Откриена е причината за страшната експлозија во Бејрут- вештачко ѓубре од руски брод

Руските медиуми објавија дека моќната и огромна експлозија во Бејрут во која загинале најмалку 100 луѓе е предизвикана од ѓубриво запленето од руски товарен брод пред шест години.

Бродот „Росус“ се вкотвил во пристаништето во Бејрут пред десет години, поради дефект, а бил на пат за Африка со 2750 тони ѓубриво базирано на амониум нитрат, јавува либанската медиумска куќа ЛБЦИ, без да открие кој е сопственик на бродот.

Руската медиумска група РБЦ известува дека бродот, кој пловел од грузиското пристаниште Батуми до Мозамбик, е во сопственост на рускиот државјанин Игор Гречушкин, роден во далечниот источен регион Хабаровск, со престој на Кипар.

Откако Росус запрел поради дефект, Гречушкин го напуштил бродот без да го плати својот екипаж, тврди РБЦ, повикувајќи се на членовите на екипажот.

Според LBCI, опасната стока потоа се растоварила во магацин, каде останал со години. Пожарот што избувнал во магацинот поради прегревање на хемикалиите предизвикале експлозија во која беа уништени делови од градот.

Цариниците со години предупредувале дека ѓубривото е складирано непрописно и дека треба да се дислоцира од населената четврт, но безуспешно , изјави денеска шефот на царинската управа на пристаништето во Бејрут.

Досега загинале над 100 луѓе , а над 5000 се повредени во страотната експлозија.

Љубе Бошкоски е примен на Инфективната клиника, му се влошила состојбата со коронавирусот

Поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски попладнево е примен на Инфективната клиника откако неговата состојба поради коронавирусот се влошила.

Неговата состојба во овој момент е комплицирана, јавуваат медиумите ,но подетални информации до овој момент нема.

Бошкоски беше дијагностициран со ковид-19 минатата недела.Тој самиот пред неколку дена изјави дека му бил дијагностивиран Ковид-19 , но дека се чувствува добро и е во самоизолација во родниот Челопек.

Пукотници во Призрен, убиен напаѓачот кој пукал кон полицајците

Косовската полиција вечерва објави дека во Призрен напаѓачот пукал кон полицајците кои одговориле со огнено оружје во самоодбрана.

Во соопштението, косовската полиција наведува дека нивните припадници вечерва во Призрен го пронашле осомничениот Б.Ш., со прекар „Слепи“, за кого е распишана потерница за делото „убиство во обид“.

Во моментот кога ја забележал полициската патрола, осомничениот започнал да пука кон полицајците, кои биле принудени да одговорат со огнено оружје во самоодбрана, се вели во полициското соопштение.

На осомничениот, кој бил повреден при размената на оган, му била укажана лекарска помош и бил испратен на лекување во болница.Сепак, надлежните лекари потврдиле дека лицето починало, се додава во соопштението.

На местото на настанот е пронајдено оружје, со кое осомничениот пукал кон полицајците, како и две рачни бомби.

Форд од 80-тите е најскапиот караван на светот(ФОТО)

Тргувањето со стари автомобили е денес многу профитабилна работа, особено кога станува збор за егзотични примероци на класиците од минатиот век.

Овој Форд не припаѓа скоро никаде. Тоа е издолжено возило, типично за американскиот пазар,што ја дели основата со тогашниот Мустанг. Готовиот производ е апсолутно неинтересен во однос на технологијата. Се напојува со 3.8 V6 мотор , а овој модел има 150.000 километри поминато зад себе.

Сето ова вели дека автомобилот ќе биде тешко да го смени сопственикот, дури ни за неколку илјади евра, а камоли за 1.999.999 евра, колку што бара сегашниот сопственик. Неговата самодоверба произлегува од фактот дека тој е единствен, барем кога станува збор за изгледот. Автомобилот е насликан во 1996 година од танзанискиот уметник Џорџ Лиланг.

Според огласот објавен на mobile.de, Лиланг го насликал автомобилот за време на изложбата во Фирт, Германија, кога сопственик на хотел му понудил бесплатно сместување доколку го наслика автомобилот и го претворил во уметничко дело.

Друг уметник, Пони Јенги, помогнал во креирањето на новата надворешност, украсувајќи ги предните и задните делови на возилото, додека остатокот го направил Лиланг.

Без сомнение, безличниот караван станал уметничко дело и единственото прашање е дали вреди толку многу.

притисни ентер