Панова: На чело на Судскиот совет се инсталира член на партиска комисија на СДС

Лажни се зборовите на СДСМ и ДУИ за борба со корупцијата се додека избираат судии, обвинители и први луѓе на институциите по партиски клуч.

Ковачевски продолжи со праксата на трас-трас судството кое исклучиво служи за гонење на неистомисленици.

Македонија нема напредок, напротив назадува со корупцијата и со криминалот и тоа го констатираат сите, и дома и меѓународните пријатели.

Малку им беше меѓународниот срам со изборот на првиот обвинител, сега инсталираа и партиски член, член на партиска комисија на СДС да го води Судскиот Совет.

Партизацијата не застанува.

Весна Дамева како член на СДС и член на партиската комисија на СДС, од стручна соработничка без искуство во судење, ја направија член на Судски Совет, а сега и негов претседател!

Срамно и девастирачки се продолжува со партизацијата на судско-обвинителскиот систем, а имаат и причина за тоа. СДС кое е заглавено во криминал и корупција, којашто секојдневно ја тресат коруптивни скандали тешки милиони евра, сега мислат дека тоа е единственото коешто ќе ги спаси!

Почитувани,

Македонија тоне во кризи, сиромаштија и мизерија, причина за тоа е криминалот и корупцијата на власта предводена од СДС и ДУИ, а Ковачевски мисли само на едно, како неказнето да се спаси од правдата.

Јавно од оваа говорница, ќе го повикам министерот за правда Тупанчевски како професор да се изјасни дали се согласува со тоа поранешен стручен соработник и член на СДС да оценува, именува и разрешува судии.

Исто така ја повикувам и Државната комисија за спречување на корупција да испита дали Весна Дамева како член на партиска комисија и член на СДСМ смее да биде претседател на оваа институција.

Почитувани,

Бараме веднаш избори, затоа што само нова власт може да ја спаси Македонија од мизерија и меѓународни понижувања!

Изјава на Ели Панова, пратеничка на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ

Северна Кореја тестирала тестирала „супер голема“ боева глава и противвоздушна ракета

Северна Кореја денеска соопшти дека тестирала „супер голема“ боева глава за крстосувачка ракета и нов противвоздушен проектил, пренесува ДПА.

Тестот на „супер-големата“ боева глава дизајнирана за стратешката крстосувачка ракета Хвасал-1 Ра-3 и пробното лансирање на противвоздушната ракета Пјољџи-1-2 се извршени во петокот, објавија државните медиуми.

- Преку пробното лансирање беше постигната зацртаната цел, објави агенцијата КЦНА.

Се наведува дека тестовите биле дел од редовните воени активности на Северна Кореја и дека немаат „никаква врска со ситуацијата во регионот“.

Резолуциите на ОН и забрануваат на Северна Кореја да тестира балистички ракети од кој било дострел, од кои некои се способни да носат нуклеарни боеви глави.

Како одговор на севернокорејската програма за нуклеарно оружје, Соединетите Држави и Јужна Кореја ја зајакнаа воената соработка, вклучително и одржување заеднички маневри. /МИА

Ајакс сака да го покани Чави за главен тренер

Раководството на Ајакс го смета тренерот на Барселона Чави како главен кандидат за тренерското место на тимот од Амстердам, објави „Sport.es“.

Холандскиот фудбалски гигант смета дека 44-годишниот шпански стручњак е способен да го врати клубот на претходното ниво и е подготвен да потпише договор со него до 2026 година.

Во јануари Чави најави дека ќе ја напушти Барселона на крајот на сезоната.

По јавно објавената одлука на Чави за заминување од Барса, тимот загуби само еден натпревар - во четвртфиналето на Лигата на шампионите против ПСЖ (1:4).

Чави за шеф на стручниот штаб на каталонскиот тим беше назначен во ноември 2021 година. /МИА

Награда во Калифорнија за најдобар долгометражен филм за „Бизнисот на задоволството“

„Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветановски ја доби наградата за најдобар долгометражен филм на „Риверсајд Филм фестивал“ во Калифорнија, САД.

Фестивалот што се одржа од 10 до 14 април, во своето 22-годишно постоење се залага за промоција на храбри филмови кои обработуваат општествени предизвици, но и говорат за смелоста на човековиот дух.

Цветановски го радува тоа што филмот по вторпат e наградeн во САД, откако минатиот месец беше прогласен за највпечатлив филм на 30. издание на „Седона интернешнал филм фестивал“ во Аризона.

- Калифорнија е центар на американската филмска индустрија, и секако дека како автор сум горд што добивме награда овде, и тоа во конкуренција со американски филмови со многу поголеми буџети. Едвај чекам да завршиме со оваа светска фестивалска турнеја и во септември да го презентираме пред нашата публика. Очекувам филмот да отвори теми за дискусија на повеќе нивоа, но пред се‘ сакам да го продолжиме трендот од последниве години, во кој на домашните гледачи им се враќа довербата и желбата да гледаат македонски филмови, вели Цветановски.

„Бизнисот на задоволството“ досега доби осум награди на филмските фестивали низ светот, од кои пет се за најдобар долгометражен филм.

Филмот ја следи приказната на новинарка, која опседната со исчезнувањето на нејзината најдобра пријателка, подготвува тајна операција со цел да разоткрие мрежа за трговија со жени. Но, како што нејзините соучесници се приближуваат до шефот, ситуацијата излегува од контрола.

Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.

Филмот е снимен со поддршка на Агенцијата за филм. /МИА

притисни ентер