Паолучи: Македонија да продолжи со градењето фискални бафери

Во активното портфолио на Македонија со кое управуваме сега, нема случаи на корупција и злоупотреба на финансиските средства, рече денеска директорот на Канцеларијата на Светската банка во земјава, Масимилијано Паолучи.

Како што истакна Паолучи, средствата се спроведуваат според правилата за јавни набавки на Светската банка, кои се усогласени со принципите за ефикасност, ефективност, транспарентност и отчетност.

– Кога една земја реализира заеми од Светската банка, тоа се прави според правилата за набавка и регулативи кои имаат за цел да се избегнат случаи на корупција, злоупотреба и какво било нарушување на правилна употреба на средствата за соодветните цели. Ако постојат одредени гласини за корупција, тогаш има интерни процеси кои разгледуваат дали гласините се поткрепени со факти. Доколку фактите се потврдат, постојат одредени постапки за објавување неуредна набавка и целата земја да биде повикана на одговорност. Во случајот со Македонија, во активното портфолио со кое управуваме сега, такви случаи нема, подвлече Паолучи, одговорајќи на новинарски прашања по потпишувањето на договорите за проектот за градење отчетни институции за управување со јавните финансии.

Тој порача и дека земјава треба да продолжи со градењето на фискалните бафери.

– За Македонија многу често сакаме да ги гледаме разните проценти за да оцениме што земјата прави или не прави добро во смисла на раст. Но, треба да имаме предвид и кога ги собираме овие информации. Реалноста деновиве се какрактеризира со големо ниво на промени. Од кога се објавени податоците, ситуацијата може или да се подобри или да се вложи во рок од неколку недели. Имајќи го тоа предвид, главната поента за Македонија е да продолжи со градење на фискалните бафери кои се суштински за да ги истрпи последиците што може да се материјализираат во кој било момент. Една од приказните за оваа земја е управувањето со кризата. Оние кои имаа најголеми потреби, најранливото население и економските активности, беа навистина поддржани преку инјектирање буџетски ресурси што немаше да биде можно ако не беа баферите, нагласи Паолучи. /MИА

Кнежевското семејство од Монако вознемирено од обвинувањата за прекумерно трошење пари

Принцот Албер од Монако, во ново интервју за „Пари мач“ (Paris Match), по повод неговиот 66-ти роденден, изјави дека неговото семејство и јавноста го поддржале откако поранешен сметководител го обвини за финансиски неправилности. 

Сепак, тој призна дека неговата сопруга, принцезата Шарлин, е вознемирена поради сѐ тоа.

- Шарлин беше многу вознемирена и тажна поради одредени работи што се појавија во медиумите. Но, ние се поддржувавме меѓусебе, изјави принцот Албер.

Принцот (66) зборуваше за тоа два месеци откако неговиот поранешен вработен Клод Палмеро тврдеше дека личните трошоци на Шарлин скокнале на повеќе од милион евра годишно. Палмеро (67) беше задолжен за финансиите на кнежевското семејство од Монако повеќе од 20 години, но се повлече во јули. Протечените документи го обвинуваат семејството и дека наводно вработувало нелегални имигранти.

Принцезата Шарлин ја нарекуваат „најтажната принцеза на светот“, поради нејзиното наводно постојано лошо расположение, како што се говори. И за нејзиниот брак со Албер често се јавуваат гласини дека е во криза, но кнежевската двојка и натаму се појавува заедно во јавноста.

Еврокомесарот Рејндерс од 25 април ја става функцијата во мирување

Во соопштението се посочува дека функцијата на Рејндерс ќе биде во мирување од 25 април, кога официјално стартува изборната кампања за нов генерален секретар на Советот на ЕУ.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен го одобри барањето еврокомесарот за правда Дидие Рејндерс за неплатено отсуство од должноста, откако на почетокот на неделава Комитетот на министри на Советот на Европа ја поддржа неговата кандидатура за нов генерален секретар на оваа паневропска организација, соопшти ЕК.

Во соопштението се посочува дека функцијата на Рејндерс ќе биде во мирување од 25 април, кога официјално стартува изборната кампања за нов генерален секретар на Советот на ЕУ, па до гласањето за избор во Парламентарното собрание на Организацијата, што е предвидено за во јуни.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, ЕК информира дека имајќи ја предвид заложбата на Рејндерс да се воздржи од директно и индиректно учество во каква било активност поврзана со изборната кампања до 25 април, да гарантира дека таква активност не се спроведува во негово име, како и да избегне какви било дополнителни дејствија што би можеле да се перципираат како конфликт на интереси, Фон дер Лајен му одобри неплатено отсуство, нагласувајќи дека и во тој период за него ќе важат одредбите и правилата од Кодексот за однесување на членовите на Европската комисија.

- Претседателката посебно ја истакна обврската да не ги користи човечките или материјалните ресурси на Комисијата во периодот на кампањата и да продолжи со почитување на принципите на доверливост и колегијалност, како и со општите обврски утврдени во Кодексот на однесување, се додава во соопштението, при што се посочува дека за привременото повлекување на Рејндерс, ЕК ги информирала и Европскиот парламент и Советот на ЕУ.

Рејндерс е еврокомесар за правда од декември 2019 година, на која должност дојде од местото белгиски министер за надворешни работи, функција што ја извршуваше од декември 2011 година во влади на тројца премиери. Пред тоа, од јули 1999 до декември 2011 тој беше министер за финансии на Белгија. Од декември 2018 до ноември 2019 паралелно со должноста шеф на дипломатијата, беше и министер за одбрана. Тој веќе беше кандидат за генерален секретар на Советот на Европа во 2019 година, но загуби од актуелната шефица на Организацијата, Марија Пејчиновиќ Буриќ.

Негови противкандидати за функцијата се донеодамнешниот швајцарски министер за внатрешни работи Ален Берсет и поранешниот естонски министер за култура Индрек Сар.

Засега е не јасно дали доколку биде избран на новата должност, Рејндерс уште веднаш ќе го напушти местото еврокомесар или ќе го истурка целиот мандат до крај. Мандатот на сегашната Европска комисија и на нејзините членови истекува со изборот на новиот состав на извршното тело на ЕУ, што се очекува да се случи во октомври или ноември. Од друга страна актуелниот мандат на Пејчиновиќ Буриќ истекува во септември.

„Гответе со Дракче“ - Шпагети со школки

Во среда (27.03.2024) во емисијата гостин ни беше Катерина Танева.

Состојки за денешниот рецепт:

1 пакетче шпагети

2 пакетчиња школки

2 конзерви пасиран домат

1 главица лук

1 лимон

бибер, сув зачин, сол по потреба

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

притисни ентер