Пендаровски: Потребни ни се блиски врски меѓу Македонија и дијаспората

Претседателот Стево Пендаровски за време на работната посета на САД вчера попладне во Чикаго, како почесен гостин, присуствуваше и се обрати на донаторска вечера „Патишта кон просперитет“ во организација на  „Македонија2025“.

На свеченоста, претседателот Пендаровски го одликуваше главниот извршен директор на Боинг, Дејвид Л. Калхун со Орден „8 Септември“, за неговиот особен и посветен придонес во развојот и унапредувањето на македонско-американските стратешки и деловни односи и за економскиот напредок на нашата земја.

Претседателот Пендаровски го врачи и признанието „Diaspora Recognition Awards 2023“, коешто Македонија 2025, под негово покровителство, им го додели на Стенли Томас и на Влатко Андоновски, во чест на нивните придонеси и достигнувања.

Во продолжение е интегралното обраќање на претседателот Пендаровски:

Почитувани организатори,

Почитувани гости,

Дами и господа,

Почитувани Македонки и Македонци,

Добра вечер!

Ми претставува особена чест и привилегија да бидам дел од вечерашнава вечера, во друштво на еминентни лидери и претставници на македонската дијаспора. Луѓе, кои не само што се успешни и почитувани членови на нивните заедници во САД и Канада, туку се и поединци кои вистински веруваат во Македонија, посветени пријатели и поддржувачи на вечната македонска кауза.

Организаторот на овој настан, „Македонија 2025,“ е една од водечките организации на македонската дијаспора, посветена на развојот и економскиот напредок на нашата татковина и нејзините граѓани уште од основањето во 2007 година. Со иницирањето и организацијата на овој настан тие уште еднаш ја потврдуваат нивната релевантност и визија за нашата подобра иднина.

А ова е далеку од единствен проект за нив. Освен бројните активности, вклучително и традиционалните годишни конференции, програмата за стипендирање на средношколци, Охридскиот камп за високо-технолошка извонредност во соработка со Кабинетот на претседателот кој успешно се одржува веќе три години, неодамна воспоставивме и по првпат го доделивме Признанието за особен придонес за истакнати членови на дијаспората. Наградата го вреднува исклучителниот придонес од страна на членови на македонската дијаспора во насока на зачувување и афирмација на македонските историски, културни и духовни традиции и вредности.

Вечерва, би сакал да го истакнам повторно она што го кажав при првото доделување на ова признание: потребни ни се организации и поединци кои придонесуваат во градењето на блиски и продуктивни врски помеѓу Македонија и нејзината дијаспора. Ова понекогаш значи и надминување на големите очекувања кои постојат и овде, но и кај сонародниците во татковината. Она што најпрво треба да го направиме е да ги оставиме настрана сентименталноста и емоциите, бидејќи она што ни е потребно е прагматизам.

Она што ни е потребно е ситуација во која сите сме победници, и оттука, наш заеднички потфат треба да биде отворање на патишта за што поблиска комуникација помеѓу нас, која цели кон нови иницијативи и инвестиции.

Почитувани пријатели,

Не е тајна дека живееме во турбулентни времиња. За жал, во изминатите неколку години бевме сведоци на разни кризи кои се хранеа една од друга, нарушувајќи ни ги мирот, благосостојбата и начинот на живеење, фрустрирајќи ги луѓето на сите континенти, понекогаш исправувајќи нѐ пред егзистенцијални предизвици. Тоа не е нешто својствено само за Македонија, Канада или САД - ова се прашања кои го засегаат човештвото.

Она што ни се случува се тектонски геополитички поместувања. Овој отворен и глобализиран свет се соочува со опасност која може лесно длабински да ги потресе неговите темели. Токму тоа беше и впечатокот кој многумина го споделија за време на Генералното собрание на Обединетите нации оваа година, каде јас ја изнесов македонската перспектива и начинот на кој сметам дека може да се олеснат негативните последици од глобалните превирања.

Мора да бидеме внимателни, мудро да ги користиме ресурсите кои ни се на располагање и да најдеме начин како да им помогнеме на најпогодените. Ова може да се постигне само преку емпатија, заедништво и солидарност. Да ги оставиме на страна за миг нашите лични амбиции и да одвоиме делче од нашето време за да придонесеме за доброто на нацијата.

На оваа донаторска вечера ги славиме македонската култура и традиција, уживајќи во македонска музика и кујна, опкружени со луѓе кои имаат мудрост, вештини и професионално искуство и секако, кои сакаат сето тоа да го споделат со нивните сонародници.

Вечерва, на некои од нив, со добра причина, ќе им биде доделено посебно признание за заслуги. Притоа, уште еднаш и од срце би сакал да кажам: навистина е привилегија да се биде во друштво на толку успешни луѓе од сферата на бизнисот, истакнати поединци и најважно, вистински патриоти. Уверен сум дека само преку следење на примерот на нашите големи лидери и заедничка работа, ќе можеме да придонесеме многу повеќе за многу понапредна Македонија.

Оптимист сум дека можеме да одиме подалеку од сите очекувања, но тоа може да се случи само преку искрена, поинтензивна и продуктивна соработка со секој од вас.

Почитувани пријатели,

Вечерва со нас е г. Дејвид Калхун, претседател и главен извршен директор на Боинг. Како симболичен гест на благодарност во име на сите македонски граѓани, би сакал да го одликувам со орденот „8 Септември“, едно од највисоките државни одликувања, како признание за неговиот непроценлив придонес во изградбата на македонско - американските деловни односи и поддршката за македонската економија. Знаете, со тек на време, некои професионални ангажмани одат подалеку од рамките на деловната комуникација и поставуваат силни темели за долгорочни пријателства.

Постои изрека која вели дека богатството на еден човек се мери во бројот на пријатели. Судејќи по ова, и покрај фактот што доаѓаме од мала држава, имаме многу големи пријатели кои нѐ охрабруваат да станеме подобри луѓе. Секако, се подразбира дека г. Дејвид Калхун е еден од нив, на што сме особено горди.

Мои драги Македонци, на самиот крај, дозволете ми да ви се заблагодарам за срдечната гостопримливост и да ви посакам многу здравје и радост. И секако, со зборовите на една стара македонска мудрост: „Македонки и Македонци, да даде Господ да се гледаме само за убави работи, да сте ми сите живи и здрави и здравје Боже, следниот пат да се видиме на изворот и коренот на македонштината, во Македонија!“

Украинскиот парламент го одобри клучниот закон за малцинствата

Пратеникот Јарослав Железниак на Телеграм објави дека пратениците гласале за конечно читање на предлог-законот за правата на малцинствата, имајќи ја предвид експертската оценка на Европскиот совет.

Украинскиот парламент денеска одобри три нацрт-закони потребни за почеток на преговорите за пристапување на Украина во Европската унија, вклучително и еден за правата на националните малцинства, експресно барање на Унгарија, која се противи на кандидатурата на Украина за ЕУ, соопштија официјални лица.

Пратеникот Јарослав Железниак на Телеграм објави дека пратениците гласале за конечно читање на предлог-законот за правата на малцинствата, имајќи ја предвид експертската оценка на Европскиот совет.

Будимпешта се судри со Киев поради, како што вели, ограничувањата на правата на етничките Унгарци во западна Украина, особено во образованието.

Останатите два усвоени нацрт-закони се однесуваат на зголемување на персоналот на Националното биро за антикорупција и давање дополнителни овластувања на Националната агенција за спречување на корупцијата во врска со инспекциите на имотот.

-Украинскиот парламент штотуку усвои три од четири закони со уставно мнозинство, идентификувани од Европската комисија како неопходни во нејзиниот извештај за проширувањето на ЕУ, рече вицепремиерката Олга Стефанишин во анексот.

Таа додаде дека четвртиот услов, закон за лобирање, бил одобрен од владата во вторникот.

Следната недела 27-те национални лидери на земјите од ЕУ треба да одлучат дали ќе ја прифатат препораката на Европската комисија за упатување покана до Киев за почеток на официјални преговори за членство во ЕУ. Сепак, секоја таква одлука бара едногласна поддршка.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан постојано изјавува дека неговата земја нема да го поддржи предлогот на Европската комисија во сегашната форма. /МИА

Џафери: Ми претставува голема чест доделената доверба

Талат Џафери ќе биде првиот премиер Албанец откако неговото име било предложено од првиот човек на ДУИ Али Ахмети, а одобрено од централното раководство на партијата кое одржа состанок во седиштето во Мала Речица.

Џафери ќе ја преземе функцијата кога техничката влада ќе стапи на сила во последните 100 дена од овој состав.

Вечерва во „Само Вистина“ дебатираа Сафет Бишевац и Алберт Муслиу

Бишевац: Зошто владата не најде сили да седне со експертите и ги слушне нивните ставови за Чебрен? Муслиу:Дали ние освен преговарачката рамка имаме друг услов за отворање на преговорите?

Бишевац: Зошто владата не најде сили да седне со експертите и ги слушне нивните ставови за Чебрен, ете парите од пакетот помош за граѓаните зошто не го инвестира во хидрицентралата? Тоа што го даваме водниот капацитет во рацете на странци не е добро. Ковачевски она што го демонстрираше изминатиот период ми дава за право да мислам дека не треба да го сфаќаме веќе толку сериозно. Двојните избори се добар потег за нормализирање на животот во општеството. Тоа што Ковачевски го трвди, земете го со резерва, неговото историско НЕ, траеше 3 дена, за францускиот или бугарскиот предлог. По извештајот на Холандскиот амбасадор, ние имаме и други пречки за ЕУ, во него се вели дека темнина е практично во оваа држава.

Муслиу: Ние даваме концесии, не даваме суверенитет. Зошто немаше експертска тематска дебата пред да дојде до потпишување, а не сега сите загрижени да прават трибини. Истаите тие требале да бидат поактивни пред две години. Двете декларации на бугарскиот парламент се различни, со втората се овозможи преговарачката рамка, која нема да ја отвориме бидејќи ни е услов за ЕУ. Дали ние освен преговарачката рамка имаме друг услов за отворање на преговорите? Тое дека ние не сме спремни за полноправно членство е причина поради која почнуваме преговори. Нашите политички елити не покажале капацитет поради лични или други причини за да го средат општеството.

притисни ентер