Парламентот во Молдавија ги намалил овластувањата на претседателот, илјадници на протест

Пратениците од Молдавија усвоиле закон за намалување на претседателските овластувања, додека околу 5.000 приврзаници на новата проевропска претседателка Маја Санду протестираа во главниот град Кишињев.

Санду, која треба да ја преземе функцијата кон крајот на декември во малата поранешна советска република меѓу Украина и Романија, изненади со победата на претседателските избори над прорускиот кандидат Игор Додон.

Новиот закон ја пренесува контролата врз безбедносните служби (СИС) на пратениците, што Маја Санду и нејзините приврзаници го сметаат за начин да се намали улогата на претседателството во корист на парламентот, кој е под контрола на Додон.

Пратениците од опозицијата не учествувале на гласањето и извикувале „Срамота“ и „Доста е од мафијата“.

Донесени се уште неколку закони, вклучително и еден што му дава посебен статус на рускиот јазик и друг што ја укинува забраната за емитување вести од руските ТВ-канали.

Молдавија е поделена меѓу поддржувачите на приближувањето со Москва и оние кои се за европска интеграција, особено преку врските на земјата со соседна Романија.

Пред гласањето, околу 5.000 луѓе се собрале пред парламентот, извикувајќи „Долу предавниците“ барајќи распуштање на парламентот.

„Овој парламент е извалкан од корупција“, им рече Маја Санду на демонстрантите, повикувајќи го молдавското општество „да се обедини против заедничката закана“.

Доаѓањето на Санду на власт е удар за Русија, која сака да го задржи своето влијание во земјата и чија армија е распоредена во Приднестровје, проруска територија што се одвоила од Молдавија.

Москва отворено го поддржа противникот, актуелниот претседател Игор Додон.

Поранешната проевропска премиерка Маја Санду ја насочи својата кампања кон борбата против корупцијата во земја со 3,5 милиони жители, една од најсиромашните во Европа.

Пратеник од БиХ слушал турбо фолк за време на онлајн седница: Намали ја армониката (ВИДЕО)

Поради пандемијата, седниците на Претставничкиот дом на Парламентот на Босна и Херцеговина се одржуваат преку Интернет. За време на денешната сесија се случила невообичаена ситуација.

Имено, за време на гласањето за Предлог законот за „Швајцарец“, пратеникот Ифран Дуриќ гласно слушал музиката во позадина, односно песна од Халид Бешлиќ „Кога срцето бие од мерак”.

„Го молам Дуриќ да ја исклучи хармониката“, му рекол претседателот Мирсад Заимовиќ, што ги насмеало другите пратеници.

Инаку, ова не е прв пат политичарите во БиХ да не се однесуваат соодветно за време на онлајн сесиите. Така минатата година, пратеникот на СДА, Суад Какњо, заспа за време на седница.

Салма Хајек во бикини на 55 години доби половина милион лајкови за еден час (ФОТО)

Актерката Салма Хајек објави на Инстаграм две фотографии на кои позира во бикини, и покажа толку совршено тело што е тешко да се поверува дека е длабоко во педесеттите години.

На првата фотографија актерката позира во плитко миејќи си го лицето, а на втората медитира на песок.

„Треба да го зачуваме мирот“, напишала таа во описот.

Фотографиите добија скоро половина милион лајкови за помалку од еден час, а фановите ја опсипаа со комплименти.

„Божица“, „Убава како и секогаш“, „Ти си толку секси“, „Убавица“, беа некои од коментарите.

Инаку, Салма ќе наполни 55 години во септември оваа година.

Бербер бесплатно средил бездомник, никој не го препознава (ВИДЕО)

Барбер од Франција бесплатно ишишал и избричил бездомник, а неговиот нов изглед воодушеви многу корисници на социјалните мрежи.

Видеото објавено на TikTok од францускиот славен фризер Давид Кодат покажува маж пред и по неговото средување.

Снимката доби илјадници лајкови, а многумина коментираа дека човекот изгледа непрепознатливо.„Косата и брадата менуваат сè“, е еден од коментарите.„Ова толку многу го подмлади“, напишал друг.

Давид Кодат е познат француски фризер ,кој е сопственик на салон во Стразбур.

притисни ентер