Папата Франциск во историска посета на Македонија, пораки за мир, соживот и за поголема љубов кон бога и кон луѓето - Канал 5

Папата Франциск во историска посета на Македонија, пораки за мир, соживот и за поголема љубов кон бога и кон луѓето

Пораки за мир, соживот и за поголема љубов кон бога и кон луѓето, испрати папата Франциск, кој веќе 10 часа е во посета на земјава.

Папата Франциск во историска посета на Македонија,  пораки за мир, соживот и за поголема љубов кон бога и кон луѓето

Престојот во Скопје заокружи доцна попладнево во католичката црква и во секој момент треба да си замине од земјава.

Посетата на папата го следи Јован Ѓорговски.

Јован, централниот настан се одржа пред неколку часа на плоштадот Македонија, каде папата одржа миса.

Како изгледа плоштадот во моментов.

Целиот извештај погледнете го во видеото.

YouTube video

Во Јелоустоун е убиена црна мечка, која научила да зема храна од луѓето- прв таков случај по 5 години

Црна мечка која научила да се храни со луѓе е убиена во Националниот парк Јелоустоун по серија вознемирувачки инциденти кои „претставувале јасна закана за безбедноста на посетителите“, соопштија официјални лица.

Во Јелоустоун е убиена црна мечка, која научила да зема храна од луѓето- прв таков случај по 5 години

Службата за национални паркови во соопштението наведува дека мечката била убиена од страна на персоналот на Националниот парк Јелоустоун по „серија вознемирувачки инциденти во камп во зафрлена природа“ во северниот дел на паркот, објави денес ABC News.

Службениците изјавија дека ова е првата црна мечка убиена во Јелоустоун за пет години, а последниот таков случај бил во јули 2020 година, кога црна мечка била убиена откако повредила кампери и украла човечка храна во камп во зафрлена природа.

„Мечка здроби празен шатор во кампот на 7 јули. Неколку недели подоцна, на 11 јули, мечката се искачи на столб за складирање храна во кампот, ги искина правилно складираните кеси со храна и ја изеде храната на камперите“, соопшти Службата за национални паркови во соопштението.

Во соопштението се вели дека откако мечките ќе почнат да набавуваат човечка храна, „тие можат брзо да станат зависни од храната и може да се однесуваат агресивно или опасно во близина на луѓе, загрозувајќи ги и луѓето и дивиот свет“.

Упатствата на паркот бараат од камперите во оддалечените области да ја закачуваат храната на столб или да ја прицврстуваат во кутија во секое време, освен кога готват или јадат.

Почвата од Фукушима се преместува во дворот на јапонскиот премиер за да докаже дека не е контаминирана

Јапонските власти транспортираа контаминирана почва од префектурата Фукушима во дворот на премиерот Шигеру Ишиба во Токио, во обид да ги ублажат безбедносните загрижености околу нејзината употреба на јавни површини.

Почвата од Фукушима се преместува во дворот на јапонскиот премиер за да докаже дека не е контаминирана

Околу 20.000 кубни метри почва собрана за време на работата за деконтаминација во близина на нуклеарната централа Фукушима Даичи ќе биде распослана во слој дебел 60 сантиметри под тревникот на комплексот владини згради, соопшти Министерството за заштита на животната средина, објави Кјодо.

Почвата има ниска радиоактивност, која ќе биде покриена со дополнителен слој почва и постојано ќе се следи за нивоата на зрачење, пренесе Гардијан.

Ова е прв пат таква почва да се користи надвор од префектурата Фукушима. Владата се надева дека симболичниот чин ќе ја демонстрира безбедноста на користењето контаминирана почва со цел да се отстранат пречките за нејзина употреба низ целата земја - првенствено во инфраструктурни проекти.

Досега, ваквите планови се соочија со силен локален отпор, соопшти агенцијата. По нуклеарната катастрофа во 2011 година предизвикана од земјотрес и цунами, во Фукушима беа собрани вкупно 14,1 милиони кубни метри контаминирана почва.

Владата планира да ја премести почвата надвор од префектурата до март 2045 година. Според сегашните стандарди, почвата со радиоактивен цезиум под 8.000 бекерели на килограм може да се користи за градежни и инфраструктурни работи.

Во моментов, околу 75 проценти од складираната почва во Фукушима ги исполнува овие критериуми.

Силен пожар во близина на Желино, надлежните се сомневаат дека е подметнат

Силен пожар ја зафати планината Жеден кај Желино, а огнот се спушти и до автопатот Скопје-Тетово, каде во текот на денот беше забрането и движењето на автомобили во двата правци...  

Силен пожар во близина на Желино, надлежните се сомневаат дека е подметнат

Автопатот Скопје Тетово заради чадот од пожарот кај желино по краток период повторно беше пуштен за сообраќај. Плаемините јазици и густиот чад од мешаната шума која гори помеѓу Желино Еребино и Грипчин се гаснеше од земја но и од воздух со армискиот хеликоптер.

Пожарот кој попладне во изби кај Желино според информациите од тетовските пожарникари бил подметнат со запалени гуми кои се тркалале од ридот а мвр работи на расветлување на овој случај.

Шуми горат во 4 општини а Хеликоптерот на МВР со направени 60 налети врз пожарот во село Нивичино во струмичката општина Василево, каде што гори нискостеблеста шума. Како што соопшти МВР, хеликоптерскта единица од воздух исфрлила повеќе од 80 тони вода со цел да се спречи ширењето на огнената стихија и да се овозможи полесно гасење од теренот а денес во гаснењето е вклучен и уште еден халикоптер на АРМ. Но и покрај интензивните напори, пожарот сè уште е активен.

Исто така пожари кои што сè уште бараат засилена интервенција се оние во Македонски Брод, Прилеп каде два ер трактора се вклучени денеска во гаснењето. Пожарот кај велешките села Џидимици и Иванковци повторно се разгорел и таму се испратени екипи за гаснење на неколкуте краци од овој пожар.

Изгаснат е пожарот , во Дојран кај село Николиќ, депонијата кај Демир Хисар и оној кај Локвица во Македонски брод. По три пожари се изгаснати во општините Ранковце и Куманово и два во општина Липково.

Изгаснати се пожарите и во општините Старо Нагоричане, Кратово, Јегуновце, Теарце, Тетово, Свети Николе, Битола, Карбинци, Штип, Делчево, Росоман. Во општина Аеродром изгаснат е пожарот на улица „Гаврил Константиновиќ“,во општина Гази Баба – кај стрелиште Камник, во општина Сарај – крај Вардар, а во општина Бутел изгаснат е пожарот во населбата Визбегово. Во општина Ѓорче Петров се изгаснати два пожара, како и пожарот во општина Илинден, кај индустриската зона.

Пожарите продолжуваат да се појавуваат насека низ државата, но засега со брзите интервенции голем дел бргу се гасат.

Според информациите од Центарот за управување со кризи (ЦУК), во изминатото деноноѓие низ целата земја се регистрирани вкупно 30 пожари на отворен простор. Од нив, шест се во активна фаза, а три се под контрола.

YouTube video

притисни ентер