Пацинет кој се лекуваше во Грција се врати дома, наскоро ќе пристигнат и четворица од Шпанија - Канал 5

Пацинет кој се лекуваше во Грција се врати дома, наскоро ќе пристигнат и четворица од Шпанија

Пацинет кој се лекуваше во Грција се врати дома, наскоро ќе пристигнат и четворица од Шпанија
Пацинетот кој беше на лекување во Грција пристигна во земјава и пред малку беше пречекан на меѓународниот аердором во Скопје од страна на минситерот за надворешни Муцунски. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Стојанов: За балетската уметност потребно е храброст и трпение

Најважна е желбата за напредување и да бидеме искрени на сцената, вели во интервјуто за МИА Роксан Стојанов, балерина со македонско потекло.

Стојанов: За балетската уметност потребно е храброст и трпение

За балетската уметност потребна е храброст и трпение. Патот до успехот е долг и тежок. Постојат денови кога сме уморни или повредени. Токму затоа, потребно е да имаш љубов кон оваа професија и да ја работиш секојдневно. Најважна е желбата за напредување и да бидеме искрени на сцената, вели во интервју за МИА Роксан Стојанов, балерина со македонско потекло, која е добитничка на наградата „Менада“ за врвни достигнувања во областа на танцот, на годинaшното 21.издание на Интернационалниот фестивал „Танц Фест“.

Наградата на Стојанов ќе и биде врачена вечерва на сцената на Македонскиот народен театар, кога ќе биде свеченото отварање на овогодинешната програма на фестивалот, со која се одбележуваат 35 години современа танцова сцена кај нас.

Стојанов за МИА вели дека ова признание за неа е голема чест, но истото го доживува емотивно, затоа што го поврзува со нејзините почетоци во балетската професија во земјава.

- Голема чест ми е што сум добитничка на ова признание. Го доживувам емотивно, затоа што сметам дека ова не е само награда за мојата работа, туку ја поврзувам и со моите почетоци во Македонија. Токму на сцената во Скопје ја играв мојата прва улога на ѕвончица во претставата „Петар Пан“. Многу сум среќна, затоа што наградата ја доживувам како еден вид на „мост“ меѓу моите две татковини, две култури и истата е од особена важност за мене, вели Стојанов.

Врвот на кариерата Стојанов го доживува кога по изведбата на балетот „Пахита“ на сцената на Операта Бастилја, на 28 декември 2024 година, беше прогласена за Ѕвезда на Париската опера. Таа вели дека токму стекнувањето со ова звање е остварување на нејзиниот најголем сон.

- Ова е остварување на мојот најголем сон, што го имав од најрана возраст, кога почнав со балетот, но, никогаш не знаев дали ќе успеам во тоа. Многу сум среќна и горда, но и благодарна на сите оние кои ме поддржаа. Секако, одговорноста е голема, порачува Стојанов за МИА.

На прашањето што треба да поседува една уметница за да се стекне со вакво признание, Стојанов е на став дека за да се постигне успех во балетската уметност потребна е храброст и трпение.

- За балетската уметност потребна е храброст и трпение. Патот до успехот е долг и тежок. Постојат денови кога сме уморни или повредени. Токму затоа, потребно е да имаш љубов кон оваа професија и да ја работиш секојдневно. Најважна е желбата за напредување и да бидеме искрени на сцената. Кога сум на сцената, заборавам на сите тешки моменти и знам дека сите предизвици вредат, вели Стојанов.

Тешко е, додава, тоа што со балетската уметност треба да почнеш да се занимаваш од најрана возраст и да работиш на тоа да бидеш професионалец иако уште си дете.

- Сепак мене ова ми е страст и многу сум среќна што можам да сум на балет секој ден. Инаку, кога бев дете наутро одев на училиште, а потоа во текот на денот одев на балет. Исто така, се соочив со потешкотии и кога на 12 години си заминав од дома и се преселивме во Брисел. Тогаш престојував во интернат, а само за викенди се враќав дома. Потоа се запишав на Париската опера, иако е тешко да се биде дел од оваа институција, раскажува Стојанов.

Таа за МИА објаснува дека откако го поминала конкурсот и успешно се запишала во Париската опера, се чувствувала како повторно да е на почетокот и одново почнува да се докажува во оваа професија.

- Постојат скалила кои требаше да ги поминам. Имав испити секој ден. Предизвикувачки беше и да се работи во време на ковид, па правевме пауза од балет. Сето ова си носи свои предизвици, но на крајот на денот, тие не прават да сме посилни во она што го работиме. Доколку имаш трпение и имаш одредена цел, резултатот секако дека ќе биде задоволителен, вели Стојанов за МИА.

Во однос на нејзините следни планови за иднина, Стојанов сподели дека во моментов работи на балетска претстава во три чина, насловена „Силвија“, каде што таа ќе ја игра главната улога на Силвија, а ќе игра и во улогата на Дајана. Претставата ќе се одигра на 8 мај. Како што најави, во текот на летото заминува на турнеја во Италија, а потоа ќе има неколку претстави во Кина и Јапонија. /МИА

ЕК: Прекинот на струја во Шпанија и Португалија не е кибер напад, но е лекција

- Она што е најважно во моментов е потребата да се научат вистинските лекции од ова. Ќе се обидеме да преземеме мерки за да спречиме вакви ситуации во иднина, додаде Хрнчирова. 

ЕК: Прекинот на струја во Шпанија и Португалија не е кибер напад, но е лекција

Се уште ја чекаме целосна проценка за причините за вчерашниот прекин на електричната енергија во Шпанија и Португалија, но она што сега го знаеме дека е исклучена можноста за кибер напад, изјави главната портпаролка на Европската комисија, Паула Пињо.

- Засега немаме понатамошни коментари за тоа, истакна Пињо, додавајќи дека во оваа фаза Европската комисија се уште не е во позиција да извлече конкретни заклучоци за причините за прекинот на струја на Пиринејскиот Полуостров и се чека експертското мислење.

Според портпаролката на Европската комисија за подготвеност Ева Хрнчирова, во моментов се работи на целосно враќање на ситуацијата во Шпанија и Португалија во нормала, согласно утврдените протоколи.

- Она што е најважно во моментов е потребата да се научат вистинските лекции од ова. Ќе се обидеме да преземеме мерки за да спречиме вакви ситуации во иднина, додаде Хрнчирова.

Според неа, токму настани како овој беа причината поради која ЕК ја предложи Стратегијата на Унијата за подготвеност, со која се бара секоја земја членка на ЕУ да се подготви за реакции во случај на поплави, шумски пожари, природни катастрофи или за случаи како сегашното искуство во Португалија и Шпанија со толку големи прекини на електричната енергија.

- Затоа сме тука да ги поддржиме земјите членки и да ги дизајнираме овие стратегии. Стратегијата за подготвеност е за промена на начинот на размислување дека луѓето треба да се подготвени. Подобро е да се биде подготвен, отколку да се биде непријатно изненаден, потенцира Хрнчирова.

Стармер му честиташе на Карни за неговата изборна победа

Британскиот премиер Кир Стармер денеска му честиташе на канадскиот премиер Марк Карни за неговата изборна победа и рече дека сака неговата држава да ги продлабочи односите со Канада.

Стармер му честиташе на Карни за неговата изборна победа

Либералната партија на канадскиот премиер Марк Карни, поранешен гувернер на Банката на Англија и Банката на Канада, победи на изборите вчера по бранот отпор кон економскиот притисок на американскиот претседател Доналд Трамп и заканите за анексија на Канада.

Стармер рече дека личните врски на Карни со Велика Британија ќе помогнат во зајакнувањето на врските меѓу двете земји како „најблиски сојузници“./МИА

притисни ентер