Панова: Владата да ја повлече одлуката за враќање на родителите на работа, додека не обезбеди услови во градинките и училиштата

Со последната одлука на владата да ги врати сите родители на работа, без притоа да обезбеди услови за згрижување на децата до 10 години, испраќа порака дека децата и нивната добробит не и се важни! 

Уште повеќе, не им е важна ниту состојбата на мајките со продолжено породилно отсуство или на мајките на деца до 6 години.

Инсистираме, владата да ја повлече оваа избрзана одлука, да отвори јавна дебата и пред носење на нова одлука, се да ги земе предвид барањата и потребите на родителите, и пред се во фокусот да биде грижата за добробитта на децата и семејствата.

Цели 6 месеци, половина година, оваа власт мораше да најде соодветно решение за состојбата. Но напротив, остави работите со епидемијата да се движат вон контрола, за сега, да го одложи почетокот на учебната година, и одеднаш да донесе одлука дека сите родители на деца до 10 години, како и мајки на породилно отсуство, да мора да се вратат на работа! Притоа, државата воопшто не обезбеди услови за нормално функционирање на воспитно- образовните и згрижувачки институции.

Избрзаноста и негрижата, како и целосно отсуство на реална слика на состојбите од страна на членовите на владата, се гледа во тоа што пред да ја донесе одлуката, оваа власт воопшто не водела сметка за бројот на децата до 6 години кои што не се запишани во градинка или згрижувачки центри, ниту пак се водела од вистинскиот капацитет- просторен и од аспект на човечките ресурси во градинките. Едноставно, во градинките нема место. Кратењето на продолженото породилно е и спротивно на предлогот на Комисијата за заразни болести која препорача отсуството да трае до крајот на годинава заради што мајките не ги запишаа децата во градинка.

Притоа, секојдневни се информациите за проблеми во функционирањето на градинките пред предизвиците со епидемијата, која што воопшто не е смирена. А не смее ниту да се исклучи секојдневното најавување од страна на членовите на власта дека есенва се очекува втор бран на ширење на Корона вирусот во комбинација со сезонскиот грип.

Државата е во хаос, а економијата во колапс. Власта колку и да е забегана не смее да и се дозволи веќе зголемениот број на невработени, односно после бројката од над 40 илјади работници кои останаа на улица заради короната; сега и родители- мајки на деца до 10 години, вклучително и мајки на продолжено породилно отсуство, да мораат да го остават работното место за да си ги згрижат децата.

Заев, Филипче, Шахпаска, Царовска! Работата е премногу сериозна, проблемите кои ги креирате се претешки и воопшто непотребни за народот, кој што го оставивте на цедило цели 6 месеци! Повлечете ја оваа избрзана одлука, барањата и потребите на родителите и грижата за добробитта на децата и семејствата мора да бидат пред се!

Ели Панова ВМРО-ДПМНЕ

Анкета на ЦРПЦ: Давкова пред Пендаровски, Таравари и Османи во тесна трка

Центарот за Политички Истражувања и Комуникации (CRPC), во соработка со Здружението за новинарство, информирање, комуникации и маркетинг услуги “Глас на вистината” спроведе анкета во пресрет на Претседателските избори.

На прашањето за кој кандидат би гласале на претседателските избори граѓаните со одговор: За кандидатот од ВМРО ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова би гласале 20,4% од испитаниците, а за нејзинот главен конкурент актуелниот претседател Стево Пендаровски од СДСМ својот глас би го дале 16,8% од анкетираните.

Во албанскиот политички блок Арбен Таравари од коалицијата „ВРЕДИ“ според направената анкета води пред Бујар Османи од европскиот фронт предводен од ДУИ.

Па така за Таравари би гласале 7,9% од испитаниците, за Османи пак 6,9% од анкетираните. За Максим Димитриевски од ЗНАМ пак својот глас би го дале 2,7 % од анкетираните, додека за Билјана Ванковска од Левица би гласале 2,6% од испитаниците. За

кандидатот Стевчо Јакимовски од ГРОМ би гласале 1,2% од анкетираните. 18,2% одговориле дека нема за никого да гласаат, а 23,2% не дале никаков одговор.

Анкетата е спроведена телефонски во периодот од 08 до 13 април годинава врз 1210 испитаници избрани според случаен метод. Истражувањето беше спроведено на ниво на цела територија на Република Македонија, а запазени се етничкиот состав, бројот на гласачи, и географската распределба.

Маргина на грешка +-3,0%. Резултатите од спроведената анкета, заедно со обработката на податоците се презентирани подолу на графички приказ Истата анкета ја имате достапна и на онлајн платформата на Центарот за политички истражувања и комуникации .

Анкета на ЦРПЦ за парламентарните избори: ВМРО – ДПМНЕ води пред СДСМ, во предност и албанската опозиција пред ДУИ

Центарот за Политички Истражувања и Комуникации (CRPC), во соработка со Здружението за новинарство, информирање, комуникации и маркетинг услуги “Глас на вистината” спроведе анкета во пресрет на парламентарните избори. На прашањето за која партија би гласале на парламентарните избори граѓаните со одговор: За ВМРО-ДПМНЕ својот глас би го дале 22,8% од анкетираните, додека за СДСМ 16,3% од испитаниците.

Во албанскиот политички блок разликата доста помала. За албанската опозиција предводена од коалицијата „ВРЕДИ“ би гласале 7,7% од анкетираните, додека за Европскиот фронт предводен од ДУИ својот глас би го дале 6,9% од испитаниците. За партијата Левица би гласале 3,9 од анкетираните. За партијата ЗНАМ на Максим Димитриевски би гласале 3,2% од анкетираните. 17,6 % одговориле дека нема за никого да гласаат, а 22,6% не дале никаков одговор.

Анкетата е спроведена телефонски во периодот од 08 до 13 април годинава врз 1210 испитаници избрани според случаен метод. Истражувањето беше спроведено на ниво на цела територија на Република Македонија, а запазени се етничкиот состав, бројот на гласачи, и географската распределба.

Маргина на грешка +-3,0%. Резултатите од спроведената анкета, заедно со обработката на податоците се презентирани подолу на графички приказ

Истата анкета ја имате достапна и на онлајн платформата на Центарот за политички истражувања и комуникации .

Отворање на изложбата „Интимност и интерконекција“ во Куманово

Зимскиот салон од Штип ќе гостува во Куманово со изложбата „Интимност и интерконекција“ која ќе биде претставена во уметничката галерија во градот.

Отворањето на изложбата е вечер во 19.30 часот, а посетителите ќе имаат можност да ја посетат до 8 мај.

-Сметаме дека ваквите претставувања на изложбите на ДЛУМ се од голема важност бидејќи ДЛУМ се состои од членови од цела Македонија, велат од Друштвото на ликовни уметници на Македонија.

Следната поставка на оваа изложба се планира да биде во Музеј Битола.

Премиера на „Паника“ во Велешкиот театар

Велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ вечерва во 21 часот премиерно ќе ја изведе претставата „Паника“ на финскиот автор Мика Мулуахо, во режија на Александар Ивановски. 

Во претставата, која е дуо драма настапуваат Стефан Николовски како Лазе и Филип Христовски како Мики. Драматург на претставата е Катерина Момева а сценографија на Филип Коруновски а музиката е во избор на двајцата актери.

Како што појаснуваат од велешкиот театар, приказната е за двајца другари што се немаат видено долго време и после многу поминати години и патешествија во животот, тие се соочуваат еден со друг, си помагаат еден на друг, се провоцираат еден со друг, преку што избиваат нивните внатрешни конфликти.

-Во претставата се навлегува во најдлабоките теми на суштествувањето, прашања што го мачат секој човек кој сака да биде сакан и прифатен, а општествениот и социјален притисок наметнува стеги каде индивидуалниот идентитет се гуши, се преиспитува себеси, а преку оваа претстава сугерираме дека човек треба прво да се прифати таков каков што е, за да може да се промени. Играјќи си со жанровите, понекогаш нештата изгледаат многу трагично, а има мигови кога не ќе можете да се воздржите од смеење, поради суптилниот хумор што се провлекува низ целото дело и преку кој се релативизираат проблемите, се разобличуваат карактерите со нивните човечки мани, оправдувајќи ја нивната несовршена природа, појаснуваат од театарот.

притисни ентер