Оваа недела пандемијата стагнира, освен во Јужна Америка

Пандемијата на коронавирус стагнира оваа недела насекаде во светот, освен во Јужна Америка, каде ситуацијата продолжува да се влошува, пишува денес агенцијата Франс Прес.

Бројот на дијагностицирани случаи, важен индикатор, сè уште одразува само дел од реалниот број на заразени и споредбата меѓу земјите треба да се земе со претпазливост, бидејќи методите на тестирање се разликуваат од земја до земја, објави агенцијата.

Како што достигнува врв, пандемијата оваа недела спласна ширум светот, со 634.200 нови инфекции на ден, што е за 12% помалку од минатата недела, покажуваат податоците на АФП.

Пандемијата брзо се прошири оваа недела само во Јужна Америка и Карибите (+6 проценти), со пријавени 120.900 нови случаи на ден. Таа област имала најголем пораст минатата недела.

Во сите други делови на светот, бројот на нови инфекции е намален: за 24 проценти во САД и Канада, 17 проценти во Африка, 12 проценти во Европа и 2 проценти во Азија и Блискиот исток.

Во Океанија скоро и да нема коронавирус.

Европа со 221,100 заразени на ден во текот на оваа недела повторно ги надмина САД и Канада кои што имале 196,100 случаи. Иако две третини од новоинфицираните во светот се во тие две земји, тој сооднос е значително намален од претходните недели.

Меѓу земјите кои објавиле повеќе од 1.000 заразени дневно минатата недела, епидемијата најбрзо се шири во Перу (+56 проценти, 4.900 заразени на ден). Во таа земја, каде што вториот бран на епидемијата е на својот врв, повторно може да се видат редици за купување медицински боци со кислород.

Следат Еквадор (+34 проценти, 1500), Шпанија (+31 процент, 35.000), Мексико (+30 проценти, 17.600) и Казахстан (+29 проценти, 1.000).

Ирска има најголем пад на бројот на нови инфекции (-47 проценти, 2700 нови случаи на ден). Ситуацијата во Ирска се подобрува откако земјата по празниците доживеа вистинско вирално „цунами“, како што рече нејзиниот премиер, а во средината на јануари пријави најмногу нови инфекции во однос на населението.

Следат Унгарија (-37 проценти, 1100), Австрија (-35 проценти, 1500), Панама (-35 проценти, 2100) и Шведска (-34 проценти, 3500).

САД имаат убедливо најмногу нови инфекции оваа недела во апсолутен број, 189 000 на ден. Според бројот на жители, Португалија, освен микро-државите, имала најмногу случаи оваа недела (759 на 100.000 жители), по што следат Израел (637) и Шпанија (523).

Меѓу 27-те земји во светот со стапка на инциденца поголема од 200, деветнаесет се европски.

САД објавиле најмногу смртни случаи минатата недела (3.073 на ден во просек), по што следува Велика Британија (1402), Мексико (1180), Бразил (1007) и Германија (843).

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел, се откажав од надомест

Овој е само еден од низата примери на неодговорно, нечесно и валкано однесување на политичката сцена од страна на Ковачки, вели Петровска.

Како што ветив транспарентност од почеток до крај на процесот против изнесените лаги, клевети и навреди од страна на Драган Ковачки врз мене сакам да Ве известам дека Основниот граѓански суд во Скопје по сите прикажани докази од моја страна донесе одлука со која се утврдува дека тужениот Драган Ковачки искажал невистини и лаги односно неправедно ме клеветел во јавност со цел ми го наруши угледот и честа во очите на јавноста. Ова го објави предмалку министерката за одбрана Славјанка Петровска на нејзиниот фејбук профил.

- Овој е само еден од низата примери на неодговорно, нечесно и валкано однесување на политичката сцена од страна на Ковачки. Како што кажав и на почетокот во медиумите: "Пари од нечесник не сакам" и Ве известувам дека се откажав од паричниот надомест, напиша Петровска.

На ФБ министерката за одбрана напиша дека секој го прави тоа што најдобро го знае, „тие со лагите, јас со труд и одговорна и чесна работа“.

Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор

Американското Министерство за транспорт денеска и додели 60 милиони долари на сојузната држава Мериленд за помош по уривањето на мостот Френсис Скот Ки откако во него удри товарен брод.

Гувернерот на Мериленд Вес Мур претходно побара средства за помош во „мобилизацијата, операциите и отстранувањето на отпадот“.

Мур додаде дека овие средства ќе ги постават темелите за брзо закрепнување.

Инаку, по уривањето неколку работници паднаа во водите на реката Патапско. Телата на двајца мажи, на возраст од 35 и 26 години, беа пронајдени во средата, на 7,6 метри под вода во реката Патапско.

Жртвите паднале од височина од 50 метри во водата, која била околу -1 Целзиусов степен во моментот на падот, изјави портпаролот на противпожарната служба во Балтимор, Кевин Картрајт.

Несреќата се случи во вторникот откако товарниот брод „Дали“ удри во еден од столбовите на мостот. /МИА

Земјотрес во Грција со јачина од 5,7 степени

Земјотрес со јачина од 5,7 степени, според податоците од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, беше регистрирани кусо по 9 часот во морскиот дел западно од грчкиот полуостров Пелопонез, јави дописничката на МИА од Атина.

Земјотресот беше почувствуван во целиот регион на Пелопонез, особено во западниот дел, но и во Атина.

Засега нема информации за повредени или материјална штета.

Геодинамичкиот институт првично објави дека биле регистрирани два земјотреси од 5,6 и 5,7 степени со неколку секунди разлика, нешто што кусо подоцна го промени во еден земјотрес, а и според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, станува збор за еден земјотрес со јачина од 5,7 степени. /МИА

притисни ентер