Папајоану: Се надеваме дека набргу ќе се свика првата меѓувладина конференција ЕУ-Македонија

Грција ја подджува интеграцијата на Македонија во Европската Унија.

Надеж дека набргу ќе свика првата меѓувладина конференција ЕУ – Македонија, како и поддршка за европската перспектива на нашата земја, но и на останатите од регионот, изрази портпаролот на грчкото МНР Александрос Папајоану на денешниот брифинг со новинарите, јави дописничката на МИА од Атина.

Додаде дека интеграцијата на Западен Балкан, за Атина, е пат во една насока, бидејќи е „во интерес на стабилноста, безбедноста и просперитетот, како на регионот, така и на Грција".

-Грција ја подджува интеграцијата на Македонија во Европската Унија, со исполнување на познатите услови и се надева дека најбргу што може ќе се свика првата меѓувладина конференција ЕУ- Македонија. Би сакал да истакнам дека континуирано и интензивно работиме, заедно со други земји членки на Унијата, како што се Романија, поранешната земја претседавач Португалија и сегашната земја претседавач Словенија за зајакнување на европската перспектива на Западен Балкан, истакна Папајоану.

На прашањето на дописничката на МИА од Атина, за детали околу овие активности и дали во овој контекст се планирани конкретни иницијативи, портпаролот на грчкото МНР, објасни дека Грција, лани во јануари го покренала прашањето Западен Балкан одново да се најде на агендата на Унијата, додавајќи дека во мај првпат се дискутираше по пауза од една-една и пол година и сега со словенечкото претседателство одново било потенцирано конкретното прашање во пресрет на Самитот ЕУ-Западен Балкан.

-И за време на посетата на Макдонија, Дендиас, јасно повтори дека ја поддржуваме европската перспектива. Тоа беше едно од основните теми за кои Дендиас разговараше со сите негови соговорници во Скопје. Секако, рековме дека ние сме подготвени да продолжиме да ѝ помагаме и ѝ да нудиме на Македонија било каква техничка помош во нејзината европска перспектива. Ова е нешто што со задоволство беше прифатено од Македонија. Им рековме дека сме на ваша страна, сакаме да ви помогнеме, да продолжиме со помошта, која е од 2012 година, рече Папајоану.

Говорејќи за посетата на шефот на грчката дипломатија на Скопје, портпаролот на Министерството за надворешни работи на Грција рече дека станало збор како за билатералните односи, така и за Договорот од Преспа.

-Во Скопје, детално беа разгледани билатералните односи во целина, како и перспективите за нивно дополнително зајакнување. Секако од грчка страна беше потенцирано дека целосното, доследното и со добра волја спроведување на Договорот од Преспа е неопходен предуслов, како за зајакнување билатералните односи, така и на европската перспектива на земјата, истакна Папајоану.

Денешниот брифинг во грчкото МНР беше прв со физичко присуство на акредитираните новинари и странски дописници по пауза од неколку месеци. /МИА

Средба на министерот Бесими со Матуела и Худолин од ЕУ

Дизајнирањето на макроекономските политики и мерките за поддршка на стопанството клучни за остварување забрзан раст.

Дизајнирањето на макроекономските политики, јавните финансии, структурните реформи, како и поддршката што ја дава Владата на стопанството за справување со пандемијата, како и зелената и дигиталната трансформација, беше тема на дискусија помеѓу министерот за финансии Фатмир Бесими и Мишела Матуела, директор на Директоратот за проширување и соседска политика и Штефан Худолин, раководител за соработка во Делегацијата на ЕУ.

„Македонија е посветена на остварување економски раст и опоравување од пандемијата, со фокус на остварување подобар раст што би значело – зелен, дигитален, паметен, забрзан, инклузивен и одржлив раст. Планот за финансирање забрзан раст на којшто работиме има за цел да овозможи забрзан одржлив раст притоа одржувајќи финансиска стабилност преку мобилизирање капитал од приватниот сектор како дополнување на средствата од Буџетот", потенцира министерот.

На состанокот се дискутираше и за Законот за буџети, за реформата за унапредување на фискалната децентрализација којшто се подготвува во рамки на Министерството за финансии, како и за реализацијата на проектите што се финансирани од инструментот ИПА.

Во однос на преземените мерки за справување со пандемијата, Бесими истакна дека се имплементирани 6 пакети во вкупен износ од 1 милијарда и 180 милиони евра.

„Македонија се водеше од пристапот „сѐ што е потребно" – првично, финансирањето беше предизвик, но подоцна ни беа доделени меѓународни средства. Во 2021 година, беа имплементирани 2 дополнителни пакета во вкупен износ од околу 180 милиони евра, во кои беа вклучени не само интервентни мерки, туку и мерки за поддршка на закрепнувањето и растот, со потаргетиран пристап, воедно фокусирајќи се и на компаниите со добри перформанси со цел поддршка на инвестициите. Во моментов, сите показатели (раст на БДП, буџетски приходи, трговска размена, итн.) укажуваат на заздравување на економијата", потенцира Бесими.

Притоа тој нагласи дека и понатаму внимателно се следат случувањата.

„Свесни за предизвиците, продолжуваме со поддршка преку потаргетирани мерки, што се поориентирани кон пазарот, притоа фокусирајќи се на фискалната консолидација на среден рок. Политиките на Македонија ги следат овие насоки", рече Бесими.

Во пожар кај Струмица гореа стари гуми

Пожар денеска околу 14:15 часот избувна во атарот на село Костурино, каде биле запалени стари гуми и стрниште.

Според информациите од ТППЕ Струмица во гаснењето на пожарот учествувале 20 пожарникари и шест против пожарни возила, како и помош од Валандово.

Пожарот е локализиран, а црниот чад кој се издигнуваше над местото на пожарот е предизвикан од запалени стари гуми.

Радост во домот на пејачот Тони Цетински

Балканската музичка ѕвезда Тони Цетински пред бога го изговори судбинското „ДА“ на својата сопруга Дубравка.

Популарниот пејач убавата вест ја објави на социјалните мрежи. Тони на Инстаграм објави фотографија со сопругата со која ја сподели убавата вест. Веднаш по објавата Цетински доби бројни чечстики и коментари од своите фанови.

Тони инаку неодамна стана дедо на внуката Елена.

притисни ентер