Откриле 3 милиони фунти вредно викиншко богатство , па ги казниле на 18 години затвор

Двајца Британци , аматерски трагачи по богатство денеска се осудени на над 18 години затвор , затоа што го скриле пленот вреден 3 милиони фунти.

Двајца Британци кои не пријавиле пронајдено богатство на Англо-саксонците во вредност од околу 3 милиони фунти, денес се осудени на вкупно 18 и пол години затвор.

Пребарувајќи поле во Лемистер, централна Англија, користејќи метален детектор, 51-годишниот Лејтон Дејвис и 38-годишниот Џорџ Пауел откриле големо богатство, вклучително и монети, за кои се верува дека се од владеењето на кралот Алфред Велики.

Според британскиот закон, ваквите откритија мора да бидат пријавени кај сопственикот на земјиштето и кај локалните власти. Сепак, копачите решиле да ги чуваат за себе и почнале да пуштаат монети во продажба, било речено на судот во Ворчестер.

Пауел е осуден на 10 години затвор, а Дејвис на осум и пол години.

„Пронајдените монети од Дејвис и Пауел се стари повеќе од 1.100 години и на нив е врежан Алфред и Келвулф од периодот на Саксо-Викинзите“, рече обвинителот Лесли Милнер.

„Откритието има огромна историска вредност и требаше да биде пријавено кај властите, но Дејвис и Пауел себично го криеја за своја корист“.

Алфред управувал со јужната област Весекс од 871 до 899 година, додека Келвулф Втори бил крал на Мерсија, северно од Весекс, од 874 до 879 година од н.е.

Бонмати и Ѓоковиќ добитници на спортските оскари за 2023

Шпанската фудбалерка Аитана Бонмати и српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се добитници на наградата Лауреус, таканаречените Оскари за најдобра спортистка и спортист во 2023 година.

Минатата година Бонмати беше избрана за најдобар играч во изборот на ФИФА, а беше прогласена и за најкорисен играч (МВП) на Светското првенство на кое Шпанија ја освои шампионската титула.

Новак Ѓоковиќ ја освои наградата Лауреус по петти пат во кариерата, откако минатата година освои три од четирите грен - слем турнири (Австралија Опен, Ролан Гарос, УС Опен) и играше во финалето на четвртиот (Вимблдон).

Спортистите за наградата Лауреус се номинирани од претставници на светските медиуми, а победниците ги избираат 69 членови на Светската спортска академија Лауреус. Наградата е основана во 2000 година.

Добитници на наградата Лауреус за 2023 година:

Спортистка на годината: Аитана Бонмати

Спортист на годината: Новак Ѓоковиќ

Тим на годината: Шпанска женска фудбалска репрезентација

Најголем напредок: Џуд Белингем

Повратничка на годината: Симон Белс

Најдобра спортистка со попреченост: Диде де Грот

Спортистка на година во акциски спортови: Ариса Трев

Награда за хуманитарна работа: Фондација Рафа Надал. /МИА

Гласањето на болните и изнемоштените во десетте општини од Југоистокот почна без проблеми

Најмногу болни и изнемоштени се пријавени во Општина Струмица - 356.

Вкупно 1.547 болни и изнемоштени лица денеска гласаат во првиот круг од претседателските избори во десетте општини во Југоисточниот плански регион - Струмица, Радовиш, Василево, Босилово, Ново Село, Конче, Богданци, Гевгелија, Дојран и Валандово. Гласањето се одвива без проблеми и според општинските изборни комисии се очекува да заврши во попладневните часови.

Најмногу болни и изнемоштени се пријавени во Општина Струмица - 356, а заедно со нив гласат и затвореници од Затворот во Струмица. Утрово од 07:30 почна подигањето на избирачкиот материјал и процесот тече без проблеми.

Претседателите на изборните комисии од другите општини, исто така, информираат дека гласањето се одвива нормално и без пробеми.

Во Општина Ново Село се пријавени 299 болни и изнемоштени лица, Босилово-172, Гевгелија-175, Валандово-78, Василево-186, Радовиш-123, Конче-48, Дојран-44, Богданци-66 избирачи.

Во избирачкиот список во десетте општини вкупно се запишани вкупно 147167 граѓани со право на глас, кои ќе гласаат на 273 избирачки места.

ЈСП: Јавниот превоз утре по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје соопшти дека утре јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата на Водно нема да работи.

Како што се појаснува во соопштението, дежурни од седум до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.

притисни ентер