Пендаровски го посети Националниот институт за ориентални јазици и цивилизации во Париз

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз го посети Националниот институт за ориентални јазици и цивилизации – ИНАЛКО.

Пендаровски денеска во Париз го посети Националниот институт за ориентални јазици и цивилизации – ИНАЛКО, каде што оствари средба со Жан-Франсоа Хуше, претседател на ИНАЛКО и средба со Фроса Пејоска-Бушеро, шеф на Катедрата за македонски студии при ИНАЛКО и Ѓоко Здравески, лектор по македонски јазик на институтот ИНАЛКО.

На средбата со Жан-Франсоа Хуше, претседателот на оваа реномирана јавна установа од научен, културен и стручен карактер, а којашто е под надзор на француското Министерство за високо образование, истражување и иновации, претседателот Пендаровски беше запознат со историјатот на ИНАЛКО кој е создаден во 1795 година, како наследник на Училиштето за oриентални јазици основано во 1669 година, како и за основните и применети специјализирани истражувања на Институтот и неговиот придонес како место за средба на светските култури и промоција на културната различност.

Соговорниците разменија мислења за иднината и позицијата од научна и стратешка перспектива на малите јазици, каде што спаѓа и македонскиот јазик и разговараа за пристапот на ИНАЛКО кој овозможува збогатена академска и културна размена и соработка меѓу Македонија и Франција.

Претседателот Пендаровски, изразувајќи задоволство од петдецениското опстојување и функционирање на Лекторатот по македонски јазик во рамките на ИНАЛКО, истакна дека е исклучително важно што македонските студии се прифатени во категоријата ретка научна дисциплина, која обезбедува стабилност во истражувањата и гарантира признавање, заштита и зачувување на македонистиката во ИНАЛКО, со неможност да се спои со други студии.

На средбата со Фроса Пејоска-Бушеро, шеф на Катедрата за македонски студии при ИНАЛКО. Ѓоко Здравески, лектор по македонски јазик на институтот ИНАЛКО, лектори и студенти, претседателот Пендаровски беше информиран за работата на првата професорска катедра по македонистика, основана надвор од нашата држава, како и за големиот јубилеј - половина век од отворањето на Лекторатот по македонски јазик и иницијативите за продлабочување на соработката и вложување во развојот на македонистиката во Франција.

Професорите информираа за непрекинатата 50-годишна работа на Лекторатот по македонски јазик, за соработката со Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, како и за зголемениот интерес за македонистиката на ИНАЛКО. За време на посетата на ИНАЛКО, претседателот Пендаровски се сретна и со професори, слависти, македонисти и студенти, кои ги споделија нивните впечатоци и искуства. Студентите се од цел свет, Конго, Грција, Албанија, Франција, но сите со една желба да го научат македонскиот јазик.

Посетата на претседателот Пендаровски на Националниот институт за ориентални јазици и цивилизации – ИНАЛКО во Париз претставува прва посета на македонски претседател на овој значаен Институт кој спроведува истражувачки проекти во повеќе од сто земји и остварува заедничка обука со странски универзитети и е референтен институт за обука и истражување на денешните јазици и цивилизации.

Претседателот Пендаровски престојува во работна посета на Париз, Француската Република, по повод одбележувањето на 100-годишнината од раѓањето на македонскиот поет Ацо Шопов и 30-годишнината од македонското членство во УНЕСКО, кадешто утре ќе се одржи меѓународен симпозиум во чест на Ацо Шопов, поетски перформанс и изложба, се наведува во соопштението..

Појавата на сплескана глава кај бебето може да се спречи со неколку прости чекори

Синдромот на сплескана глава или плагиокефалија се однесува на деформациите на главата на бебето што настануваат пред или по раѓањето поради надворешни влијанија врз неговата мека черепна структура. 

Тоа може да се спречи со неколку едноставни чекори.

Како прво, новороденчето не треба да спие на една страна цела ноќ. На секои два - три часа родителот треба да му ја менува положбата на бебето кое спие. Така притисокот не е само на една страна на главата.

И кога мајката го дои малечкото, или го храни со шише, исто така треба да се менува раката и страната на држење. Така се поттикнува бебето само да ја врти главата.

Бебињата треба да спијат на грб. Но, стручњаците препорачуваат - додека новороденчето е будно, да биде барем кусо време легнато на стомак.

Важно е, пред сѐ, да се напомене дека многу бебиња го надминуваат овој проблем кога ќе почнат да лазат или да седат. Истражување спроведено во Америка покажа дека речиси половина од бебињата на возраст меѓу седум и 12 недели имаат плагиокефалија, а 78 отсто од нив имаат благ облик од оваа деформација.

Ако сè уште сте загрижени, порталот „Кликс“ препорачува консултации се педијатар. Бебињата на кои им е дијагностицирана посериозен облик на плагиокефалија добиваат посебна капа за тоа. /МИА

Хашкиот суд му нареди на Израел да дозволи непречен проток на помош во Газа

Меѓународниот суд на правдата во Хаг му нареди на Израел да дозволи непречен проток на помош во Газа за да се спречи гладот во палестинската енклава.

Во едногласната одлука на највисокиот суд на Обединетите нации, беше речено дека Израел мора да дејствува без одлагање и да дозволи „обезбедување на итно потребните основни услуги и хуманитарна помош. Најпотребната помош вклучува храна, вода, електрична енергија, гориво, засолниште и облека, како и средства за хигиена и медицински материјали, пренесува Би-Би-Си. Израел обвинувањата дека земјата ја блокира помошта ги нарече „целосно неосновани“ и соопшти дека продолжува да промовира нови иницијативи за да овозможи континуиран проток на помош во газа по копно, воздух и море.

Фото: Не би можела да бидам со човек кој не заработува 10 000 евра месечно?!

Скандалозна изјава на сопруга на украински фудбалер, „Не би можела да бидам со човек кој не заработува 10 000 евра месечно“.

Сопругата на украинскиот фудбалски репрезенативец Александар Зубков, убавата Ани ја шокира јавноста со неодмерени.

Само ден по триумфот на Украинците над Исланд вреден пласман на ЕУРО 2024, јавноста повторно беше изненадена од убавата Ани.

На денот кога Украина го победи Исланд во бараж дуелот сексапилната Ани го прослави својот роденден.

За жал, нејзиниот сопруг Александар Зубков не доби шанса да игра против Исланд. Селекторот Сергеј Ребров го остави на клупата за резерви.

Крилниот напаѓач на Шахтјор има одлична сезона, одигра 19 натпревари во првенството на Украина, постигна четири гола и забележа пет асистенции.

Ана Зубкова го привлекува вниманието на украинските медиуми со своите неодмерени изјави, но и со својот изглед.

Ана Зубкова пред две години ги запали социјалните мрежи со следнава изјава:

- Не би можел да бидам со човек кој не заработува многу пари. Или премалку заработува. И што? Се прашувате која плата би била нормална за мојот човек? Да речеме 10 илјади евра.

Провокативната Ани потоа истакнала дека месечно само за себе и својот изглед троши околу 3000 евра.

Инаку Ана Зубкова работела како модел, додека не го запознала фудбалерот на Шахтјор. Таа позираше за украинското издание на „Плејбој“ и така стана многу позната во јавноста.

Сега таа редовно објавува жешки фотографии на социјалните мрежи и со тоа предизвикува реакција кај јавноста во Украина.

притисни ентер