Пецас: Би сакале сите балкански земји да промовираат европска агенда

Не би сакал да коментирам внатрешните прашања на една земја, како што се изборите, која и да е таа.

Би сакале земјите од Западен Балкан да ја промовираат европската агенда и разговорите за напредок во пристапните преговори со Европската униија, рече портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина, во однос на тоа што очекува Грција од новата влада кај нас, без разлика на составот.

– Не би сакал да коментирам внатрешните прашања на една земја, како што се изборите, која и да е таа. Но, од друга страна, она што би сакале, општо за земјите од Западен Балкан е да се промовира европската агенда и разговорите за напредок на пристапните преговори во Европската унија, бидејќи тоа е за доброто на народите на овие земји, но и во корист на Грција, рече Пецас.

Батлер чека вести за својата повреда: Немам добро чувство...

Бекот на Мајами, Џими Батлер, ќе биде подложен на магнетна резонанца на повреденото десно колено пред да гостува во Чикаго во меч од плеј-инот на НБА.

Конечната одлука нема да биде донесена додека не се прочитаат резултатите од тестовите, а Батлер би можел да пропушти барем неколку недели. Кошаркарот се повреди во првата четвртина од натпреварот против Филаделфија.

- Немам добро чувство, тоа е се што можам да кажам. Се надевам дека сум добро, коментираше Џими Батлер по натпреварот.

Агентот на Батлер, Берни Ли потврди за западните медиуми дека степенот на повредата се уште е нејасен.

Триесет и четири-годишниот бек имаше просек од 20,8 поени на 60 натпревари за Хит оваа сезона. /МИА

„Гответе со Дракче“ - Чаен колач

Во четврток (18.04.2024) во емисијата гостин ни беше Анета Љумаковска.

Состојки за денешниот рецепт:

3 јајца

2 банани

1 јаболко

1 лажиче мед

1 кесичка прашок за пециво

2 лажици интегрално брашно

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

притисни ентер