На маратонското рочиште во Велешкиот суд кое траеше околу 11 часа се изведуваа докази, се сослушаа сведоци, а Панчевски и неговите адвокати пред пресудата го кажаа и својот завршен збор. Судијката Валентина Ѓоргиевска кажа се се одвивало набрзина бидејќи станува за итен притворски предмет.
Негвиот адвокат незадоволен од пресудата, најави жалба пред Апелација.
Контролата врз функционирањето на АКМИС системот ја врши Комисија при Министерството за правда, која изготвува извештај и го испраќа до Судскиот совет. За адвокатот Звонко Давидовиќ нејасно е зошто од овој случај се изземени тие кои требале да вршат контрола во периодот кога се правеле злоупотребите.
“ За жал во времето за кога е донесена пресудата и кога бившиот претседател на Кривичниот суд не постапувал според правилата за расперделаба на предмети не вршеле контрола. Така да се поставува прашање, ајде што е негова одговорностшто нашол судот и утврдил, очигледно е дека некој што требало да ја врши контролата истиот не ја вршел и овозможил нешто вакво да е случи“вели Звонко Давидовиќ – адвокат.
Според обвинението, Панчевски во периодот од 23 јануари 2013 година до 14 септември 2016 година со ставање на писмен „параф“ од негова страна и со усно задолжување на вработени во судската писарница кои имале пристап во АКМИС системот, давал наредба да распределуваат конкретни предмети меѓу судиите надвор од времето на приемот на предметот во судот, како и насока на кој судија да се распредели предметот.
Сега од Министерството за правда уверуваат дека нема злоупотреба системот, а сознанија за можни пропусти немаат ниту во Судскиот совет. Претседателот Киро Здравев за Канал 5 вели дека будно ги следат состојбите и малверзациите се практично невозможни.