Пецаков доби кривична од МВР, наместо во изолација, бил на Водици

СВР Охрид поднесе кривична пријава за градоначалникот Кирил Пецаков поради тоа што, како што се наведува во соопштението од МВР, не постапил според здравствените прописи за време на епидемија.

-Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ‘непостапување според здравствените прописи за време на епидемија’, СВР Охрид до надлежното Обвинителство поднесе кривична пријава против К.П.(37) и А.К.(37), двајцата од Охрид. Пријавените, на 19.01.2022 година се тестирале за дијагностицирање на корона вирус и, наместо во самоизолација, согласно одлуките за превентивни препораки за заштита на здравјето на населението од заразната болест, истиот ден, присуствувале на јавната верска манифестација по повод верскиот празник Богојавление-Водици 2022 година одржана во Охрид“, се наведува во соопштението од Министерството за внатрешни работи.

Вечерва во „Само вистина“ ќе дебатираат Ивона Талевска и Зоран Иванов

Драги сограѓани вечерва во Само Вистина, секој својата ќе ја говорат Ивона Талевска и Зоран Иванов.

Можни ли се предвремени парламентарни избори во октомври доколку не добиеме датум за ЕУ?

Што ќе донесе вечерашната средба на бугарскиот коалициски совет, го загубија ли Македонија и Бугарија патоказот за решение на спорот?

Ако СПЦ и МПЦ покажаа дека може да се реши историски полувековен проблем, ќе стигне ли наскоро и абер од Цариград?

Вечерва во Само Вистина со Ивона Талевска и Зоран Иванов, каде ако не, на Канал 5 Телевизија.

Од септември планирано зголемување на платите на универзитетските професори

Одговарајќи на новинарско прашање Ковачевски рече дека го видел писмото кое го имаат пратено од универзитетските професори и додаде дека контактираат бидејќи и тој е универзитетски професор.

Зголемувањето на платите на универзитетските професори веќе е планирано во Буџетот за од септември и тоа и во оригиналниот, а стои и во ребалансот на Буџетот, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски по одбележувањето на 65-та годишнина од пуштање во употреба на хидросистемот „Вруток".

Одговарајќи на новинарско прашање Ковачевски рече дека го видел писмото кое го имаат пратено од универзитетските професори и додаде дека контактираат бидејќи и тој е универзитетски професор.

– Точно е дека во целиот образовен сектор треба да се покачат платите и ако го погледнете буџетот тој од година во година се зголемува во однос на платите во високото образование, меѓутоа и инвестициите кои се прават и средствата кои се определуваат за образование и наука, рече Ковачевски.

Премиерот Ковачевски посочи дека треба да бидеме свесни дека имаме повеќе државни универзитети во земјава и сите да бидиме свесни дека се наоѓаме во време на голема економска криза.

– Верувам дека со професорите, со универзитетските професори ќе се изнајде решение бидејќи веќе во буџетот има планирно средства за зголемување на платите, додаде Ковачевски.

На одбележувањето на 65-та годишнина од пуштање во употреба на хидросистемот „Вруток" покрај премиерот Ковачевски присуствуваа министрите за економија Крешник Бектеши, за транспорт и врски Благој Бочварски и за локална самоуправа Горан Милевски и заменик-министерот за одбрана Башким Хасани.

Ќе се поедноставува постапката за поставување фотоволтаици

Во „Осломеј" е пуштена првата фотоволтаична централа од десет мегавати и таму веќе се во подготовка практично проектите за почеток на реализација на уште две по 50 мегавати фотоволтаични централи.

Премиерот Димитар Ковачевски денеска соопшти дека се работи на законско решение и подзаконски акти кои наскоро ќе се најдат пред пратениците во Собранието и кои ќе овозможат олеснета постапка и процедури за поставување фотоволтаици, идентични со оние во западноевропските држави.

– Во „Осломеј" е пуштена првата фотоволтаична централа од десет мегавати и таму веќе се во подготовка практично проектите за почеток на реализација на уште две по 50 мегавати фотоволтаични централи и уште една од 10 мегавати која ќе биде во сопственост на АД ЕСМ, а другите две по 50 ќе бидат на приватни инвеститори, едниот од Бугарија, едниот од Турција коишто на основа на јавно-приватно партнерство и ќе ги изградат на старите наоѓалишта во „Осломеј", изјави Ковачевски по одбележувањето на 65-та годишнина од пуштање во употреба на хидросистемот „Вруток", одговарајќи на новинарско прашање за инвестициите во фотоволатици.

Тој најави и дека се поедноставуваат постапките што ќе им овозможат на граѓаните да инсталираат фотоволтаични централи на своите покриви.

– Веќе е во изработка законско решение коешто прво треба да ги олесни градежните процедури за изработка на централа. И тоа законско решение ќе се најде пред пратениците во текот на следниот квартал, а второто е правилата за приклучување коишто исто така се во надлежност на Министерството за економија и на коишто се работи, при што ќе се обезбеди електричната енергија за разлика од сега да биде преземена од дистрибутерот, рече Ковачевски.

Министерството за финансии, како што најави, веќе работи на подзаконски акт за да може да се воведе категоријата на даночен застапник при што ќе се олесни на дистрибутерот на електрична енергија да може да ја презема и да издаде фактура за домаќинството коешто не е даночен обврзник.

– Со тие решенија како и со зголемување на постојниот капацитет од 4 киловати на 6 киловати, колку што е предлогот, како и дуплирање на капацитетот за компаниите коишто сакаат да стават на своите покриви, ќе се олесни постапката, односно ќе имаме постапка која што ќе биде идентична со постапката и процедурите во западноевропските држави каде што најголемиот број од нас имале можност да видат дека во најголемиот дел од покривите се инсталирани фотоволтаични централи иако ние како држава имаме многу подобра сончева инсулација за разлика од западноевропските држави, изјави Ковачевски.

притисни ентер