Пендаровски: Без долгорочни мерки за заштита неповратно ќе ги изгубиме водните ресурси

Севкупниот развој на државата во голема мера зависи од квантитетот и квалитетот на нашите водни ресурси.

Доколку не превземеме долгорочни мерки за нивна заштита, многу лесно можеме неповратно да ги изгубиме, рече претседателот Стево Пендаровски во обраќањето на виртуелната конференција „Зелената агенда за Западен Балкан како поттик за заштита на водите во Република Македонија" во организација на Институтот за европска политика во соработка со Институтот за комуникациски студии, а во рамки на кампањата „Разбистри сѐ!".

Според некои проценки, рече претседателот Пендаровски, во државата се прочистуваат само околу 3 до 4 проценти од вкупното количество отпадни води од рударството и индустријата, а најголем дел од непрочистената вода се испушта директно во почвата, во реките, акумулациите, езерата и јавната канализација. Подеднакво сериозен проблем, според претседателот, е вадењето песок, чакал и камен од речните и езерските брегови и корита, што во отсуство на јасни критериуми и контролни механизми, како што рече, прераснува во de facto легализирано уништување на речните корита.

„Постојат неколку причини за ваквото неодржливо управување со водите. Прво, ниското ниво на јавна свест и лична совест. Се уште доминира сфаќањето дека водата е ресурс што може неограничено да се троши. Ваквиот недомаќински однос е особено загрижувачки ако имаме предвид дека 11 проценти од вкупниот број на индивидуални домаќинства во Северна Македонија сѐ уште немаат пристап до вода за пиење", рече претседателот Пендаровски.

Слаба алка во нашиот систем, според претседателот Пендаровски, е инспекцискиот надзор, кој оцени дека е нередовен и реактивен, поради законски недоречености и буџетски ограничувања.

„Поради овие наталожени системски недостатоци, надлежните институции со години наназад немаат реален увид во квалитетот и квантитетот на водите во Македонија. Не се знае точно со колку површинска и подземна вода располагаме. Не се знае колку вода се црпи и испушта за наводнување и одвод. А без јасни податоци тешко е да се носат долгорочни одржливи политики и регулативи. Во ваква нејасна состојба, носењето одговорност е исклучок што го потврдува правилото дека прекршителите најчесто не се казнети. Во таков случај, цената ја плаќаат природата и ние граѓаните", рече претседателот Пендаровски.

Според претседателот, климатските промени дополнително ги усложнуваат проблемите поради фактот што нашата држава се наоѓа во еден од климатски најранливите региони не само во Европа туку и во светот. Како особено загрижувачка ја посочи состојбата со Преспанското езеро.

„Доколку не превземеме долгорочни мерки за заштита на водните ресурси, многу лесно можеме неповратно да ги изгубиме. Затоа, проблемот со заштитата на водите не е дневнополитичко, туку егзистенцијално прашање", рече претседателот Пендаровски.

„За да се разбистри ситуацијата со заштитата на нашите води, на надлежните институции им се непходни прецизни, но и ажурирани податоци. Потребна е хармонизација со европското законодавство, но, тоа е полесниот дел, затоа што е поважна имплементацијата што подразбира и редовен и превентивен инспекциски надзор, кој навремено ќе го санкционира секој обид за профитирање на сметка на животната средина и граѓаните. Една работа треба да ни е јасна - ова не го правиме за Брисел. Ова го правиме за нас", рече претседателот.

Ова прашање, според претседателот, има и надворешно политичка димензија бидејќи вклучува и прекугранична соработка во управувањето со трите големи езера и големите реки што ги споделуваме со нашите соседи.

„Тоа значи дека заштитата на водите не е само внатрешно, туку и европско прашање. Зелената агенда е дел од Економскиот и инвестициски план за Западниот Балкан во вредност од 9 милијарди евра. Европската Унија е подготвена да поддржи проекти за одржливо, рационално и ефикасно користење на ресурсите. Верувам дека се уште имаме доволно внатрешен потенцијал за да го решиме ова прашање", рече претседателот Пендаровски во обраќањето на конференцијата.

Поради оштетување на 1000 прагови во прекин железничкиот сообраќај на релација Скопје-Битола

Најдоцна до петок ќе биде во прекин железничкиот сообраќај на релација Скопје-Битола, поради оштетување на околу 1000 прагови од пругата.

До оштетувањето дошло откако изминатите два дена избиле пожари во близина на селата Слепче и Тројкрсти, кај Прилеп, па сега ќе мора да се санира штетата.

Никола Марков, од Македонски железници-Инфраструктура верува дека проблемот ќе биде решен до предвидениот рок и нема да има негово пролонгирање.

„Бидејќи се работи на долга релација, нашите работници работат интензивно и сообраќајот ќе биде во прекин до петок. Може да се случи да биде и продолжен, се зависи од временските прилики и ситуацијата на лице место. Ние имаме резервни прагови, кои се за други намени, но поради овој вонреден случај, ќе бидат веднаш пренаменети“,изјави, Никола Марков, пом. директор на МЖ-Инфраструктура.

Дека пругата ќе биде оспособена за сообраќај веруваат и од Синдикатот на машиновозачи, затоа што како што велат, трпат штета сите учесници во овој сообраќај.

„Трпат и патниците, а трпи и нашето друштво МЖ Транспорт. Бидејќи, ние од превозот што го вршиме, земаме финансиски средства за плати, за трошоци околу фирмата.- Претседател на синдикат на машиновозачи, Тони Димковски.

Проблемот со изгорените прагови од пругите е само уште еден во низата кои го следат железничкиот сообраќај во Македонија веќе подолг период.

Последно, до почетокот на овој месец, машиновозачите од Македонски-железници Транспорт ја бојкотираа работата поради неисплатени плати. Потоа дојде до позитивен договор со претрпијатието и повлекување на суспензијата за 12 машиновозачи.

Ковачевски оптимист за уставните измени, без коментар за кавгата меѓу Мицкоски и Груевски

Премиерот Ковачевски не сака да ја коментира кавгата меѓу Мицкоски и Груевски и обвинувањата дека екс премиерот и помагал на власта за уставните измени, но вели дека останува оптимист за гласови во Собранието од опозиционери.

Премиерот Ковачевски не сака да ја коментира кавгата меѓу Мицкоски и Груевски и обвинувањата дека екс премиерот и помагал на власта за уставните измени, но вели дека останува оптимист за гласови во Собранието од опозиционери кои се залагаат за евроинтеграциите на Македонија.

Ковачевски верува и дека до февруари земјава може да го затвори првото поглавје од преговорите со ЕУ, доколку промената на уставот се случи до крајот на оваа година.

Наспроти оптимизмот на премиерот за двотретинско мнозинство, опозицискиот лидер Мицкоски и од партиски настан вчера повтори дека целата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ се изјаснила против промена на уставот, а уверува дека партијата е сплотена.

-ВМРО-ДПМНЕ драги браќа и сестри е силно и без внатрешни поделби. Обединето и сплотено. Фокусирано кон пад на оваа власт. А, тоа го покажува и бројката на 44 пратеници кои се гаранцијата дека нема да попушти браната против уставните измени кои значат прифаќање на надворешен диктат, наспроти поделената СДСМ и помалиот број на пратеници за уставни измени. Тука не треба да се заборави и фактот за дестабилизрината и поделна ДУИ. - Христијан Мицкоски – претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Додека Мицкоски го посочува Груевски како соработник на владејачките партии во обид да ја подели ВМРО-ДПМНЕ околу уставните измени, Груевски со контра напад – дека Мицкоски тајно соработувал со Заев. До пред година-две ВМРО-ДПМНЕ тврдеше дека Заев е нај корумпираниот политичар, предавник итн. Гледам сега се плашат името да му го спомнат. Со тој ли сега политички сојузници треба да бидеме? Уцена ли е во прашање? – пишува Груевски на фејсбук.

Трајанов: Ситуацијата е во критична фаза, ЕУ немоќна да ја разреши ситуацијата

Ситуацијата е во критична фаза, ЕУ немоќна да ја разреши ситуацијата, клучно е да не се рашири конфликтот.

Ситуацијата на Косово е во критична фаза по вина и на Белград и на Приштина, смета лидерот на Демократски сојуз и поранешен министер за внатрешни работи Павле Трајанов.

Тој цени дека Брисел нема механизам да ги натера да го спроведат договорот но клучно е вели тој конфликтот да не се прошири.

Целиот разговор на Михаела Димовска со првиот човек на Демократскиот сојуз Павле Трајанов погледнете го во видеото.

притисни ентер