Папата Франциск доби признание од Иванов и Школата за млади лидери

Поранешниот претседател на државата од 2009 до 2019 година, д-р Ѓорге Иванов, денеска присуствувал на генералната аудиенција на Папата Франциск, што се одржа на плоштадот Св. Петар во Ватикан.

Повод за посетата на Ватикан и присуството на аудиенцијата, соопштија од Кабинетот на Иванов, е врачувањето на признанието „Морален лидер на денешнината'’ на Неговата Светост Папата Франциск од страна на Школата за млади лидери на Претседателот Иванов.

Минатата година, за време на 13. Школа за млади лидери на претседателот Иванов која се одржа во периодот 16-30.09.2022 година на тема „Морално лидерство“, Школата за млади лидери одлучила да му додели признание на Неговата Светост, Папата Франциск, за морален лидер на денешнината.

По завршувањето на 13. Школа за млади лидери, на иницијатива на Католичката црква во Република Македонија, било договорено присуство на генералната аудиенција на Папата Франциск на 29 март 2023 година и врачување на признанието лично од претседателот Иванов на Неговата Светост.

- Папата Франциск му се заблагодари на Претседателот Иванов за признанието и истакна дека се уште му се свежи импресиите и срдечниот прием при посетата на Македонија на која домаќин беше претседателот Иванов. Воедно, Папата Франциск упати поздрави до Македонија и македонскиот народ, стои во соопштението.

Во придружба на Претседателот Иванов и неговиот Кабинет, Бискупот Киро Стојанов од Католичката црква во Република Македонија, присуствувале и претставници на Алумни Асоцијацијата на Школата ИСЛАА, како и пријатели и поддржувачи на Школата за млади лидери.

Нападната база на проиранските милиции во Ирак, САД и Израел негираат вмешаност

ПМФ веднаш ги обвини Американците за нападот, кои исто толку брзо одговорија дека „коалициските сили во Ирак немаат никаква врска со оваа акција“.

Серија експлозии го разнеле штабот на Народниот фронт за мобилизација (ПМФ) на 50 километри јужно од ирачкиот главен град Багдад, само неколку часа откако припадници на проиранските милиции лансирале беспилотни летала кон израелската воздухопловна база во близина на Елиат.

Според првичните информации што ги објавија медиумите во Ирак, најмалку еден член на Народниот фронт за мобилизација, проиранска милиција која е дел од ирачките вооружени сили, е убиен, а десетина биле ранети во нападот на неидентификувани авиони врз базата во близина на Багдад.

ПМФ веднаш ги обвини Американците за нападот, кои исто толку брзо одговорија дека „коалициските сили во Ирак немаат никаква врска со оваа акција“.

И израелските власти негираат дека стојат за нападот, но офицери на ирачките воздухопловни сили изјавиле дека авионот, кој истрела проектили врз базата на проиранската милиција, најверојатно летал од правец на Јордан.

Израел вчера изврши напад на иранска територија, неколку дена откако Иран го нападна Израел со беспилотни летала и проектили кои главно беа пресретнати и уништени.

Техеран, пак, објави дека воената база во Исфахан била нападната со беспилотни летала лансирани од локација во Иран, поради што нема намера да изврши нов одмазднички напад против Израел.

САД, кои се обидуваат да ги убедат двете страни да го запрат бранот одмазднички напади, по израелската акција во Иран, оценија дека таквите операции завршиле. /МИА

Алегри по ремито со Каљари: На полувремето требаше сите да бидат сменети, вклучително и јас

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри се осврна на синоќешниот натпреварот со Каљари на којшто неговиот тим се спасуваше од пораз.

Средбата од 33. коло во Серија А заврши 2:2, а Јувентус изедначи во последните минути со автогол на Алберто Досена.

- Пропуштивме седум контранапади и постојано грешивме. Требаше да се бориме, но не влеговме во дуел-игра и ја направивме секоја можна грешка од технички аспект. Во вториот дел играта се промени и се подобривме. Не можете да му го дозволите на противникот таков почетокот на натпреварот на противникот. Примивме два гола. Секогаш е тешко да се игра и да се победи во Каљари. Фудбалот е тежок спорт кој се состои од дуели. Моравме да бидеме на нивното ниво, можеби да играме потехнички.

На полувреме мораше сите да бидат заменети, вклучително и јас. Сега ни преостанува борбата за место кое обезбедува пласман во Лигата на шампионите. Што се однесува до купот, мислам дека со една нога сме во финалето, рече Алегри.

На 23 април торинскиот тим ќе игра со Лацио во реваншот од полуфиналето на Купот на Италија. Првиот натпревар заврши со резултат 2:0 во корист на Јувентус.

На табелата во Серија А, Јувентус е трет со 64 бодови. Пред него се Милан со 69 и Интер со 83. /МИА

Хуманитарен настан за лекување на Кара Селовска

Општина Центар во сабота во Паркот на Франкофонија организира музички хепенинг за собирање средства за лекување на 12-годишната Кара Селовска, која се лекува во Барселона.

Настанот е во организација на сите осум основни училишта на подрачјето на општина Центар и со поддршка на Општина Центар.

Кара е ученичка во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ во Општина Центар, а поради сериозни компликации во моментот е хоспитализирана на клиниката во Барселона поради дијагностицирање на нејзината болест.

- Ова е втора акција која Општина Центар ја организира за собирање средства за лекување. Претходно, пензионерите од Центар организираа аукција на слики преку која собираа донации за Кара, информираат од Општината.

притисни ентер