Пендаровски: Одлука за прогласување вонредна состојба, ако партиите се договорат за изборите

По повикот на лидерот на на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да се прогласи нова вонредна состојба, од кабинетот на шефот на државата Стево Пендаровски одговорија дека тоа е можно само ако има договор меѓу партиите за датумот за избори.

-Ставот на претседателот Стево Пендаровски и е познат на јавноста. Претседателот е подготвен да донесе нова одлука за прогласување на вонредна состојба на територијата на цела држава, само доколку претходно биде постигнат меѓупартиски договор на сите политички субјекти за датум на предвремените парламентарни избори, заради создавање на правна рамка за нивно непречено организирање и спроведување, велат од кабинетот за МИА.

Мицкоски на деншната прес-конференција го повика претседателот Пендаровски да ја продолжи вонредната состојба, нагласувајќи дека партијата има два услова да учествува на изборите – подготовка на протоколи за заштита на здравјето на граѓаните и услови за фер и демократски инклузивни избори, а тоа е распоредување на набљудувачкаа мисија на ОБСЕ/ОДИХР.

-Тоа значи дека првиот ден кога набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР ќе бидат во Македонија веднаш по одржаната нивна прес-конференција следниот ден нека биде првиот ден од нашата кампања и од тој прв ден да го утврдиме датумот кога ќе бидат одржани овие избори, рече Мицкоски, според кого, првата возможна дата е средината на месец јули./МИА

Изгоре Бугати на познат музичар, вредно 3 милиони долари (ВИДЕО)

Штетата е голема, а поправката ќе биде обемна и пеколно скапа.

На социјалните мрежи се шират снимки од црвено Бугати уништено во пожар, за кое се верува дека е во сопственост на познатиот музичар од Доминиканската Република, Емануел Ерера Батиста, познат под уметничкото име ЕЛ Алфа Ел Џефе.

Црвено-црниот Bugatti Chiron изгоре додека бил паркиран во гаража во Мајами. Двете снимки објавени на Инстаграм од supercar.fails јасно покажуваат колкава е штетата, но и дека огнот не го зафатил соседното црно Ферари.

На на Chiron ќе му треба нов преден капак, браник, тркала, возачка врата и стакло, како и сите делови што ќе останат црни од саѓите. Лесно е да се претпостави дека ќе биде многу поскапо да се поправи оштетувањето на деловите што не се видливи како резултат на изложеност на високите температури.

За среќа во несреќа, автомобилот не изгорел целосно, зашто некој го изгаснал со противпожарен апарат. Исто така, да кажеме дека се уште се трага по сторителот кој го подметнал пожарот.

Како изгледал овој автомобил вреден најмалку три милиони долари, може да се види во следното видео објавено пред неколку месеци. Ако се докаже дека е навистина тој автомобил, тогаш Ел Алфа нема да стане пешак. Имено, покрај Бугати, овој млад човек поседува и Ролс Ројс Кулинан во кој веќе доживеал напад со огнено оружје.

Борис Џонсон и неговата сопруга Кери го очекуваат второто дете

Британскиот премиер Борис Џонсон и неговата сопруга Кери очекуваат уште едно бебе, објавија денеска британските медиуми.

Нивното прво дете, синот Вилфред, се роди во април минатата година, објави Ројтерс.

Медиумите објавија дека Кери им напишала на своите пријатели на Инстаграм дека се чувствува „неверојатно благословена“ што е повторно бремена.

Хамилтон конечно дојде до пол позиција и шанса за стота победа

Британецот Луис Хамилтон (Мерцедес) беше најбрз во денешните квалификации за ГН на Унгарија, 11 -та трка на Светското првенство во Формула 1.

Неговиот тимски колега, Финецот Валтери Ботас, го имаше второто квалификациско време. Трет беше Холанѓанецот Макс Верстапен (Ред Бул), лидер во генералниот пласман, а четвртиот резултат го постигна Мексиканецот Серхио Перез (Ред Бул).

Во генералниот пласман, водечкиот Верстапен има 185 бодови, потоа Хамилтон со 177, додека на третото место е Британецот Ландо Норис (Мекларен) со 113 поени.

притисни ентер