Пендаровски на државна вечера во чест на претседателот на Германија, Франк-Валтер Штајнмаер

По повод официјалната посета на претседателот на Сојузна Република Германија, Франк Валтер Штајнмајер, беше приредена државна вечера, се наведува во соопштението од Кабинетот на претседателот. 

По повод официјалната посета на претседателот на Сојузна Република Германија, Франк Валтер Штајнмајер, беше приредена државна вечера, на која беа поканети претставници од државниот врв, пратеници, претставници од политичките партии, како и стопанственици од бизнис секторот коишто остваруваат економска соработка со германската држава. Воедно, на вечерата присуствуваа и претставници од граѓанското општество и поединци коишто имаат придонес во градење на македонско-германските образовни и културни врски во изминативе години.

Во рамки на свечената вечера, двајцата претседатели имаа протоколарни обраќања во чест на македонско-германското пријателство, соработката и заедничката европска иднина.

Во продолжение е обраќањето на претседателот Пендаровски:

Ваша Екселенцијо,

Драг пријателе,

Ми претставува особено задоволство бидејќи сум домаќин на Вашата прва официјална посета како претседател на Сојузна Република Германија на мојата држава, Македонија.

Како претседател, мојата прва билатерална посета по стапувањето на должноста во 2019 година, беше токму на Сојузна Република Германија, а од тогашната прва средба со Вас во Берлин во изминативе три и пол години во континуитет остваруваме интензивна комуникација која прерасна и во лично пријателство, што е од особена важност за мојата држава и за мене лично.

Германија е еден од најважните партнери на Македонија, а нашата интензивна соработка во многу области во изминатите децении е најдобар доказ за цврстите односи и пријателството меѓу нашите две држави. Идната година ќе одбележиме триесет години од воспоставувањето на дипломатските односи што е значаен јубилеј за мојата држава и основа за понатамошен развој на нашите односи.

Драг пријателе,

Живееме во турбулентно време во Европа и во светот. За жал, кога мислевме дека агресивната војна во Европа е дел од минатото оваа година се соочивме со брутална агресија врз една суверена држава во Европа од нејзиниот сосед. Нападот на Украина од страна на Руската Федерација не само што е флагрантно прекршување на меѓународното право, туку е и напад врз основните вредности на Европа што ги воспоставивме по завршувањето на Втората Светска Војна. Таквата политика нема никакво оправдување, а агресијата не смее да се релативизира ниту да се наоѓаат изговори за неа.

Овие случувања се најдобра потврда и значаен потсетник за важноста на европското единство и соработка во лицето на Европската Унија како уникатен мировен проект во новата светска историја. Исто така, тие се предупредување дека процесот на европската интеграција ќе биде комплетиран единствено кога сите демократски нации во Европа ќе бидат интегрирани во Европската Унија како најдобра гаранција дека мирот, демократијата, заштитата на човековите права и слободи, правната држава, економскиот просперитет и солидарноста ќе бидат основата врз која почива нашиот континент.

Оваа година мојата држава започна едно ново поглавје на патот на нашата интеграција во Европската Унија. Во тој контекст, Ви благодарам за силната и конзистентна поддршка од Вас лично и од СР Германија. Вие и германската држава сте едни од најсилните промотори и застапници за европската интеграција на Северна Македонија и на нашиот регион. Од суштинско значење за нас во овој сензитивен период е успешно завршување на првата скрининг фаза од процесот на преговори за да почнеме со следната фаза на конкретни преговори во рамките на кластерите и поглавјата. На тој пат, како и досега, ја очекуваме Вашата поддршка и поддршката на Германија во различните области од реформите што следат. Сакам да Ве уверам дека од наша страна посветено ќе ги исполнуваме преземените обврски и ќе бидеме доверлив партнер во овој процес.

Господине Претседателе, почитувани гости,

Денеска разговараме за прашања кои се од заеднички, но и од регионален и европски интерес. Во разговорите ја потврдивме посветеноста кон развојот на нашите севкупни односи како на политички план, така и во економската размена и инвестициите на кои сум особено горд. Германија е нашиот најголем економски партнер и еден од најзначајните инвеститори во нашата држава. Нашата економска соработка не се состои само во трговска размена туку и во пренесување на германската технологија и знаење што е од непроценлива важност за социоекономскиот развој на Македонија.

Нашите две држави остваруваат и интензивна соработка во сферите на образованието, науката и културата. Ние го користиме германскиот модел на дуално образование во реформата на нашето средно стручно образование, а голем број на студенти и наставен кадар од нашите универзитети учествуваат во програмите за академска размена меѓу нашите држави. Изучувањето на германскиот јазик е се попопуларно во нашата држава, а наш стратешки приоритет е промоцијата на македонскиот јазик на катедрите за славистика на германските универзитети. Конечно, нашите уметници и културни работници активно учествуваат во германските проекти за поддршка на културната соработка и размена.

Германија и Македонија постигнаа многу во развојот на билатералните односи во изминатите три децении. Денеска нашите две држави се партнери во НАТО, а се надевам дека во догледна иднина ќе бидеме и партнери во Европската Унија. Постигнатите резултати треба да ги негуваме, но и да имаме амбиции за уште поголема соработка во сите сфери од заемен интерес.

Господине Претседателе, почитувани гости,

Дозволете ми со оваа крената чаша да ве повикам да наздравиме во чест на македонско германското пријателство, соработката и заедничката европска иднина!

На здравје!

Охриѓани доследни на традицијата, со музика, топла ракија, плашици одбележан Денот на рибарите

Богојавленските празници во Охрид се меѓу најпочитуваните денови од православниот календар. 

И оваа година охриѓани се собраа на Сараиште за со песна, топла ракија, пржени плашици да го прослават празникот Собор на Свети Јовен Крстител, низ народот познат и како Денот на рибарите, како потсетување на традицијата на капење на рибарите на денот кога се означувал крајот на мрестот на пастрмката и почетокот на сезоната на стопански риболов.

Со оглед на забраната за риболов во поново време Денот на рибарите се одбележува со капење на православните верници од градот, секогаш предводени од тајфата на оној што ќе го фати Чесниот крст. Оваа, како и пред три години, тоа беше дружината на Мартин Гоџоски.

Организацијата на манифестацијата и за Денот на рибарите веќе неколку години е на Локалната самоуправа заедно со Дебарско-кичевската епархија, а во насока на нејзино збогатување што ги придонеле за што поголема масовност и посетеност на гости во градот за празникот Богојавленски водосвет.

Инаку, празнувањето на Богојавленскиот водосвет во Охрид е една од најмасовните црковно-верски манифестации во овој дел од православието, како според бројот посетители на чинот на осветувањето на водите на Охридското Езеро, така и по бројот верници и гости кои влегуваат во студените езерски води за да го фатат Светиот крст.

Артета губи уште еден клучен играч

Централниот дефанзивец на Арсенал, Вилијам Салиба е уште еден клучен играч за „топџиите“ кој заработи повреда. 

Французинот го пропушти натпреварот против Астон Вила поради истегнување, а на негово место во центарот на одбраната стартуваше Јирген Тимбер.

Сепак, сега е јасно дека тој ќе биде надвор од терените околу две недели.

Според „Мирор“, Салиба најверојатно нема да игра на три натпревари - двата во Лигата на шампионите, кои се против Динамо Загреб и Џирона, како и гостувањето кај Вулверхемптон во Премиер лигата.

Планот е да биде достапен за дербито со Манчестер Сити на 2 февруари.

По натпреварот со Астон Вила, менаџерот на Арсенал, Микел Артета призна дека е многу загрижен поради повредата на Салиба. Тогаш Шпанецот се уште немаше информации колку точно ќе отсуствува еден од столбовите на одбраната на тимот.

Сега, сепак, вестите не изгледаат толку лоши како што беа во случаите на Букајо Сака и Габриел Жесус.

Почина момчето кое доживеа струен удар додека се снимаше на вагон во Кисела Вода

Почина 17-годишното момче од скопско Волково, кое доживеа струен удар додека се снимаше на вагон на пруга во Кисела Вода на 16 јануари, потврдија од Клинички центар.

Пред две години, 17-годишна девојка, исто така, доживеа струен удар додека се снимаше на вагон во Маџари. Тогаш, девојката преживеа, но имаше изгореници од трет степен на 30 проценти од телото и помина месец дена на лекување во болница.

притисни ентер