Папата се расплака кога во обраќањето ја спомена Украина (ВИДЕО)

Папата Франциск се скрши и заплака кога ги спомна страдањата на Украинците за време на традиционалната молитва во центарот на Рим.

Гласот на папата почна да се тресе во моментот кога ги спомна Украинците, па мораше да паузира околу 30 секунди, бидејќи не можеше да го врати гласот. Кога продолжи да се моли, гласот му замолкна. Насобраните, меѓу кои и градоначалникот на Рим, Роберто Гуалтиери, кој беше веднаш до папата, аплаудираа кога сфатија дека папата не може да зборува и кога видоа дека плаче.

Фрањо се скрши за време на традиционалната молитва на Дева Марија во подножјето на статуата на празникот Пречиста, национален празник во Италија. „Безгрешна девице, денес би сакал да ви ја пренесам благодарноста на украинскиот народ“, рече тој пред да го совладаат емоциите и пред да престане.

Кога се прибра, продолжи: „Наместо тоа, морам уште еднаш да ви ги пренесам молбите на децата, постарите, татковците и мајките, младите од таа маченичка земја, која толку многу страда.

Откако Русија ја нападна соседната земја во февруари, Франциск ја споменува Украина во речиси сите свои јавни обраќања и е сè покритичен кон Москва.

Дива свиња ненадејно се стрча и нападна човек, му ја гризе ногата (ВИДЕО)

На платформата ItemFix се појави следното видео со порака дека е снимено во Кина.

Инцидентот се случил на 24 март кога од никаде се појавила дива свиња која нападнала постар човек.

Вепарите обично влегуваат во урбаните средини во потрага по храна и се многу опасни. Не само поради острите заби, туку и поради силниот загриз.

Гледаме како животното во неколку наврати го соборило на земја несреќниот човек, го гризнало по нозете и телото, но се чини дека немал сериозни повреди.

Единствениот начин човекот да се одбрани било да ја удри свињата со стап, што на крајот го спасило.

Се чини дека напаѓачот добил доволно удари по главата, па го напуштил „местото на злосторството“ и исчезнало во блиската шума.

Кралот Чарлс III ѝ се обрати на нацијата со Велигденска порака додека се лекува заедно со Кејт

Пораката на кралот Чарлс емитувана денеска по повод годишната служба на Велики четврток.

Аудио обраќањето на Чарлс беше емитувано на собранието во катедралата Ворчестер во негово отсуство, поради тековното лекување на ракот на монархот.

Тој им порача на сите „да ја подадат раката на пријателството“, што најверојатно ќе се толкува како одговор на нацијата на двојниот здравствен страв на монархијата.

„Актот на богослужба, овде во катедралата Ворчестер, ме потсетува на заклетвата што ја дадов на почетокот на моето крунисување, да го следам примерот на Христос „да не ми служат, туку да служат“, рече кралот.

„Тоа е она што секогаш се трудев да го правам и да го правам, со целото мое срце“, додаде тој.

Кралот дојде на тронот пред 18 месеци, а на почетокот на годината му беше дијагностициран рак, поради што е подложен на хемотерапија.

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на страт

После скоро една година блокада од страна на собраниската комисија за финасирање и буџет, Собранието, денес ги донесе измените во предлог Законот за стоковите резерви.

Со законските измени се овозможува оризот да се опфати како производ од исклучително значење за населението во Република Северна Македонија и се создаваат услови за негово чување како стоковни резерви во вид на оризова арпа.

Ваквите измени во законот за стоковите резерви следуваат, на иницијатива од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како дел од Националниот план за производство на храна и Националната Стратегија за земјоделството и руралниот развој за периодот 2021-2027 година, каде е предвидена мерка „Помош за складирање на производи“.

Целта на мерката е стабилизирање на пазарите во услови на пројавени вишоци на пазарот, преку охрабрување на операторите, привремено да ги чуваат своите производи наместо да ги продаваат на пазарот.

Во таа насока МЗШВ, уште во 2022 година, до Владата, достави Информација за засеани површини и остварено производство со оризова арпа во 2021 година и анализа на сегашните состојби со оризопроизводството.

Преку оваа Информација, која Владата ја усвои, предложивме оризот да биде вграден, како значајна култура, во Законот за стокови резерви. Министерството за финасии, пак, беше задолжено да изготви предлог измени во Законот за стоковите резерви.

Предложените измени во Законот до Собранието се доставени уште на почетокот на 2023 година и од тогаш, до денес, од неразбирливи причини, беа блокирани од страна на претседателот на собраниската комисија за финасирање и буџет.

Оризот, нашето бело злато, е традиционална житна култура во нашата држава. Нашата поддршка, како министерство кон оризопроизводителите, сме ја докажале на дело. За 300% се зголемени субвенциите за оризопроизводителите, а поддршка обезбедуваме и во набавка на специјализирани комбајни за жнеење на ориз и сушари за ориз. Бележиме добра цена на оризовата арпа, која достигнува и до 40 денари по килограм. Извозот, пак на ориз во 2023 година достигна вредост од над 7 милиони евра девизен прилив.

Нашата поддршка кон оризопроизводителите продолжува. Останува нејасно зошто беше потребна оваа блокада на Законот, кога истиот можеше да се донесе многу порано, а оризопроизводителите оваа сезона, со поголем мотив да ги посеаат своите полиња, сопштуваат од МЗШВ.

притисни ентер