Папата Франциск: Човештвото е на пат кон самоуништување

Во пораката за Денот на планетата Земја, папата Франциск рече дека светот е на работ и дека човештвото мора да го избегне патот на самоуништувањето.

Папата од неговиот избор во 2013 година неколку пати зборуваше за потребата од заштита на животната средина, а денеска објави две видео пораки, едната за Денот на планетата Земја, а другата за самитот за климатски промени, чиј домаќин беше американскиот претседател Џо Бајден.

"Сега е време да се дејствува. Ние сме на работ", рече католичкиот лидер, кој го поддржува заклучокот на научниците дека глобалното затоплување делумно е предизвикано од човекот.

Зборувајќи за комбинацијата на пандемија на коронавирус и последиците од климатските промени, Папата истакна дека треба да се почитува природата затоа што повеќе нема да ни простува.

"Кога ќе започне уништувањето на природата, тешко е да се запре. Но, ние сè уште имаме време и ќе бидеме поотпорни ако работиме заедно, а не сами. Кризата не излезе иста, ќе бидеме или подобри или полоши Тоа е предизвик и ако не излеземе со подобро, ќе одиме по патот на самоуништување “, предупреди Папата.

Тој исто така рече дека сега е време за иновации и креативни решенија, затоа ги повика политичките лидери да дејствуваат смело и праведно. Во пораката за климатскиот самит, тој рече дека луѓето треба да се грижат за природата за таа да се грижи за нас.

Настанот, чиј домаќин е Бајден, кој треба да ги врати Соединетите држави на позицијата светски лидер во борбата против климатските промени откако поранешниот претседател Доналд Трамп го напушти Парискиот договор за клима, беше прогласен за прекрасен од папата. Тој го критикуваше Трамп за напуштањето на тој глобален договор за борба против климатските промени и ја поздрави одлуката на Вашингтон под новата влада на Бајден да се врати на договорот.

Вратен и третиот мандат за формирање влада, следат нови избори во Бугарија

Мандатот што и беше врачен на ИТН беше последна шанса за формирање на редовна влада во рамките на Народното собрание, јавува Бугарското радио.

Претставниците на партијата „Има таков народ“ (ИТН) денеска на бугарскиот претседател Румен Радев му го вратија третиот и последен мандат за состав на влада, што тој им го врачи, со што се отвора патот за закажување на вонредни парламентарни избори.

Мандатот што и беше врачен на ИТН беше последна шанса за формирање на редовна влада во рамките на Народното собрание, јавува Бугарското радио.

Претседателот Радев сега мора да одреди датум за предвремени парламентарни избори, откако три мандати за формирање влада му беа вратени.

Кина официјално ги укина царините за австралиското вино

Кинеското Министерство за трговија денеска соопшти дека ги укина тарифите за австралиското вино кои важеа повеќе од три години.

Одлуката за укинување на царините стапува на сила утре, се вели во соопштението на кинеското Министерство.

Кина воведе тарифи за австралиското вино во 2020 година за време на дипломатски препирки меѓу Канбера и Пекинг, а во еден момент тие нагло се зголемија над 200 отсто.

Австралиските производители на вино со тоа беа тешко погодени бидејќи Кина беше најголемата извозна дестинација на Австралија.

Во 2020 година, Пекинг воведе серија санкции за австралиските стоки, за кои се проценува дека ја чинеле австралиската економија повеќе од 12 милијарди евра.

Повеќето од гореспоменатите санкции оттогаш се укинати бидејќи односите меѓу двете земји се подобрија.

Кривична пријава за узурпација на земјиште кај цветен пазар зад поликлиниката Бит пазар

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.Р. (62) од Скопје и против правно лице од Скопје за сторено кривично дело  „узурпација на недвижности“, соопшти МВР.

А.Р. како сопственик и управител на второпријавеното правно лице, подолг временски период противправно завладеал имот сопственост на државата и го ставил во владение на своето правно лице. А.Р. имотот кој се наоѓа веднаш до цветниот пазар позади поликлиниката Бит Пазар во Скопје, кој претставува градежно неизградено земјиште во општа употреба во сопственост на државата, противзаконски го оградил со наплатна рампа и куќарка за наплата на влез-излез и за секој влез- излез наплаќал соодветен паричен надомест. На тој начин го оневозможил слободното движење и користење на просторот од страна на граѓаните и институциите.

притисни ентер