PayPal воведува плаќање со криптовалута

Американската компанија за дигитално плаќање PayPal Holdings денеска објави дека на клиентите ќе им понуди услуга за купување, продавање и чување биткоин и други виртуелни пари што исто така ќе можат да ги користат за плаќање во продавниците.

Носителите на сметки во САД ќе можат да купуваат, продаваат и чуваат криптовалути во своите паричници во PayPal веќе во наредните недели, а во првата половина на следната година PayPal има намера да ги понуди овие услуги на платформата за плаќање на мобилни телефони Venmo и во некои други земји.

PayPal веќе доби почетна, условена лиценца од одделот за финансиски услуги на државата Њујорк и првично ќе дозволи само купување на биткоини, етереум, биткоин готовина и литекоин, се вели во соопштението. Услугата ќе се обезбеди во соработка со Paxos Trust.

Од почетокот на 2021 година, корисниците на PayPal исто така ќе можат да плаќаат со криптовалути на 26 милиони трговци во мрежата на PayPal, објави американската компанија.

Плаќањата во крипто-валути на Paypal ќе бидат порамнети во утврдени валути, како што се долари, што значи дека трговците нема да добиваат плаќања во виртуелни пари, нагласи компанијата.

Вредноста на криптовалутите силно осцилира, што ги прави привлечни за шпекулантите, но многу помалку за трговците и купувачите. Трансакциите во моментов се побавни и поскапи отколку во конвенционалните платни системи, забележува Ројтерс.

PayPal има 346 милиони активни сметки ширум светот и ги обработува плаќањата во вкупна вредност од 222 милијарди долари во вториот квартал од оваа година.

,,Се надеваме дека услугите ќе ја зголемат глобалната употреба на виртуелните пари и имаме намера да ја подготвиме нашата мрежа за нови дигитални валути што би можеле да ги развиваат централните банки и корпорации, изјави претседателот и извршен директор Ден Шулман.

„Ние работиме со централните банки и размислуваме за сите форми на дигитални валути и потенцијалната улога на PayPal“, рече Шулман.

Многу централни банки најавија развој на дигитални верзии на домашните валути во наредните години, а во 2019 година Фејсбук го започна проектот крипто-валута либре. PayPal беше еден од основачите, но се откажа по неколку месеци.

Намалените давачки за увезените возила нема да влијаат врз загадувањето, велат од Владата

Намалените давачки за регистрација на возила со странски таблички нема да влијаат врз зголемување на загадувањето на воздухот бидејќи останува критериумот за увоз на стари возила со еуро 4 стандард, велат од Владата.

– Последната информација од Царинската управа е дека драстично е намален бројот на увезени стари возила, а наметнувањето на критериумот еуро 4 стандард е во насока дека нема простор старите возила на било каков начин да влијаат врз квалитетот на воздухот, истакна владиниот портпарол Душко Арсовски на денешната прес-конференција.

Предлог-законот што Владата го усвои вчера на седница, како што појасни Арсовски, е донесен на иницијатива на сопствениците на вакви возила, а во Буџетот како прилив се очекуваат околу 25 милиони евра.

Целта на Предлог-законот е да се регистрираат возилата со странски таблици со намалени давачки до 50 проценти од утврдената вредност на сите давачки кои се наплатуваат при увоз на возила од страна на надлежните државни органи. Одредбите од овој Предлог-закон се однесуваат на возила увезени до 1 октомври годинава со најмалку Еуро 4 стандард и ќе се применуваат за времетраење од една година. Предложеното законско решение, како што вчера соопшти Владата, е доставено на усвојување во Собранието./МИА

Зголемените надлежности на инспекциските служби даваат резултат, вели Филиповска-Грашкоска

Споредено со претходниот месец, се забележува намалување на прекршувањата на ковид протоколите кои произлегуваат од Законот за заштита на населението од заразни болести.

И покрај зголемениот број контроли во ноември сепак се детектирани помал број прекршувања на протколите со што се потврдува дека зголемените надлежности на инспекциските служби го даваат својот резултат при почитувањето на овие протоколи, рече претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска на денешната прес-конференција.

Споредено со претходниот месец, како што информира, се забележува намалување на прекршувањата на ковид протоколите кои произлегуваат од Законот за заштита на населението од заразни болести.

– За споредба во октомври кога инспекторите немаа надлежности да забрануваат вршење на дејност поради непочитување на ковид протоколите од вкупно извршени 6963 надзори и 6123 контроли беа изречени 37 кривични пријави против угостителски објекти кои не ги почитувале протколите, а во ноември по донесување на измените на законот констатирани се неправилности кај пет угостителски објекти, појасни Филиповска-Грашкоска.

Соопшти дека по скоро еден месец од стапувањето во сила на измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести од страна на инспекторите од шесте инспекциски служби се извршени 10274 контроли и 5149 надзори.

– Притоа согласно Законот за заштита на населението од заразни болести во ноември инспекторите имаат изречено осум прекршочни пријави, 16 платни налози, 30 решенија и донесени се 39 858 решенија за изолација на заболени лица од коронавирусот и лица кои биле во контакт со заболено лице, рече Филиповска-Грашкоска. /МИА

Во тек се девет вонредни инспекциски надзори за помлади пациенти кои починале од Ковид-19

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) спроведува девет вонредни инспекциски надзори за пациенти во помлада возраст, кои за жал ја загубија борбата со Ковид-19, информира директорката на инспекторатот, Иринка Сотирова Бухова.

Директораката на денешната прес-конференција посочи дека од почетокот на пандемијата до денес ДСЗИ иницираше и заврши 21 вонреден инспекциски надзор. За истите тие имаат поднесено иницирање на вонредни стручни надзори, кои не ги работи ДСЗИ, ги работи Министерството за здравство или лекарската комора.

Прашана дали имаат претставки од граѓаните по основ на несоодветно лекување од страна на лекарите, Бухова рече дека последниве неколку дена немаат добиено претставки.

-Во последните денови или недели немаме претставки од граѓаните по основ на несоодветно лекување од страна на докторите.Вонредни инспкециски андзори ги правиме по допрен глас, по иницијатива на ДСЗИ, по иницитјаитва на Министерството за здравство, рече Бухова во одговор на прашање.

Таа информира дека надзорот во клиничката болница во Битола по однос на акутелната случувања, е сеуште во тек.

-Тоа што можам да ви го кажам во однос на капацитетите од утринскиот почеток на надзорот, за истата болница е дека во тријажниот центар за ковид-19 и сите други респираторни инфекции битолската болница располага со 33 кревети од кои сабајле во утринските часови беа пополнети 68. Централен довод за кислород има за 50 кревети, за останатите има две големи и за секој останат по една помала боца, додаде Бухова./МИА

притисни ентер