Отфрлена спогодбата за жртвите на холивудскиот предатор Вајнштајн

Окружниот суд во Менхет ја отфрли предложената спогодба од 18,9 милиони американски долари во граѓанската тужба за жените кои тврдат дека биле сексуално експлоатирани и малтретирани на работното место од холивудскиот продуцент Харви Вајнштајн.

Износот на спогодбата е резултат на две граѓански судски постапки, едната поднесена во 2018 година од страна на јавниот обвинител против Харви Вајнштајн, неговиот брат Боб и нивната филмска компанија „ The Weinstein Company “, а другата е поднесена од група жени во 2017 година за сексуално насилство од поранешниот филмски магнат.

Спогодбата требаше да биде одобрена денес од судот, по што ќе се формира фонд за да се исплатат жените кои го тужеле Вајнштајн за сексуалното насилство.

Судијата Алвин Хелерстеин, меѓутоа, рече дека прелиминарната спогодба е неправедна за силуваните или сексуално експлоатирани жени од Вајнштајн, а исто така најде неприфатлив план што вклучува пари од фонд што ќе му овозможи на Вајнштајн и администрацијата на неговото поранешно студио да плаќаат трошоци за одбрана. .

Парите за овој фонд треба да ги платат осигурителните компании.

„Идејата Харви Вајнштајн да добие пари да се брани пред тие што го тужат е луда“, рече Хелерстеин на сослушувањето.

Спогодбата неше осудена од жените, кои тврдат дека според предлогот, жртвите на Вајнштајн ќе бидат компензирани со само 10.000 до 20 000 долари, додека 15,2 милиони долари ќе бидат наменети за трошоци за одбраната.

Даглас Вигдор, адвокат кој застапува шест жени кои не ја прифаќаат спогодбата, рече дека е задоволен што судијата „брзо ја отфрлил таквата еднострана спогодба“.

Вајнштајн (68) поднесе жалба на пресудата во февруари со која му се изрекува казна затвор од 23 години за прекршоци за кои се товари - сексуален напад на неговата асистентка и силување на актерка. За него се поднесени посебни тужби за силување и сексуална злоупотреба во судот во Лос Анџелес.

Подготвени 5. 000 доброволци за третата фаза на вакцината против корона

Саудиска Арабија наскоро ќе ја започне третата фаза од клиничките испитувања на потенцијалната кинеска вакцина против Ковид 19, во која ќе учествуваат околу 5.000 доброволци, соопшти саудиското Министерство за здравство.

Минатиот месец компанијата ChangShino Biologics објави дека е во преговори со Русија, Бразил, Чиле и Саудиска Арабија за третата фаза на тестирање на можната вакцина, пренесува Ројтерс.

Истражувачите претходно рекоа дека оваа вакцина, развиена во соработка со кинескиот воен истражувачки тим, делува безбедно и создава имунолошки одговор кај повеќето субјекти.

Антониот Бандерас има коронавирус: Го славам роденденот во карантин

Шпанскиот актер Антонио Бандерас откри дека добил позитивен тест на коронавирус за неговиот 60-ти роденден.

"Сакам да објавам. Принуден сум да го прославам 60-тиот роденден во карантин, бидејќи сум позитивен за ковид-19, што го предизвикува коронавирусот", напиша тој на Твитер.

„Би додал дека се чувствувам релативно добро, малку поуморен од вообичаеното и сигурен сум дека ќе се опоравам што е можно поскоро“, додаде тој.

„Се надевам дека препораките на лекарот ќе ми помогнат да ја надминам оваа болест која влијаеше врз мене, но и на толку многу луѓе во светот“, напиша тој.

Тој додаде дека во изолација планира да чита, да пишува, да се одмори и да прави планови и дека го слави својот 60-ти роденден полн со желба и ентузијазам.

„Голема прегратка за сите“, напиша актерот, кој моментно е во неговиот дом во Кобам, Сари, Велика Британија.

Во својата кариера, Бандерас глумеше во повеќе од 100 филмови. По повод 92-тата награда на Американската филмска академија, тој беше номиниран за Најдобар актер за неговата главна улога во филмот „Тага и слава“ во режија на Педро Алмодовар.

Јапонски танкер испуштил илјада тони нафта во океанот, може да се распадне

Од насуканиот танкер на 25 јули се појавиле пукнатини додека се движел околу коралниот гребен во Индискиот океан во близина на Маурициус и се чини дека ќе биде преполовен.

Дека танкерот ќе се преполови и дека на него се појавиле големи пукнатини, објави премиерот на Маурициус, Кумар Југнаут.

Инаку , јапонскиот танкер Вакашио кој се движел преку коралниот гребен е долг 299,5 метри и широк 50 метри и имал 20 члена на екипажот.

Плови под знамето на Панама и е во сопственост на Окијо Марин. За бродот се верува дека носел околу 4.000 тони нафта. Се стравува дека досега истекле најмалку 1.000 тони нафта во водите околу Маурициус.

Истурената нафта, предизвикала еколошка катастрофа бидејќи се заканува на коралите, рибите и другите морски животи во Индискиот океан, а активистите на Гринпис велат дека тоа најверојатно ќе биде најлошата еколошка криза во историјата на Маурициус.

Поради силниот ветер кој започна да дува во областа, операцијата за прочистување на нафтата е стопирана.

Високите бранови до пет метри, се очекуваат во наредните часови, што дополнително ќе го комплицира отстранувањето на нафтата, но ќе ја загрози и цврстината на карпата , на која е насукан танкерот.

Компанијата за испорака „Нагашики“, која е сопственик на товарниот брод Вакашио, рече дека тие исто така се обиделе да постават заштита околу бродот за да спречат протекување на нафтата, но дека не успеале поради лошите временски услови. Во исто време, дел од горивото се пренесува со хеликоптери на друга локација.

„Ние правиме се што е можно во соработка со властите на Маурициус и соодветните јапонски организации да се испумпува нафтата од бродот, да се исчистат маслото од нафтата и безбедно да се премести бродот“, велат од компанијата.

притисни ентер