѓоковиќ од Австралија затоа што не бил вакциниран против КОВИД-19 на почетокот на 2022 година.

-Тоа го налути Новак, што сега целосно го разбирам. Тоа беше непријатна ситуација, додаде тој.

Седмиот носител Ѓоковиќ во вторник во четвртфиналето игра против светскиот рекет број 3, Карлос Алкараз.

притисни ентер