Партиите ги зацврстуваат позициите пред стартот на преговорите за формирање на новата влада

Со официјалните и конечни резултати соопштени од Дик за тоа која партија колку пратеници има, започнуваат и преговорите формални и неформални за составување нова влада.

Можноста да биде повторно премиер ќе ја има Заев бидејќи неговата партија има освоено најмногу пратенички мандати односно 46 што според сите комбинаторики заедно со 15 пратеника на ДУИ би биле сосема доволни за формирање влада. Но предизборните изјави на СДСМ беа со порака дека ќе го пратат ДУИ во опозиција што остава мал простор за маневар во преговорите со ДУИ за нова заедничка влада. Во денешното соопштение партијата на Заев ги повикува сите пратеници да се приклучат.

-После илинденските празници почнува процесот на преговори за можна коалициска соработка.

Сите пратеници во наредниот парламентарен состав ќе имаат можност за да се приклучат на прогресивните сили предводени од СДСМ кои обезбедуваат успех, напредок и развој, поддржани од мнозинството граѓани и меѓународната заедница.

Според бројот на освоени пратеници СДСМ би можела да дојде до потребните 61 пратенички мандати и без пратениците на ДУИ но тој пат води преку алијанса за албанците , дпа и левица. Во вчерашното гостување на Апасиев во емисијата само интервју на Канал 5 порача дека за сега ниту една од двете најголеми партии не пристапила со конкретна понуда за коалиција.

Од опозициската ВМРО – ДПМНЕ, пак засега без детали за тоа какви се нивните планови за коалицирање и преговарање.

Дел од политичките аналитичари пак велат дека се оптимисти дека овој пат пред нас не се маратонски преговори за составување на новата влада. Алберт Муслиу очекува политички сенс за брзи договори во време на пандемија која предизвикува економска криза за која е неопходно формирање на влада која треба да носи анти кризни мерки.

Според утврдените рокови, првата седница на новото Собрание треба да се одржи на 4 август. По што претседателот на државата ќе има 10 дена да го додели мандатот за формирање Влада.

Видео: Стотици луѓе оделе голи по пустина во Израел

Стотици луѓе покриени само со бела боја оделе низ пустината во близина на Мртвото Море како дел од проектот на американскиот уметник Спенсер Туник, пишува Гардијан.

54-годишниот фотограф го посетил местото во јужен Израел како гостин на Министерството за туризам за по трет пат да го покаже повлекувањето на Мртвото Море, а инспириран бил од библиската приказна за сопругата на Лот која се претворила во столб од сол додека бегала од Содом.

„За мене, телото претставува убавина, живот и љубов“, рекол Туник, која досега организирал десетици фотографирања на голи луѓе.

Докторантката Ана Клејман за Гардијан изјавила дека се приклучила на снимањето за да ги освести луѓето за оваа еколошка криза.

„Навистина се чувствував природно кога се соблеков“. Откако ќе се соблечете, не сакате повторно да се облечете “,рекла таа.

Пред десет години, уметникот снимил над илјада модели на брегот на Мртвото Море, кое се повлекува за еден метар годишно.

Летот на Туник го платило израелското Министерство за туризам, а израелскиот град Арад ги покрил другите трошоци.

Градоначалникот Арад Бен Хамо смета дека проектот е „одраз на либералниот дух во неговиот град“ и се надева дека ова снимање ќе привлече посетители и на тој начин ќе собере средства за финансирање на нов музеј на Мртвото Море.

Видео: Со сопственото тело го штити автомобилот од град

Краткото видео во за рекорден временски период собра бројни симпатии.

Нема многу за што да се зборува. Бурата доаѓала, а сопственик на Тојотата немал подготвено засолниште. Така, тој одлучил да го заштити својот лимен миленик со она што го има до себе, ќебе, картон и сопственото тело.

Иако видеото трае само неколку секунди, секој малку поголем љубител на автомобили ќе го разбере овој гест.

За многумина, автомобилот е повеќе од лим и само превозно средство од точката А до точката Б.

И кога станува збор за автомобил како Тојота Супра, работите стануваат повеќе од јасни.

Станува збор четвртата генерација на моделот што се произведува до 1998 година, а дури и денес тоа е најбараната генерација на Супра и цените честопати се превисоки.

@jakemcgloin

When life doesn’t throw you lemons 😂#sydney #hail #badweather #covid #covid19

♬ Mad World - Michael Andrews

Убиец од Флорида бил пуштен порано од затвор а потоа усмртил жена со шрафцигер

Маж од Флорида, кој бил осуден во 1993 година за убиство на тинејџерка, признал дека избодел жена до смрт со шрафцигер, откако бил пуштен од затвор.

Ерик Пирсон (54) во саботата беше обвинет за убиство на Ерика Вердеција (33), чие тело било пронајдено во канал во близина на Форт Лодердејл.

Пирсон признал дека ја прободел жртвата со шрафцигер четири пати на 25 септември.

Тој бил пуштен од затвор минатиот септември, откако отслужил 27 години од 40 годишната казна, за задавување на Кристина Витакер (17), пишува „The New York Post“.

"Зошто го пуштија на улица? Зошто? Ќе плати овој пат. Нема да застанеме додека не го видиме на електричен стол", рекла мајката на Ерика, Кармен Вердеција.

Полицијата го поврзала Пирсон со исчезнувањето на Ерика откако пријателите рекле дека последен пат ја виделе во продавница со маж кој за себе рекол дека е убиец. Откако полицајците го прегледале камионот на Пирсон, во него пронашле траги од крв.

Ерика Вердеција била мајка на 6-годишна ќерка.

притисни ентер