Пад на берзите во САД

Трите главни берзи на САД синоќа го завршија денот со значаен пад, зголемувајќи ги загубите на пазарот на акции кои траат веќе со денови, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

Повеќе фактори се во игра, како потенцијалниот раст на инфлацијата и најавата од министерката за финансии Џенет Јелен за зголемување на каматните стапки, со што може да се зголемат трошоците за кредити и заеми на капитал.

Исто така, од Федералните резерви посочија дека пазарот на акции е преоценет.

Берзата „Доу џонс" синоќа се намали за 473.66 поени, или речиси 1.4 отсто, завршувајќи на 34.269,16. „Стандар и пур" изгуби 36.33 поени, или 0.9 отсто, и затвори на 4.152,10. Технолошката „Насдак" се опорави по распордажбите во текот на денот, завршувајќи со загуба од 12.43 или само 0.1 отсто, до нивото 13.389,43.

Вчерашниот ден беше втор по ред со загуби на Волстрит. Во изминатите недели, њујоршките берзи се на удар со растот на цените на стоките низ целата американска економија и можното зголемување на каматните стапки, со што се очекува поскапување на банкарските кредити.

„Македонија одлучува“ – отворено студио на Канал 5

Во отвореното студио на Канал 5 , гости на Александар Видиновски се Драган Павловиќ Латас и Љупчо Зиков.

Павловиќ- Латас во гостувањето рече дека разликата меѓу двајцата први кандидати ќе биде меѓу 80 и 100.000 гласа, според информации што ги имал од голем аналитички центар.

Зиков рече дека големата излезност е пред сѐ поради големиот број на кандидатите, а како императивот личат на парламентарни на прашањето дали тоа значи дека има опозициско расположение.

Џафери: Гласот на граѓаните ќе го потврди европскиот пат на државата

Претседателот на Владата, Талат Џафери, утрово во родното Форино го оствари своето гласачко право на денешните претседателски избори.

Во изјавата дадена за медиумите по гласањето, премиерот Џафери посака мирен изборен ден во кој граѓаните ќе ја искажат својата сопствена волја, а должност на државните институции е тоа да го овозможат.

Премиерот порача дека, овие избори се од голема важност бидејќи од нив зависи во кој правец ќе се движи државата.

„Во овие три децении од самостојноста на државата, основна определба е дека земјата и граѓаните претендираат членство во ЕУ и ние сме должни тоа да го обезбедиме. Секако, граѓаните преку својата волја, со гласање тоа ќе го потврдат. Имајќи ги предвид глобалните состојби, но и состојбите во регионот, сметам дека мнозинството граѓани тоа ќе го искажат и низ процесот на гласање", изјави претседателот на Владата, Џафери, соопштуваат од Владата.

Претседателот на ДУИ Али Ахмети гласаше во Зајас

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети денеска гласаше во селото Зајас во општина Кичево.

Тој ги охрабри граѓаните да излезат на гласање во што поголем број и да го изразат својот став заради остварување на своето демократско право.

Денес, во мојот Зајас, го искористив демократското право на глас за да оставам трагови на својот придонес во трасирање на европската иднина.

Со нашиот глас ја имаме историската шанса еднаш засекогаш да ја запечатиме нашата евро-американска ориентација, да кажеме НЕ на Русија, ДА на Европа!

Затоа, Ве повикувам сите да гласате за големата победа на нашата европска кауза!

Посакувам успешен изборен процес, во целосно демократски и европски дух!

Изјавата на претседателот на ДУИ, Ахмети:

„Пред се, се надевам дека овие избори ќе бидат по сите европски стандарди, ние како држава сме во под будно око на земјите од Европската Унија, затоа што еден од најнеопходните стандарди што мора да се исполни е организирање на изборите и под какви стандарди. Посакувам процесот да помине добро, за што сите политички партии се заангажираа за фер, и чесен процес. Посакувам сиот овој апел, практично да дојде до израз и вечерта на 24 април, да имаме фер, слободни и демократски избори, а нека победи тој што ги убедил граѓаните преку платфрома, со својата програма и остварувањата што ќе ги направи во мандатот што ќе го добие.

притисни ентер