Павловска: Битола ќе биде уште поубава !

Изјава на Јадранка Павловска, кандидат за советник од редовите на СДСМ Битола.

Битола ќе биде уште поубава ! И во центарот за градот, но и во руралните населени места со реализицијата на изборната програма на СДСМ и Христо Кондовски.

Заслужено внимание посветуваме на руралниот развој за што предвидуваме мерки кои ќе бидат насочени кон овозможување на современ и модерен начин на живот во овие средини. Приоритет е решавањето на инфраструктурните проблеми и создавање услови за поголем развој на руралниот и фармерски туризам. Реализацијата на овие проекти ќе се одвива во партнерство со централната власт, здруженијата, асоцијациите и фондациите. Посебен акцент ќе се стави на ИПАРД и ИПА-програмите што поддржуваат ваков тип развојни проекти.

Со проектот безбедни и функционална урбани и рурални населби предвидено е инфраструктурно, комунално и сообраќајно уредување на месните заедници, пред сѐ со обнова на коловозот. Согласно околностите во секое населено место, ќе бидат поставени пречки за смирување на сообраќајот во зоните на училиштата, уредување на зелени површини, како и простори за рекреација и детски паркови.

Ќе се надградува интегрираниот систем за управување со отпад, со замена на постојни контејнери, но и поставување на контејнери во руралните средини.

Спортските стадиони во руралните средини ќе бидат реконструирани.

Во изборната програма предвидуваме и активности за отворање клубови и здруженија на рурални жени. Со зголемувањето на бројот на жени кои се регистрирани како самостојни земјоделки ќе се зголемува и поддршката и стимулацијата за нив. Овој проект ќе се реализира во партнерство на општината со УСАИД и УНДП - програмите, со чија помош ќе се изврши опремување и адаптација на просториите во руралните населени места што се во сопственост на Општина Битола.

Со уредување на пристапните патишта до нивите од страна на општината ќе се реши уште еден голем проблем за земјоделците. Овој проект паралелно ќе се изведува со проектот за консолидација на земјиштето, а ќе биде помогнат и од Центарот за развој на пелагонискиот плански регион. Со реализација на двата проекта ќе се оптимизираат земјоделските имоти и ќе се воспостави неопходната пристапна инфраструктура, а, во исто време, ќе се заштити и животната средина.

Изборната програма на СДСМ и Христо Кондовски содржи проекти за сите категории граѓани во Општина Битола. Најдобра е бидејќи нуди решенија за проблемите на жителите на градот, но и на селата. Излези и гласај, заокружи 12 за Битола !

Видео: Стотици луѓе оделе голи по пустина во Израел

Стотици луѓе покриени само со бела боја оделе низ пустината во близина на Мртвото Море како дел од проектот на американскиот уметник Спенсер Туник, пишува Гардијан.

54-годишниот фотограф го посетил местото во јужен Израел како гостин на Министерството за туризам за по трет пат да го покаже повлекувањето на Мртвото Море, а инспириран бил од библиската приказна за сопругата на Лот која се претворила во столб од сол додека бегала од Содом.

„За мене, телото претставува убавина, живот и љубов“, рекол Туник, која досега организирал десетици фотографирања на голи луѓе.

Докторантката Ана Клејман за Гардијан изјавила дека се приклучила на снимањето за да ги освести луѓето за оваа еколошка криза.

„Навистина се чувствував природно кога се соблеков“. Откако ќе се соблечете, не сакате повторно да се облечете “,рекла таа.

Пред десет години, уметникот снимил над илјада модели на брегот на Мртвото Море, кое се повлекува за еден метар годишно.

Летот на Туник го платило израелското Министерство за туризам, а израелскиот град Арад ги покрил другите трошоци.

Градоначалникот Арад Бен Хамо смета дека проектот е „одраз на либералниот дух во неговиот град“ и се надева дека ова снимање ќе привлече посетители и на тој начин ќе собере средства за финансирање на нов музеј на Мртвото Море.

Видео: Со сопственото тело го штити автомобилот од град

Краткото видео во за рекорден временски период собра бројни симпатии.

Нема многу за што да се зборува. Бурата доаѓала, а сопственик на Тојотата немал подготвено засолниште. Така, тој одлучил да го заштити својот лимен миленик со она што го има до себе, ќебе, картон и сопственото тело.

Иако видеото трае само неколку секунди, секој малку поголем љубител на автомобили ќе го разбере овој гест.

За многумина, автомобилот е повеќе од лим и само превозно средство од точката А до точката Б.

И кога станува збор за автомобил како Тојота Супра, работите стануваат повеќе од јасни.

Станува збор четвртата генерација на моделот што се произведува до 1998 година, а дури и денес тоа е најбараната генерација на Супра и цените честопати се превисоки.

@jakemcgloin

When life doesn’t throw you lemons 😂#sydney #hail #badweather #covid #covid19

♬ Mad World - Michael Andrews

Убиец од Флорида бил пуштен порано од затвор а потоа усмртил жена со шрафцигер

Маж од Флорида, кој бил осуден во 1993 година за убиство на тинејџерка, признал дека избодел жена до смрт со шрафцигер, откако бил пуштен од затвор.

Ерик Пирсон (54) во саботата беше обвинет за убиство на Ерика Вердеција (33), чие тело било пронајдено во канал во близина на Форт Лодердејл.

Пирсон признал дека ја прободел жртвата со шрафцигер четири пати на 25 септември.

Тој бил пуштен од затвор минатиот септември, откако отслужил 27 години од 40 годишната казна, за задавување на Кристина Витакер (17), пишува „The New York Post“.

"Зошто го пуштија на улица? Зошто? Ќе плати овој пат. Нема да застанеме додека не го видиме на електричен стол", рекла мајката на Ерика, Кармен Вердеција.

Полицијата го поврзала Пирсон со исчезнувањето на Ерика откако пријателите рекле дека последен пат ја виделе во продавница со маж кој за себе рекол дека е убиец. Откако полицајците го прегледале камионот на Пирсон, во него пронашле траги од крв.

Ерика Вердеција била мајка на 6-годишна ќерка.

притисни ентер