Отворен реновираниот Супер Тинекс маркет Годел

Компанијата „Тинекс“ од денес, 26.11.2021 повторно отвора уште еден во низата реновирани, модерни, најснабдени маркети, тоа е „Супер Тинекс Годел“ на ул. „Перо Наков” бр. 108

Покрај големиот асортиман на производи кои „Тинекс“ ги нуди на своите потрошувачи, „Тинекс“ става посебен акцент и на комодитетот и врвната естетика на ентериерот во самиот маркет. Особено внимание посветува на изборот на материјали од кои се изработени внатрешните елементи кои ги задоволуваат сите светски стандарди, а посебно се лесни за одржување и дезинфекција што е секако многу важно во време на пандемија. Специјално избрани светлечки тела кои покрај нивната примарна намена да осветлуваат идеално се вклопуваат во целиот амбиент. За уште полесно навигирање низ полиците поставени се и ознаки со беспрекорна естетика и јаснотија кои на купувачот му помагаат полесно да се снајде низ „морето“ од артикли.

Покрај редовните оддели, располага со оддел за органска и здрава храна, голема и модерна пиљара каде што може да се купи свежо овошје и зеленчук, пекара од која во секое време може да се снабдите со свеж леб и топли бели печива и др., месарница за продажба на свежо месо и преработки од месо кои секојдневно се доставуваат од погоните за расек на „Тинекс“.

„Тинекс“ маркетот по реновирањето располага со продажен простор од 1000 м2 и има вкупно 35 вработени. Потрошувачите ги опслужуваат 5 наплатни каси. Во склоп на Супер Тинекс маркетот е отворена и аптека “Галениум фарм”, а наскоро се отвора и продавница за опремување на домот “Aџико”

Целта на „Тинекс“ е да им ги обезбеди најдобрите услови за пазарење на потрошувачите и токму поради тоа постојано подготвува ексклузивни акции, големи попусти и промоции, а за членовите на МОЈ ТИНЕКС клубот се организирани многу поволности, изненадувања и подароци.

АВМУ: ТВ Алфа со објава на злонамерни информации врши притисок врз АВМУ

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро реагира на обидот на ТВ Алфа да изврши притисок врз регулаторното тело преку објава на злонамерна информација. 

Имено, во изданието на емисијата „Заспиј ако можеш“, премиерно емитувано вечерта на 16 април 2024 година, новинарот Горан Момировски, меѓудругото тврдеше дека Агенцијата:

се меша во уредувачката политика на ТВ Алфа; и дека

неформално ѝ се заканува на ТВ Алфа дека може да биде затворена доколку нема „некаква избалансираност којашто е многу субјективна“.

Од почетокот на изборната кампања за Претседателските избори, вработени во ТВ Алфа во повеќе наврати се обратија до Агенцијата за појаснување на одредбите од Изборниот законик. И покрај тоа што Законикот во однос на обврската за избалансирано известување години наназад не е изменет и ТВ Алфа медиумски го покриваше секој изборен циклус, Агенцијата, на секое барање од телевизијата секогаш навремено одговара со појаснување на законските одредби. Секако, секој радиодифузер треба да донесе независна уредничка одлука и тоа регулаторот го потенцира во секоја комуникација со медиумите.

ТВ Алфа се пожали во повеќе наврати дека СДСМ и претставниците во власта од оваа партија одбиваат да гостуваат во нејзините програми. Агенцијата ја потсетуваше телевизијата дека во Претседателските избори учествуваат 7 кандидати, а во Парламентарните – 17 партии/коалиции, и имајќи го ова предвид може да постигне баланс при покривањето на кампањата доколку за првите издвои еднакво информативно време, а за вторите известува пропорционално, според бројот на потврдените листи со кандидати. Впрочем, ТВ Алфа не е единствената телевизија којашто се жали дека е игнорирана од некои политички субјекти, а Агенцијата, вообичаено при извлекувањето оценки за балансот ќе има предвид доколку медиумот ги поканил политичките субјекти а тие одлучиле да не учествуваат.

Воедно, ТВ Алфа намерно ја доведува во заблуда јавноста дека критериумот – според кој на радиодифузер нема да му биде обновена дозволата за емитување доколку не известува избалансирано во текот на еден изборен процес, произлегува од Агенцијата. Оваа воопшто не е точно бидејќи тоа е критериум којшто е пропишан во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

За жал, ТВ Алфа избра да ги погази професионалните новинарски стандарди и да објави злонамерна информација којашто е една од најлошите форми на манипулација со информациите, бидејќи е создадена со јасна цел да наштети некому, во конкретниов случај – на Агенцијата, се наведува во соопштението на АВМУ.

Костадиновска-Стојчевска: Саемот на книгата, е во одбрана на раскажувачите и писменоста

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, на отворањето на 36. издание на Саемот на книгата порача дека Министерството за култура, останува голем пријател и силен поддржувач на ова наше богатство.

Костадиновска-Стојчевска, денеска во арената „Борис Трајковски“ на отворањето на 36. издание на Саемот на книгата порача дека Министерството за култура, како покровител на овој, како што рече, „празник на книгата“, останува голем пријател и силен поддржувач на ова наше богатство.

„На годишните конкурси, од година во година, импресивен е бројот на сè повеќе пријавени квалитетни дела и од млади македонски автори. И тоа искрено нè радува. Како што нè радува и зголемениот интерес за создавање многубројни наслови и публикации за деца. Без двоумење ја добиваат нашата поддршка зашто во овие модерни времиња во кои има сè помалку зборови, а сè повеќе кратенки и емотикони, раскажувачите на приказни се чувари на писменоста“, рече министерката за култура.

Во присуство на голем број љубители на пишаниот збор, Костадиновска-Стојчевска порача дека во виртуелниот свет го нема овој опоен мирис на книгата. Само во реалниот свет, ова богатство од книги на македонски јазик од домашни и од странски автори го испишува овој простор во уште една „Приказна која се чита“.

Саемите за книги во последните години, според некои автори, кажа министерката дека прераснаа во едукативни и културни настани кои даваат можност за вмрежување преку негување на врските меѓу авторите, издавачите и читателите. Истовремено радува и сè поголемиот број посетители, што само по себе зборува многу за односот кон книгата.

Тиесет и шестото издание на Саемот на книгата, што ќе трае до 24 април, во седумте саемски денови ќе понуди книги од домашни и од странски автори од над 60 издавачки куќи од земјава и од регионот, соопштуваат од Министерството за култура.

Две девојчиња се повредени во напад со нож пред училиште во Франција, напаѓачот е уапсен

Две девојчиња се полесно повредени во напад со нож кај Суфелвајсхајм, соопшти денеска француската полиција.

Според извештаите, повредените девојчиња се на возраст од шест и 11 години, јавува француската ТВ БФМ.

Полицијата соопшти дека осомничениот напаѓач е уапсен.

притисни ентер