Отворена манифестацијата „10 дена Крушевска Република"

Со почит за Илинденците и значајните крушевчани, со испукување на црешовото топче пред Македониумот, синоќа во Крушево, пред Македониумот беше означен почетокот на Научно-културните средби „10 дена Крушевска Република".

Обраќајќи им се на крушевчани и на гостите пред Македониумот, крушевскиот градоначалик и претседател на Манифестацијата „10 дена Крушевска република" Томе Христоски, нагласи дека Илинден е празник на сите нас, празник на минатото, сегашноста и иднината. Го одбележуваме во несекојдневни услови на пандемија, но тоа, рече, не нѐ спречува да го чествуваме достоинствено.

– Продолжуваме да го негуваме Илинденското наследство, наследство кое е основата на нашето постоење. 117 години достоинствено одбележуваме херојство, жртва, победа за Македонија, 117 години минато за светла иднина на Крушево. Во несекојдневни услови го одбележуваме овој Илинден. Коронавирусот го обзема нашето секојдневие, но не нѐ спречува достојно да го одбележиме овој голем празник на Македонците и сите граѓани, сите народи, основоположници на нашата држава, рече Христоски.

Илинденското востание игра голема улога во историјата, културата и традицијата на Крушево и државата. Врз основа на тоа ги базираме нашата работа, многу од нашите манифестации, перспективите за иднината.

– Тоа е основата на нашето мултиетничко живеење. Илинден е празник на борбата за подобро утре, за светла иднина на нашите деца, за зачувување на нашиот јазик, нашиот идентитет, нашата држава. Нешто што успеавме да го запечатиме во меѓународни рамки за денес да бидеме партнери со напредокот. Ова е празник на меѓусебно почитување, толеранција и прифаќање на различностите.Денес го живееме сонот на Илинденците, а нивната жртва нѝ дава обврска да се потрудиме да создадеме подобро утре за општината, за сите наши граѓани, за најмладите, за повозрасните на кои им должиме подеднакво, порача Христоски.

Христоски смета дека патриотизам е почитување на соседот, на различниот од нас, како и работата на проекти за развојот на Крушево. Само така ќе се почитува Манифестот на Крушевската Република.

За заштитата на присутните се грижеа 25 редари одредени од општината. Низ градот и на Гумење поминаа Илинденските коњаници од Охрид, Лисиче, од Бигорски поздравени од присутните.

Делегации на општината и на Манифестацијата „10 дена Крушевска Република почит им оддадоа на Питу Гули, на хероите на Партизанските гробушта, на Тоше Проески. Свежо цвеќе положија во Криптата и пред спомен обележјето на Веле Марков.

Инаку, вчера беше отворен и четвртиот по ред летен фестивал „Кога си во Крушево". Се пријавија преку 200 учесници кои наредните 10 дена ќе може да рекреираат преку богатите содржини на Фестивалот: планинарење, возење велосипед, пешачење, виртуелни трки со примена на сите мерки за заштита.

Во Крушево за празникот има посетители од повеќе градови од земјава.

Денеска, на празникот, од 10,30 часот државни делегации и делегации на Општината, на политички партии и здруженија ќе се поклонат пред гробот на претседателот на Крушевската Република Никола Карев во Македониумот, пред спомен-обележјето на Слива, а централното чествување е напладне на Мечкин Камен каде ќе се обрати потпретседателот на собранието Горан Мисовски./МИА

Еден од главните шефови на Камора се согласил да соработува со властите по четврт век во затвор

По повеќе од 25 години затвор и одбивање да зборува, еден од главните шефови на италијанската комора, Франческо Скијавоне, одлучи да соработува со обвинителството, објавија италијанските медиуми, пренесе Бета.

Истражните органи се надеваат дека ќе добијат повеќе информации за Камора и нејзината можна поврзаност со италијанската политичка сцена.

Седумдесетгодишниот Скијавоне бил еден од основачите и „кум“ на кланот Камора „Касалези“ во провинцијата Касерта во близина на Неапол.

Пред неколку недели, како што јави ДПА, тој воспоставил контакт со антимафијашките служби.

Двајца од неговите синови соработуваат со властите од 2018 и 2021 година, а уште двајца се во затвор.

Камора е една од најозлогласените мафијашки организации во светот, а нејзиното родно место се јужните италијански провинции Казерта и Неапол.

САД ја обвинија Русија за ширење дезинформации околу терористичкиот напад во Москва

САД ја обвинија Русија за дезинформации околу терористичкиот напад во концертната хала „Крокус сити хол“ минатата недела во кој загинаа 143 лица.

Од Стејт департментот изјавија дека Москва ја користи оваа трагедија за да ја оправда својата агресија против Украина.

- Мислам дека руската влада води пропаганда и дезинформација. Мислам дека сосем очигледно тие се обидуваат да го искористат овој терористички чин, овој трагичен инцидент во кој, за жал, загинаа руски граѓани за да се оправда нивната агресија во Украина, рече Милер.

Тој укажа дека Москва „не дава значање на основните факти, се измислуваат факти за да се поддржи тоа што тие сакаат да го направат“.

„Тоа е истото поведение од почетокот на војната, и за жал тие исто постапуваат и сега“, рече портпаролот на Стејт департментот.

Четврти ден од потрагата по двегодишната Данка

Четврти ден ни трага ни глас од двегодишната Данка Илиќ, која исчезна во непосредна близина на мајка си. 

Во областа утрово пристигнаа специјалци од Белград и Нови Сад и детално го пребаруваат просторот околу куќата пред која исчезна двегодишното девојче. Полицијата и денеска вршеше претреси во неколку куќи во Бањско Поље. Багерите го расчистуваат теренот бидејќи куќата на семејството е опкружена со депонија од гломазен отпад, се острануваа шутот за полицијата полесно да ја пребарува поблиската околина. 18 пожарникари-спасувачи со 5 теренски возила, придружени од далеку прочуениот белгиски овчар Зиги познат по херојските дела по разорниот земјотрес во Турција, пристигна во Бор, но засега ништо не води до трага што ќе ја разреши мистеријата. Како минува времето шансите се се помали, вели првиот човек на центарот за исчезнати деца, Игор Јуриќ. Единствена опција детето да е живо е некој да побара откуп за него или да се случи чудо вели Јуриќ, кој што го оцени случајот како исклучителоно специфичен поради возраста на детето.

„Се’ побудува сомнеж и сите оклности на ова исчезнување се сомнителни и будат сомнеж. Многу е тешко сега да се зборува за тоа. На прв поглед беше многу тешко да се поверува дека двегодишно девојче може да отиде толку далеку така што и пристигнувањето на полицијата на лице место толку брзо не ја пронајде, како прво. Второ, сите околности и пристугнувањето на тоа место зборуваме за детето како се нашло тука, подоцна многуте изјави на блиските лица на девојчето се многу контрадикторни и тоа се што апсолутно нам ни буди сомнеж. Едноставно ми се чини дека не постои личност која е во близина, а да не буди сомнеж.“- Игор Јуриќ, Директор на центар за исчезнати и малтретирани деца

Мајката на исчезнатото девојче Ивана Илиќ повторно била донесена во полициска станица за да даде изјава во врска со информациите до кои дошла полицијата. Повеќе српски медиуми денеска објавија дека вештачењето на нјзиниот мобилниот телефон наводно покажало дека многу пораки и податоци за повици биле избришани, но информацијата никој официјално не ја потврдува. Во морето од шпекулации, во јавноста се повеќе доминира впечатокот за можна инволвираност на родителите во случајот.

Инаку синоќа босанската полиција уапси три лица кои преку социјалната мрежа „Тик Ток“ тврделе дека знаат каде е Данка, побарале 50 илјади евра како награда, а по апсењето изјавиле дека се шегувале. По исчезнувањето во вторникот, во Србија за прв пат е активиран системот „Најди ме“.

притисни ентер