Пецаков: Со домаќинско, чесно и одговорно работење го подмиривме долгот во образованието

Денеска сме во Охрид, повторно, заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и презентираме сето она што во овој период се работи, а секако може да поразговараме и за сето она кое што ќе се работи.

Доста активности, доста работи кои што биле дел од нашата програма, има дел и ко што не биле дел од нашата програма. И секако она што претставуваат капитални проекти за Охрид, а во наредниот период ќе се случуваат и за кои што ќе треба да се гордееме сите, се при самиот крај за она што треба да претставуваат конзерваторски одобренија, одобренија за градба и така натаму.

Во моментов сме на улицата Ѓорче Петров, улица во вредност од околу 13 милиони денари, каде што имаме конкретна промена, односно нова атмосферска канализација, промена на водоводната линија за кои што со години создаваше проблеми кај луѓето, односно жителите на оваа улица, ново осветлување и секако нов асфалт. Целосна реконструкција од страна на буџетот на Општина Охрид.

Денеска ќе посетиме уште две локации кои што исто така преставуваат целосна реконструкција на улиците. Тоа е улицата „Марко Цепенков“ и продолжение на она што веќе го сработивме со улицата Момчило Јордановски. Веќе атмосферската канализација е поставена, следува уште тротоарите и секако асфалтирањето на истата.

Третата е улицата Пирин Планина, каде што имавме промена, односно поставување на нова водоводна линија. Дел од улицата немаше канализациона мрежа и таа е поставена и секако реконструкција, односно асфалт на самата улица.

Ќе презентираме и четири нови игралишта кои што ги направивме во овој период, а до крајот на годината, најголемиот дел од детските игралишта ќе бидат реконструирани и ќе имаме четири, вклучително со игралиштето во Велгошти, до крајот на годината мултифункционални игралишта.

На сето ова, кога ќе ги додадеме инвестициите во образованието и веќе при сам крај останува поставувањето на фотоволтаиции на средното економско училиште во Охрид, и со тоа ќе имаме тотална реконструкција на самото училиште. Веќе отпочнавме со припремите за средното училиште гимназија, ја менуваме првично оградата, потоа имаме партерно уредување со поставување на атлетска патека во самиот двор на училиштето и се префрламе внатре со уредување на подот, со варосување на самите на самите ѕидови, докомплетирање на она што треба да преставуваат нови клупи и столчиња. И секако, поставување на смарт табли, буквално во сите училници.

Со тоа, трите училишта кои што се под општина, ќе ги комплетираме и ќе бидат тотално нови до крајот на 2024. Со економското ќе завршиме оваа година, а гимназијата ќе биде 2024, тотално реконструирана и со тоа ги подобруваме условите на училиштата.

Овдека би сакал само една реченица да напоменам затоа што често сум споменуван, посебно од пратеничката Жаклина Лазаревска, како човек кој доаѓа од образованието, за тоа дека парите биле од владата и така натаму. Ако не знае пратеничката, многу порано е започнат процес на децентрализација на општините, кај што дел од средствата кои што се дотации за образование, се доделуваат на самите училишта. Е сега, зошто имаме средства? Ќе кажам една работа, кога дојдов градоначалник кажав долгот во образованието кој што е создаден и изнесува околу 22 милиони, на први септември ќе биде нула денари. Излегов на први септември, кажав дека е вратен долгот во сите училишта и тоа не беше од дотации, туку од домаќинско работење на самата општина. И кога веќе сме го завршиле тоа и работиме домаќински, чесно и одговорно имаме средства за инвестиции.

Уште побитна работа, кога дојдов за градоначалник, околу 50 милиони денари имавме на сметката за образование кои што не биле користени. А, тоа е затоа што работеле, не создавале проекти и не создавале нешто врз основа на кое што ќе може да се потрошат тие пари. Затоа ние ги завршивме сите тие работи, посебно средните училишта, а веќе при крај сме со уште три училишта со кои што ќе завршиме и до крајот на 2023 година ќе ги имаме реконструирано сите тоалети во основните училишта, веќе во средните се завршени.

Така да, генерално, условите ги подобруваме и тоа е само и само затоа што, фокусот мој лично како градоначалник, е подобрување на кого ако не на оние на кои што се најбитни за нас, а тоа се младите.

Кирил Пецаков, градоначалник на општина Охрид

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Страшо Ангеловски и Алберт Муслиу во „Само вистина“

Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Страшо Ангеловски и Алберт Муслиу

Потресна исповед на водителката на квизот „Слагалица“ (фото)

Шармантната водителка на Радио телевизија на Србија (РТС), Милица Гацин, беше вистинско освежување кога се приклучи на популарниот квиз „Слагалица“.

За нејзиниот живот со години ништо не беше познато освен тоа дека е мајка. Сепак, во едно од ретките интервјуа, Милица ја отвори душата и проговори за својата голема битка за здравјето што тивко ја водела.

Пред пораѓајот со својата помала ќерка, која сега има 14 г., на Милица ѝ бил дијагностициран бениген тумор. Иако многумина ја советувале да не го чепка, таа сепак го послушала докторот и по неколку години туморот се вратил.

Откако по втората операција го прашала докторот зошто ѝ се случува тоа, тој ѝ одговорил дека тоа се случува затоа што се нервира и како резултат на тоа доаѓа до хормонски дисбаланс, па нејзините гради реагирале така.

Приказната на Милица за „Глорија“, многумина ги освести дека здравјето е најважно и дека мора целосно да му се посветат. После тоа, водителката ги променила своите животни навики и сега води поздрав начин на живот. Со текот на годините успеала да се ослободи од сè што ѝ било токсично, вклучувајќи го и лошиот брак кој доживеал крах при првиот животен бродолом.

- На дваесет години не знаев апсолутно ништо, на триесет бев нешто попаметна, но и понатаму делував непромислено. И потоа, така вклопена во стереотипот, ужасно се трудев да му угодам на првото дете, на второто дете, на мојот сопруг. Не излегував од кујната со часови, со денови. Се трудев сè да биде совршено. И знаете што се случи? При првиот животен проблем се заврте и си замина. Рече: „Не можам повеќе вака, мене ми е тешко“ - изјави Милица за „Хело магазин“.

Водителката денеска живее исполнето, насмеана и среќна, грижејќи се за своето здравје, кариерата и ќерките.

Бен Афлек (50) беше главна тема на таблоидите по доделувањето на Греми наградите 2023

 Бен Афлек откри што му направила Џенифер Лопез на доделувањето на Греми наградите поради што медиумите нашироко разгласија дека се разведуваат!

Пред еден месец снимката од несреќниот Афлек на доделувањето на Греми наградите го обиколи светот, а медиумите шпекулираа дека тој се скарал со неговата сопруга Џенифер Лопез, која наводно го критикувала. Но, еве ја неговата вистина.

Познатиот холивудски актер Бен Афлек (50) беше главна тема на таблоидите по доделувањето на Греми наградите 2023. Како што се чинеше, камерата успеала да го улови непријатниот разговор помеѓу него и неговата сопруга Џенифер Лопез, па со денови се шпекулираше за што се расправале.

Афлек таа вечер изгледаше прилично несреќно и речиси незаинтересирано за сè што се случува околу него. Неговото „кисело“ лице го обиколи светот, па се шпекулираше дека сопругата го изнервирала и дека парот наводно се разведува иако сè уште не ја прославил првата годишнина од бракот.

Еден месец по тој настан, познатиот актер проговори за инцидентот и реши конечно да стави крај на сите шпекулации. Тој тврди дека не си поминал лошо на Греми наградите, а неговиот тажен лик бил поради тоа што водителот Тревор Ноа го фатил неспремен за скечот.

- Го видов Ноа како се приближува до нашата маса и си помислив: „О, Боже“! Бевме во кадар, а јас и шепнав на Џени: „Ако Тревор ни се приближи, ќе те оставам сама, да знаеш“- изјавил Афлек во интервјуто за Холивуд репортерс, а пренесува Њујорк пост.

А, еве што му шепнала сопругата, поради што многумина погрешно разбрале дека го критикува.

- Таа рече дека е подобро да не ни приоѓа. Останатото што се случи е наша лична работа, помеѓу мажот и жената, не разбирам зошто толку се зборува за сето ова - додаде популарниот актер.

Повеќето извори потврдија дека Афлек зад сцената бил одлично расположен, се смеел и се шегувал, иако на доделувањето на Греми наградите дошол само да ѝ прави друштво на својата сопруга која врачи една од наградите.

притисни ентер