Дел од поголемите винарии и откупувачи на грозје ги објавија откупните цени на грозјето за годинава кои наидоа на жестоки ракции кај лозарите. Според лозарите неприфатливо е винариите да вршато откуп на грозје со цени кои се на ниво на ланските односно двете најзасапни сорти на грозје вранецот и смедервката кои лани се откупуваа по 18, 5 за вранецот и 16 за смедерваката годинава според објавените цени се планира да се откупат со зголемување од половина денар односно по 19 и 16 ипол денари. Ова според представниците на лозарите повеќе личи на грабеж на маката на лозарите отколку на подготвки за откуп на грозјето.
И според националнаат земјдеолска мрежа не прифатливи се објавените цени соред кои лзоарите ќе бидат во загуба. Тие бараат додека во соседсвтото грозјето се откупува по 60 до 90 денари кај нас барем да достигне реални 30 денари за вранецот и 25 за смедервеката за што очекуваат итно да се седне на заедничак маса и со посредствот на министерството да се преговоара а не еднострано да се објавуваат откупни цени.
Од Министерството за земјоделство информираат дека во текот на следната недела се очекува јавно да биде објавена производната цена за двете најзастапени сорти на грозје која годинава ја изработува земјоделскиот институ од скопје. Заради топлото време бербите на вранецот годинава се очекува да почнат по 20 август што не остава многу време за преговори. Годинава се очекува род од 90 милиони колограми на винско грозје.