НЛБ Банка како дел од регионална Групација која оперира на 6 различни пазари во рамки на регионот на Југоисточна Европа (Словенија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Северна Македонија и Србија), веќе четврта година по ред го реализира проектот „Рамка за помош“. Станува збор за иницијатива која има за цел да ги помогне и промовира иновативните проекти кои го подобруваат и збогатуваат нашето општество и овој пат решаваат предизвици како што се на пример: прекумерна употреба на дигитални технологии кај младите луѓе, врсничко насилство, кршење на човековите права, родова еднаквост, сиромаштија, како и предизвици поврзани со деменција и други болести на стареењето на населението.
Веќе четврта година НЛБ Банка успева да одржи континуитет во рамки на еден цел регион. Нивната порака е дека единствено заедно можеме да се справиме со клучните предизвици со кои се соочуваме во општеството, односно дека секој треба да соработува и активно да придонесе за решенија.
Во рамките на „Рамка за помош“, оваа година се даде одлична можност на оние кои работат за доброто на луѓето, односно беа избрани 10 финалисти од нашата земја, но и на секој поединечен пазар каде што работи НЛБ Групацијата, а секој од нив ќе биде награден со финансиска и комуникациска поддршка.
Потоа, регионалната комисија ќе избере 3 победници на проектот, од 60- те финалисти од Словенија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Македонија и Србија. Добитниците ќе бидат објавени на 9-ти мај 2024-та година во Љубљана, а ќе добијат значајна финансиска поддршка која ќе им овозможи полесно да ја реализираат својата визија и да почнат да ги менуваат општеството и светот на подобро.
Во продолжение, Ви го претставуваме Борче Стаменов од проектот “Донирај Компјутер”
Наша примарна цел е да ги зголемиме донациите што им ги даваме на децата без компјутер, бидејќи колку подолго одолговлекуваме, толку потешко ќе им биде на децата да стигнат и да бидат на исто ниво за понатамошно образование и евентуално вработување, а ние би сакале за да се спречи овие деца да завршат на социјална помош во нивните идни животи. За да го направиме тоа треба да обезбедиме услови за работа и поправка. Ова значи да се обезбедат доброволци кои ќе работат во поправка со полно работно време за да можат да го зголемат бројот на поправени компјутери неделно. Моментално користиме работилница на друга компанија како донација во Кавадарци, но би помогнало да имаме сопствена работилница и во Скопје. А за тоа ни требаат дополнителни средства. Од 2016 година досега, собрани се, поправени и донирани скоро 3000 компјутери низ цела Македонија.
Зошто е меѓу избраните?
Проектот кој се роди во пандемијата кога наставата се одвиваше онлајн и имаше за цел да обезбеди компјутер за секое дете, прераснува во платформа чија примарна цел е зголемување на донациите што им се даваат на децата без компјутер зарди ниски семејни примања и сл. Компјутерите се донираат, но апликацијата се однесува на поддршка на човечки капитал кој ќе работи на поправка компјутерите за донација, што значи дека со поддршката, освен што ќе се обезбеди сопствена работилница во Скопје, наместо доесгашната изнајмена во Кавадарци, ќе се оезбеди и работа за неколку лица.