Една година откако полицијата ја блокираше првата , се појави нова “Јавна соба” на мрежата “Телеграм”во која членовите споделуваат порнографски фотографии и видеа, имиња, адреси, телефонски броеви и профили од македонски девојки.
Една од нив е 28 годишна девојка од Каварадци. Таа објави видео во кое го опишува пеколот низ кој поминала откако нејзина летна фотографија од плажа, , претходно објавена на нејзиниот Инстаграм профил била споделувана на групата, заедно со нејзиниот телефонски број, на кој потоа добивала пораки.
,,Се испаничив, се преплашив, никогаш досега не сум доживеала такво нешто и отидов во Одделот за сајбер криминал во Скопје за да пријавам. Им ја покажав сликата, им ги покажав пораките, повиците. Им кажав дека ги имам со име и презиме луѓето кои што ми ѕвонеа и пишуваа. Меѓутоа, кога слушнаа дека сум полнолетна ми рекоа дека не можат ништо да направат бидејќи Законот во нашата држава е само за малолетници за вакви случаи. Јас во тој момент се почувуствував толку беспомошно и бесно што навистина не знаев што да направам и каде да се обратам.
Бројот на членови во групата брои над 6.200, илјада повеќе од вчера, а во групата се споделени околу 10.000 фотографии и видеа. Во разговорите може да прочита како некои од членовите бараат нови содржини, ги коментираат истите, кои многу често се со навредлива содржина. Во групата се влегува слободно, без претходно одобрување од страна на администраторот. Секторот за компјуерски криминал и дигитална форензика во соработка со обвинителството работи на расчистување на случајот. велат од МВР.
“ Ја користам оваа можност да апелирам до граѓаните доколку било кој од нив е жртва на злоупотреба тоа да го пријави до најблиската полициска станица, а ние веќе испративме и допис до Телеграм, односно барање за соработка, иако морам да напоменам дека оваа платформа не соработува со владите на државите, такво е и нашето искуство, досега на ниту едно барање не одговориле, но како и да е ни си ги преземаме нашите мерки и активности.“
.На оваа руска апликација за комуницирање пред точно една година беше откриена првата ваква група со над 7.000 членови. Откриен беше и креаторот, но случајот од обвинителството се уште е во предистражна постапка и се врши деталана форензичка анализа на изведените докази од запленетите мобилни телефони, со цел како што влат, да се обезбедат докази за евентуално сторено кривично дело.
Брзо расчистување на случајот побараа од Хелсиншкиот комтите. Од таму изразија огромно разочарување од игнорантниот однос на надлежните институции во врска со овој случај. Велат дека како претставници на граѓанскиот сектор ќе инсистираат сексуалното вознемирување преку интернет посебно да се регулира и во Кривичниот законик.
Телеграм во текот на годините се најде во малку чудна улога. Наместо апикација што ја заштитува приватноста од властите, доби и реноме на апликациај преку која Исламската држава и другите терористички организации комуницираат без страв дека ќе бидат следени. Од тие причини апликацијата затвораше стотици јавни канали.