Отворено и избирачкото место во село Спанчево во општина Чешиново-Облешево

 По повеќе од едночасовно одложување поради технички проблеми, отворено е и избирачкото место во селото Спанчево во општина Чешиново-Облешево.

Од Општинската изборна комисија истакнаа дека успешно е внесена базата на податоци во уредот за идентификација со отпечаток на прст, со што граѓаните го остваруваат своето гласачко право.

– Имавме одложување при отворањето на избирачкото место број 887 во селото Спанчево што се појави поради проблеми со базата со податоци. По неговото отстранување гласањето почна десетина минути по осум часот. Поради тоа, на ова место ќе се пролонгира времето за гласање, односно тоа ќе биде отворено до 20 часот и 11 минути, истакна Виолета Јанева, претседателка на Општинската изборна комисија во Чешиново-Облешево.

Во општина Чешиново-Облешево во тек е гласањето за избор на градоначалник во вториот круг, при што запишаните 5390 граѓани гласаат на 13 избирачки места, од кои две се во селото Чешиново, а по едно во останатите населени места.

Израел запре ирански авион над Сирија под сомнение дека пренесува оружје за Хезболах

Два борбени авиони Ф-35 на израелските одбранбени сили (ИДФ) пресретнаа ирански товарен авион на компанијата Кешм Фарс Ер, осомничен дека носел оружје за Хезболах во Либан над Сирија.

Оваа акција се случила во ноќта меѓу саботата и неделата, дознава „Тајмс оф Израел“.

Ловците на израелското воздухопловство (ИАФ) го пресретнале иранскиот Боинг 747 и му наредиле да се врати назад, што и го направиле по кратко време.

Во последниве месеци, израелските одбранбени сили принудија неколку ирански товарни авиони да се вратат назад додека биле во сирискиот или ирачкиот воздушен простор, поради сомневање дека носат оружје за Хезболах. ИДФ соопшти дека, за време на прекинот на огнот, ќе продолжи да дејствува за да ги спречи сите испораки на оружје за либанската група, вклучително и напади врз пратки насекаде во Либан или Сирија.

Минатата недела, висок воен функционер рече дека ИДФ не само што ќе ги нападне пратките со оружје, туку дека режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад ќе се соочи и со последици за помошта на Хезболах.

Неколку часа пред прекинот на огнот кој стапи на сила во средата рано наутро, ИДФ изврши напади на шверцерските рути на Хезболах.

Легендарниот Елтон Џон призна дека е сосема слеп- не може да се движи без помош

Легендарниот музичар Елтон Џон, на 77-годишна возраст, откри дека го изгубил видот откако се борел со тешка инфекција додека им се обраќал на толпата на хуманитарната проекција на „Ѓаволот носи Прада: Мјузикл“.

- Како што некои од вас знаат, имав проблеми и сега го изгубив видот. Не можев да го гледам настапот, но уживав додека го слушав – им рекол Џон на насобраните, објави Пејџ Сикс.

Тој му се заблагодарил на својот сопруг за поддршката.

- Мојот сопруг беше мојата карпа на поддршка, бидејќи не успеав да дојдам на многу проби бидејќи, како што знаете, го изгубив видот. Да, тешко ми е да ги гледам, но ги сакам. И вечерва звучевме одлично. Ви благодариме што дојдовте! - објави поп-музичарот на својот Тик - Ток.

Пејачот претходно откри на почетокот на септември дека имал „ограничен вид само на едното око“ откако добил „тешка инфекција на очите“ за време на летото.

- Се лекувам, но тоа е исклучително бавен процес и ќе помине извесно време пред да се врати видот на оштетеното око - напиша тогаш Џон во изјавата.

Тој понатаму „се осврна“ на својата состојба во интервју со Робин Робертс на „Добро утро Америка“ минатата недела.

- За жал, во јули го изгубив видот на десното око бидејќи имав инфекција на југот на Франција и не гледам четири месеци. Ниту моето лево око не е најдобро, па има надеж и охрабрување дека сѐ ќе биде во ред, но некако сум заглавен во моментов... - призна тогаш Сер Елтон Џон.

Драма среде меч: Тенисер падна на теренот, веднаш мораше на операција на мозокот (ВИДЕО)

Турскиот тенисер Алтуг Челикбилек заврши во болница откако колабираше за време на неговото полуфинале на ИТФ турнирот во Монастир, Тунис.

Натпреварот против Јаник Ерел беше прекинат по само еден гем, откако 451-от играч на светот падна на теренот, а подоцна се покажало дека има крварење во мозокот.

Италијанскиот „Коријере дело спорт“ пишува дека моментално се оценува неговиот транспорт во Турција на операција, додека медиумите во Турција пишуваат дека тој бил успешно опериран и дека допрва ќе дојде болничкиот авион да го земе.

Турската тениска федерација потврди дека Челикбилек е внимателно следен по алармантниот инцидент во Монастир и дека на семејството ќе му се даде сета потребна поддршка.

притисни ентер