Пандемијата стивнува, расте интересот за вакцинација, досега вакцинирани 254154 граѓани

Целосно имунизирани се околу 177000 граѓани кои примиле две дози.

Доколку се земе бројот на полнолетно население кое треба да се вакцинира, а тоа се 1200000 граѓани, досега се заштитени околу 15%, без ревакцинираните во Србија. Ако се оди по предвидената динамика Министерот за здравство Венко Филипче очекува есента да ја дочекаме со колективен имунитет.

Иако најавена за до крајот на оваанедела,најголема пратка на вакцини досега – пола милион дози „Синовак“ здравствените власти ја очекуваат во текот на наредната седмица.Сепак, имунизацијата продолжува бидејќи пунктовите веќе ги добиваат 30.000 дози „Синовак“ што пред некој ден пристигнаа од Турција, а во понеделник ќе дојдат и најмалку 10.000 дози „Фајзер“, вели во гостување на „Само вистина“ Министерот Филипче. Тој додава дека доколку има потреба вакцини „Спутник“ ќе нарачаме од Србија од оние што се произведуваат таму.

Според Филипче засега ништо не покажува дека треба да се плашиме од индискиот сој. Поради „мирната“ крива на заразени од понеделник би требало да се стави крај на полициски час, а да се дозволат и концерти.

УХМР: Попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Летото на северната хемисфера официјално започна утрово во 5 часот и 32 минути, додека на јужната хемисфера во исто време започна зимата.

Првата недела од летото е со најава за високи температури и до 40 степен.

Изгоре камион кај Струмица, нема повредени

Во близина на селото Добрашинци, кај Струмица денеска околу 13:30 часот изгоре камион. Предизвикана е материјална штета, повредени нема.

Според информацијата од Територијалната противпожарна единица на Струмица, во гаснењето на запалениот камион марка „Застава" учествувале тројца пожарникари и едно против пожарно возило, а пожарот бил локализиран и целосно изгаснат за кусо време.

Според пожарникарите причина за пожарот најверојатно е самозапалување на товорното возило од електричната инсталација.

Министерот Јетон Шаќири оствари работна средба со градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука

,,Денес ми беше чест, во просториите на Министерството за информатичко општество и администрација да го чекам на работен состанок, градоначалникот на Општина Дебар, Хекуран Дука.

За време на состанокот разговаравме за можноста за дигитализација на услугите на оваа општина и нивно вклучување во националниот портал за е-услуги. Го уверив градоначалникот Дука дека Министерството што го водам е подготвено да ги стави на располагање сите свои капацитети за да помогне во овој процес.

Исто така се дискутираше за можноста за поврзување на оваа општина со системот за управување со документи (ДМС). Со поврзување на овој систем, меѓуинституционалната комуникација станува побрза и поефикасна.

Состанокот го завршивме со ветување дека ќе ја продлабочиме меѓуинституционалната соработка и комуникација, со цел да постигнеме конкретни резултати во иднина, во корист на граѓаните“, истакна министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири.

притисни ентер