Пандов: Во овој пратенички состав клучен збор има лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски

Во овој пратенички состав клучен збор има лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, пратеничката група е исклучително компактна, изјави Александар Пандов од ВМРО-ДПМНЕ во „Само Вистина“. 

Во овој пратенички состав клучен збор има лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, пратеничката група е исклучително компактна.

Груевски нема комуникација со никој од раководството, не гледам некој од раководството што би договарал со Груевски.

Со измените на КЗ губитници се ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните на Македонија, добитници се одреден број екс-функционери до 2016 година на власт и стравот на актуелните функционери од СДСМ и ДУИ кои се свесни за криминалите и со ова че бидат избиени алатките со кои утре ден би биле санкционирани, рече политичкиот аналитичар Пандов во „Само вистина“ .

Берни Еклстоун: Во една Формул 1 сезона доволни се 18 трки

 Поранешниот извршен директор на Формула 1, Берни Екелстоун смета дека со зголемувањето на бројот на трки во сезоната се зголемува и обемот на работа на тимскиот персонал. Дека порано или подоцна тоа ќе има последици.

- Можам да ги разберам луѓето од комерцијалниот оддел бидејќи можат да пријават дека склучуваат долгорочни договори и со тоа заработуваат многу пари за компанијата. Но, лично, без сенка на сомнеж, би се решил на 18 трки по сезона, што би се сметало за престижно. Долгорочните договори постојат само на хартија. Всушност, организаторите можат во секое време да одлучат дека тоа не им оди и едноставно да престанат да ја одржуваат трката. На пример, едно време организаторите на Големата награда на Сингапур сакаа да ја напуштат трката. Ме пуштија и ме прашаа за мислење. Им реков да почекаат малку и да видат како ќе функционира идејата за одржување на Гран при, но да не се откажат во моментов, истакна Екелстоун.

Според него зголемениот број трки предизвикува зголемени трошоци за тимовите, а сезоната трае предолго.

- Генерално, според мене, 18 Гран при по сезона е сосема доволно. Веќе одржувавме 20 трки по сезона и уште тогаш мислев дека тоа е премногу. Затоа што треба да размислувате за тимови. Уште повеќе и тимовите ќе мора да го удвојат својот персонал. Ако оставиме се како што е, тогаш со 22-23 трки по сезона во Ф1 ќе има премногу измами. Тоа е прашање на време, рече Еклстоун.

Во тековната сезона досега се одржани 16 трки, а остануваат уште шест.

Од домашно производство 96,4 отсто од потрошената струја

 Според податоците на Државниот завод за статистика, во јули годинава, вкупно биле потрошени 483 722 МWh електрична енергија, 28.789 мил. нм3 природен гас, 335 319 тон јаглен и 99 448 тони нафтени продукти.

Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 96.4 % во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 95.3 % од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.

Мицотакис му честитал на Каселакис и го поканил на средба

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис имал телефонски разговор со новиот лидер на СИРИЗА Стефанос Каселакис, му честитал за победата и го поканил да се сретнат во следните денови.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис имал телефонски разговор со новиот лидер на СИРИЗА Стефанос Каселакис, му честитал за победата и го поканил да се сретнат во следните денови, соопштија од кабинетот на Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина.

Портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на денешниот редовен брифинг со новинарите, коментирајќи ја победата на Каселакис на партиските избори, изрази надеж и желба дека земјата „конечно ќе добие сериозна и веродостојна опозиција“, а СИРИЗА ќе се врати „на патот на вистината и реализмот“.

-Нашата конфронтација со господинот Каселакис ќе биде политичка и затоа ги очекуваме неговите позиции и предлози за сите големи прашања и целокупно за прашањата што се однесуваат на граѓаните. Исто така се надеваме дека ќе ја напушти логиката на токсичност и на говорот на поделба, што за жал многу години ѝ служи на партијата на која е избран за претседател, рече Маринакис, објаснувајќи дека со оглед на минатото на оние кои јавно го поддржаа Каселакис, Владата се сомнева дека ќе се напушти токсичниот говор.

Паралелно, владиниот портпарол се осврна и на фактот што Каселакис не е пратеник и нема да може да присуствува на парламентарните процедури.

-Во Парламентот се предлагаат и се гласаат сите големи реформи и сите големи промени, кои им се потребни на народот, а отсуството на опозициски лидер од овие процедури, во еден голем временски период, речиси четири години, сигурно претставува еден сериозен институционален недостаток. Затоа ние во Нова демократија, на Конгресот во 2016 година изгласавме предуслов дека за некој да биде кандидат за претседател на партијата, да биде член на пратеничката група, посочи Маринакис.

притисни ентер