Отворено писмо на „Зелен хуман град" до претседателот Пендаровски - Канал 5

Отворено писмо на „Зелен хуман град" до претседателот Пендаровски

Дали демократијата во Македонија може да опстане со вака висок праг за кандидатура на независни кандидати, кои доаѓаат пред сè од граѓанскиот сектор?

Отворено писмо на „Зелен хуман град" до претседателот Пендаровски

Почитуван г. Стево Пендаровски,

Ви се обраќаме по повод денешните изјави во јавноста, а во врска со договорените измени на Изборниот законик, односно член 62, со кој се уредува бројот на потписи потребни за кандидирање на независни советнички листи на претстојните локални избори, закажани за 17 октомври 2021 година. Нагласуваме дека членот 62 од Изборниот законик не бил сменет ниту еднаш откако законот е влезен во сила во 2006 година, а тоа се цели 15 години. Затоа, уште повеќе навредува денешната изјава на Претседателот на Владата г.Зоран Заев, во која стои дека „прагот за независните советнички листи со новите измени на Изборниот законик ќе биде утврден на 2% и тоа се должи на спроведување на препораката за унифицирање на прагот дадена од ОБСЕ".

Ве известуваме дека се работи за груба манипулација од страна на големите политички партии кои се обидуваат да го попречат излегувањето на претстојните локални избори на независни групи на граѓани така што ги зголемуваат до апсурд бирократските пречки на процесот. Самиот чин на поднесување и усвојување на вакви законски измени по итна постапка, без измените во законскиот текст да им се достапни ниту на пратениците, на само неколку месеци пред одржувањето на редовните локални избори, силно ги разнишува вредностите на демократското општество. Сметаме дека ваквото постапување е во насока на заштита на интересите на големите политички партии и дополнително зголемување на нивната моќ, преку спречување на помалите независни групи на граѓани и граѓански активисти да се кандидираат на претстојните локални избори.

Најпрво, ако доследно се следат препораките, во Извештајот на ОБСЕ од 2017 г. е наведено дека „потписите за поддршка не треба да надминат еден процент од регистрираните гласачи" зашто тоа е спротивно на добрата практика. Се наведува и дека „Треба да се размисли за стандардизирање на потребниот број на потписи за независните кандидати на најмногу еден процент од регистрираните гласачи во согласност со меѓународните добри практики. Покрај ова, како што е претходно препорачано, треба да се размисли за обезбедување алтернативни методи за прибирање потписи, со цел да се намали потенцијалот за заплашување".

Понатаму, во Кодексот за добри изборни практики на Венецијанската комисија се предлага најмногу 1% како праг за неопходни потписи, заедно со олеснување на начините за собирање на тие потписи, односно ослободување на строгите бирократски механизми и под услов правилата за собирање потписи да не се користат за да ги спречат кандидатите да се кандидираат за функции каков што е случајот со најавените измени на Изборниот законик.

Според компаративниот пример од Хрватска, потписи за независни кандидати е дозволено да се собираат на улица со приложување на лична идентификација. Во Кипар и Малта, независните кандидати треба да докажат дека добиле поддршка од само четворица избирачи. Во Грција потребни се само 12 потписи за независни кандидати. Во Германија 200, во Данска помеѓу 150 и 200.

Дали демократијата во Македонија може да опстане со вака висок праг за кандидатура на независни кандидати, кои доаѓаат пред сè од граѓанскиот сектор? Во Изборниот законик веќе има премногу бирократски пречки за да се собере потребниот број на потписи. Задолжително е граѓаните да се потпишуваат само во подрачните, општински канцеларии на ДИК, а некои од нив се на недостапни и зафрлени места. Потоа, се дава рок од стриктно определени 15 дена кои почнуваат да течат од десеттиот ден од денот на распишување на изборите. И, се наоѓаме во период кога летните одмори се во полн ек, а граѓаните се надвор од градовите/општините во кои живеат.

Наместо големите партии, а особено актуелното владејачко мнозинство, да ги ослободи механизмите за поголема и еднаква вклученост на секој граѓанин во политичките процеси како што е утврдено со Уставот, тие се обидуваат дополнително да ги отежнат.

Потсетуваме дека политичката партија која е водач на парламентарното мнозинство, во 2016 г. апелираше до широкото граѓанство со зборовите „слобода, правда и демократија". Според тоа, најмалку што може да се очекува по овие апели – и истакнатата декларативна заложба за демократизација на процесите во земјата – е оваа политичка партија да е предводник на антидемократски промени во Изборниот законик.

Она што граѓаните го очекуваат од власта и од политичките партии е да се намали актуелниот праг од 1.000 потписи за една независна листа да има право да се кандидира само на територија на Град Скопје затоа што илјада потписи за една општинска листа е идентично со бројот на потписи за основање политичка партија која има право да излезе на избори во сите изборни единици, а не само во една.

Ве известуваме дека доколку се усвојат вакви измени на Изборниот законик, тоа ќе значи прекршување на Уставот, поконкретно членовите 2, 9, 20, 23, 110, 115 и 117 во кои: – се штитат правата и слободите на граѓаните што се однесуваат на политичкото здружување и дејствување и забраната на дискриминација по основ на политичка припадност; – се гарантира слободата на здружување заради остварување и заштита на нивните политички уверувања; – се гарантира правото на претставеност во локалната самоуправа.

Според податоците од последните изборни циклуси, партиите кои се вклучени во локалната самоуправа и националните институции претставуваат меѓу 30 и 40% од вкупното гласачко тело. А со оглед на многубројните меѓународни извештаи – се работи доминантно за клиентелистичко гласачко тело. Тоа значи дека градовите и земјата во целина со овој брутален удар врз демократијата ќе бидат држени во заложништво од клиентелистичко малцинство кое веќе 30 години само наоѓа нови начини како да ги задуши независниот граѓански глас и критичката јавност.

Затоа, бараме од вас да не ставите потпис на противуставни законски измени со кои се урива демократијата и со кои се окупира и монополозира политичкиот простор што е одлика на режимски земји, а не на демократии. Единствено бараме рамноправна шанса во политичката арена со цел да можеме да ги уживаме правата кои ни следуваат по Устав и закон. Најавуваме дека доколку се овозможи ова брутално газење по демократијата, ќе организираме протести. Нема да дозволиме да бидеме исклучувани и нема да се откажеме додека не си ги вратиме градовите назад.

Граѓанска иницијатива ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД

Аксиос: Трамп го стопирал израелскиот план за атентат врз ајатолахот Хамнеи

Американскиот портал Аксиос (Axios) повикувајќи се на неименувани владини претставници денеска објави дека претседателот Доналд Трамп го стопирал израелскиот план за атентат врз иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи за време на викендот.

Аксиос: Трамп го стопирал израелскиот план за атентат врз ајатолахот Хамнеи

Израелската армија проценила дека има можност за напад, но Трамп не го прифатил планот.

Според Аксиос, Белата куќа продолжува да ги поддржува целите на Израел за уништување на иранската нуклеарна и ракетна програма, но е против планот за соборување на Исламската Република со сила.

Скопјанец осомничен за телесна повреда при семејно насилство врз неговата мајка

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 40-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека извршил кривично дело – Телесна повреда според член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Скопјанец осомничен за телесна повреда при семејно насилство врз неговата мајка

Во семејниот дом на 8 јуни, во алкохолизирана состојба, осомничениот вршел семејно насилство и телесно ја повредил неговата мајка. Најпрво почнал да ја навредува, а потоа и физички ја нападнал, удирајќи ја со тупаници по лицето и телото и да ја гризе. Од зададените удари оштетената се здобила со телесни повреди.

Имајќи ја предвид, пред се, опасноста од бегство и ризикот дека осомничениот ќе го повтори кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор, соопшти Обвинителството.

Изложба „Сенки“ на Стојан Павлески во Македонскиот културен центар во Њујорк

Во галеријата на Македонскиот културен центар во Њујорк  денеска ќе биде отворена изложбата „Сенки“ (2025) на уметникот Стојан Павлески.

Изложба „Сенки“ на Стојан Павлески во Македонскиот културен центар во Њујорк

Проектот „Сенки“, е конципиран како колажна инсталација, која ги илустрира некогашните глорификации на идеолошката смисла на војувањето, наспроти сегашните бесмислени подвизи од името на новиот поредок, истиснувајќи го човекот од времето кое го живее. Концептот на „Сенки“ произлегува од потребата на современото општество да се одговори на прашањето за смислата на човековото позиционирање во апокалиптичните сценарија на денешницата. Живеејќи во време на технолошка револуција и предоминатна индустриска експанзија, каде трговските војни и акумулацијата на капиталот стануваат врвен приоритет, проектот суштински го адресира прашањето за човековиот опстанок, оставен на сопствените инстикти и можеби принуден на паравоено преживување.

- Фрагментираните фотографии со воени сцени како фризови од новите пантеони на моќта и цртежите од повоениот период се судираат во концептот на Демначот на крајот соочен со псевдопотентноста на времето кое го живее. Апроприираните цртежи се критички реанимации со реконтекстуализарана порака во време кога симболиката се консумира побрзо отколку што се разбира. Нивната корелација со пластичните играчки војници и осамениот Демнач, го изнесува на површина прашањето: Што е она што се задржува на периферијата на колективната свест и дали овие духови на отпорот ги фрлаат своите сенки низ генерациите?, вели авторото Павлески.

Изложбата ќе биде отворена до 27 јуни.

Стојан Павлески е роден во 1976 година во Скопје. Дипломирал на Архитектонскиот факултет и на Ликовната академија, оддел сликарство, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Учествувал на повеќе групни ликовни изложби во земјава и во странство. Aвтор е на проектот„Ничија земја“ (2016), претставник на 15-то Биенале на архитектура во Венеција.

притисни ентер