Отворени гласачките места во Куманово, Липково и Старо Нагоричане

Почна гласањето во Куманово, Липково и Старо Нагоричане, информираа денеска од општинските изборни комисии.

Право на глас во Куманово имаат 92.167 гласачи, информираше денеска претседателот на ОИК Куманово, Драган Јовановски. 167-те избирачки одбори се подготвени за спроведување на изборите.

Претседателот на ОИК Липково, Лирим Јашари информира дека во општината право на глас имаат 25.632 гласачи кои ќе гласаат на 36 избирачки места.

Од ОИК Старо Нагоричане право на глас имаат 3.322 лица кои гласаат на 36 избирачки места, а процесот ќе го спроведуваат 38 избирачки одбори.

Над 21 милиони заболени со коронавирус во светот, во Бразил над 50.000 нови случаи

Бразил вчера забележа  50.644 нови случаи на коронавирус и 1.060 смртни случаи, соопшти бразилското Министерство за здравство, додека повеќе од 21 милиони луѓе ширум светот биле заразени.

Така, вкупниот број заразени во Бразил се искачи на 3.275.520, а бројот на починати на 106.523.

Бразил е втора земја според заразени во светот, по Соединетите држави.

Повеќе од 21 милиони луѓе ширум светот се заразени со новиот коронавирус, а 759.411 починале, покажуваат податоците на Ројтерс.

Инфекциите се регистрирани во повеќе од 210 земји и територии, откако првите случаи се идентификувани во Кина во декември 2019 година.

Пет розови фламинга стигнаа на Преспанското Езеро

Утрово на Преспанското езеро забележани се пет розови фламинга кои најверојатно одмораат од патот за каде што тргнале, соопштија од Македонското еколошко друштво (МЕД).

– Птиците беа забележани во село Езерани каде нискиот водостој им овозможува соодветни услови за одмор за време на миграцијата. Фламингата не гнездат во Македонија но досега се забележуваат повеќе пати на прелет. Прв податок за нивно присуство кај нас е од 90-те исто така во Езерани. Овој пат беше забележена една возрасна единка и четири млади. Бидејќи птиците гнездат во Грција, Албанија и Црна Гора не можеме да заклучиме каде ќе се упатат по престојот во Преспа, информираат од МЕД.

Според Данка Узунова, орнитолог од Македонско еколошко друштво, добрата состојба на влажните живеалишта како и широките појаси на трска овозможува птиците да не бидат вознемирувани и безбедно да одмораат и да се хранат.

Покрај розовите фламинга, забележани се јата на бојници, долгоног пескар и сабјарки. Ниту еден вид од овие птици не гнезди кај нас, сите се тука поради миграцијата која се случува со полна пареа. Од еколошкото друштво велат дека особено е интересно присуството на сабјарки бидејќи тие во Македонија досега се видени само десетина пати.

-Ваквите слики не охрабруваат дека напорната работа за зачувување на Езерани има позитивни резултати. Езерани е заштитено подрачје повеќе од 20 години и со него управува Општина Ресен која има и посебна ренџерска служба за овој локалитет, појаснуваат од МЕД.

ВМРО – ДПМНЕ : Македонија со Заев тоне во сиромаштија

Во едно деноноќие има 160 новозаразени и 3 починати. Со овие бројки Македонија и понатаму е црн рекордер во регионот на починати и зарзени лица на еден милион жители. 

Бројот на вкупно заразени е над 12.500 лица што е 6 пати повеќе од прогнозите на Венко Филипче. Ова покажува колку лошо се менаџира здравствената криза која не е само македонски проблем, туку за жал станува и регионален и европски проблем. Македонија стана црна точка во време на епидемијата и извозник на заразени низ Европа.

Освен здравствената лошо се менаџира и економската криза. Станавме единствена земја во регионот на која и банкротира банка во време на кризата.

Поради неспособноста и неодговорноста Заев ја задолжи земјата и за милијарда евра нов долг во рок од само три месеци, а министерката Ангеловска наместо да се грижи за народните пари се грижела само како навреме да ги извлече заштедите од 250 илјади евра од Еуростандард банка.

Се дури Македонија ја води екипата на Заев на која побитно и е личното богатење наместо државата и народот, до тогаш ќе тоне народот во сиромаштија.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер