И покрај сите работи што се случиле, корупцијата, неработењето на институциите, зошто на газдата на Пулс или останатите не им текнало, ако нешто се случи кај ќе бегаме ние? Се работи за барака во која треба да отворите уште една врата а тоа не чини ништо, да ги исече решетките на прозорите, само толку требало. И покрај сите работи што се случиле и лиценци и не работење на институциите - никој немаше да загине. Не е само нербежност и корупција туку е невидена глупост. Не можам да се смирам, ова не е ни земјотрес, ниту војна, како ли и било на тие деца што се заклучиле во тоалетите, или на нивните родители сега? Кога ќе легнам навечер не можам да се смирам и да не мислам на нив. Кај повредените главна е превентивата, тие да се сместени со помалку бактерии, специјални чаршави, а и луѓето што работат со нив. Покрај локалната терапија особено кај тие со изгореници од трет степен, се ставаат поблаги антисептици, но и антибиотиците. Ние немаме специјализирани болници, подобро е да се во северните земји бидејќи таму се контролира употребата на антибиотици и нема толку отшпорни соеви на антибиотици, наспроти на во балканските, каде бактериите се поотпорни. Добро се што пациентите беа дисперзирани во 14 различни болници во странство, а тоа е важно дека доколку се појави некоја бактерија нема да може да се пренесе на другите, вели Никола Пановски во Само Вистина.