Отчет на градоначалникот на општина Штип, Илчо Захариев

Захариев во отчетот за сработеното рече дека неговата изборна програма е обемна, има повеќе од 125 проекти и дека во програмата не ставиле многу проекти кои сега веќе ги реализирале, јави МИА.

За овие 86 дена завршивме многу важни проекти. Во секоја урбана заедница ни дадоа по пет приоритети и за сто дена ќе ги завршиме речиси сите. Направивме многу патишта, а го завршуваме и патот од 20 километри кон Мантово, со што се поврзуваат општините Штип и Конче, а истовремено со тоа, градот добива едно рекреативно езеро кое се наоѓа на само 25 километри од градот.

Ова денеска на прес-конференција во Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ го истакна градоначалникот на општина Штип, Илчо Захариев кој во отчетот за сработеното рече дека неговата изборна програма е обемна, има повеќе од 125 проекти и дека во програмата не ставиле многу проекти кои сега веќе ги реализирале.

- Го реконструиравме патот Три чешми - Аеродром Сушево, го уредивме како пешачка зона, ставивме многу клупи и направивме дрворед од над 330 дрвја. Асфалтиравме две многу важни улици во Штип. Тоа се улица Браќа Миладиновци, а ја завршивме и ул.„Генерал Михајло Апостолски“, а за 10-тина дена треба да ја завршиме една од улиците кои ги поврзува нашиот рекреативен дел кој се вика Сутлак од двете страни, од населбата Десници и од Бриони, рече Захариев.

Посочи дека водата и водоснабдувањето се многу важен дел од неговата изборна програма.

- За населбата стар Караорман веќе е завршен водоводот и после 70 години таа добива чиста и здрава вода за пиење, иста како што пијат штипјани. Ја завршивме канализацијата во село Чардаклија, а деновиве работиме и на канализацијата во населбата Балканска, со што овие две населби ќе бидат поврзани со колекторот на општина Штип. Завршивме седум спортски игралишта. Го работиме комплексот игралишта во Автокоманда, притоа го уредуваме и како парк, каде ќе има содржини за забава на децата, пензионерите, а пред се спортистите. Такви игралишта направивме во населбата Дузлак и населбата Железничка, рече Захариев.

Направивме, укажа тој, едно рекреативно езеро кое се наоѓа на 3-4 километри од Штип кај Три Чешми, кое ќе го користат и жителите на таа населба, но и штипјани со одредени содржини за одмор и рекреација.

- Ги завршивме проектите предвидени за сите села. Во Судик направивме плоштад со чешма и сега се гради водоводот. Во село Сарчиево исто така ја направивме чешмата и наскоро треба да го завршиме асфалтирањето на патот. Во село Драгоево е направен селски плоштад со површина од 300 метри квадратни, со чешми за водоснабдување и содржини за рекреација, клупи и пропратна опрема. Во село Селце се завршени четири чешми и водопоила за добитокот, истакна Захариев.

Во село Горачино кое што беше долго време заборавено, како што рече, луѓето се враќаат пред се поради завршените проекти, четири селски чешми, овозможено е да има улично осветлување и наскоро ќе почне патот од 20 километри до ова село, во Лакавица е направена автобуска постројка, а во истото село, кое беше зафатено од поплави во месец март при што беа оштетени мостови кон селата Суво Грло и Пухче, се зафативме и направивме неколку нови мостови и е воспоставена комуникација кон овие села.

- Почната е реконструкција на зградите во центарот на Штип и околу плоштадот се обновени фасадите на зградите, а ќе продолжиме кон ул.„Ванчо Прке“. Почнавме со проектот „Отиња“ и веќе се уредува речното корито. Во прва фаза ќе уредиме 200 метри меѓу Камениот мост и мостот кај Стопанска Банка. Наскоро штипјани ќе имаат нова сала за венчавање во која инвестираме околу 30 милиони евра, донации од бизнис заедницата. Во населба Баби отворивме Пензионерски дом, го поврзавме долниот дел со горниот дел од населбата со пешачка патека. Во сите населби имаме почнато проекти кои треба да бидат реализирани во наредниот период, посочи Захариев.

Тој информира дека од понеделник ќе почне реконструкцијата на училиштето во населбата Македонка, проект кој го работат со Министерството за образование.

- Наскоро почнува и „Штипско културно лето”. Верувам дека од содржините кои ги направивме за ова лето сите ќе бидат задоволни, а што е уште позначајно, се она што се прави во делот на инфраструктурното живеење на штипјани, мислам дека тие веќе го чувствуваат и дава одлични резултати. Програмата се реализира со забрзана диманика, користиме нормално сопствени ресурси, но она што е позначајно направивме администрацијата да може да биде во функција на реализација на овие проекти, додаде Захариев.

Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд

Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. 

Во недела и во вторник на повеќе места ќе има врнежи, кои повремено ќе бидат пообилни и поројни проследени со појава на грмежи и засилен ветер.

Како што најавуваат од УХМР, поради спуштање на постудена воздушна маса во недела на планините врнежите повремено ќе преминуваат во снег и ќе се формира нова снежна покривка.

Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени локални врнежи од дожд, особено во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18 степени.

Времето во Скопје ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец со температура до 16 степени.

Меѓународни авиокомпании откажуваат летови до и од Израел

Меѓународни авиокомпании ги откажаа летовите кон и од Тел Авив, неколку часа по извештаите за израелски напад врз иранска воздушна база.

KLM, Swiss Air, Austrian Airlines и Lufthansa ги откажаа денешните летови до и од Израел, јавија израелските медиуми.

Распоредот на летовите беше нарушен во текот на минатата недела бидејќи авиокомпаниите реагираа на нападот со беспилотни летала и ракети од Иран врз Израел во саботата. /МИА

Зголемени потрошувачките, станбените, автомобилските и кредитите на тековните сметки во март

 Вкупните кредити, во март, забележаа месечен раст од 0,3 проценти, поради зголеменото кредитирање на секторот „домаќинства“. 

Годишниот раст изнесува 6,1 процент и се должи на повисоките кредити на двата сектора, со поголем придонес на секторот „домаќинства“, објави денеска Народната банка.

Кредитите на домаќинствата се зголемени за 0,5 проценти на месечна основа, при годишен раст од 6,8 проценти. Месечниот и годишниот раст, посочува НБ; се резултат на зголеменото кредитирање во денари и во странска валута, со поголем придонес на кредитите во странска валута.

Кај кредитите на корпоративниот сектор во март нема промена во споредба со претходниот месец. На годишна основа, е забележан раст од 5,4 проценти, којшто во целост произлегува од зголеменото кредитирање во денари, во услови на пад на кредитите во странска валута.

‒ Во март 2024 година, гледано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, кај потрошувачките и станбените кредити, како најзастапени категории, е забележан месечен раст од 0,4 проценти и еден процент, соодветно, при годишен раст од 5,8 проценти и 10,4 проценти, соодветно. Автомобилските кредити, овој месец, се зголемени за 1,8 проценти и 13,1 процент на месечна и на годишна основа, соодветно, додека кредитите одобрени на кредитните картички забележаа месечен и годишен пад од 0,8 проценти и 6,8 проценти, соодветно. Во март, негативните салда на тековните сметки остварија месечен раст од 2,3 проценти, при годишно зголемување од 6,1 процент. Кај кредитите одобрени врз други основи е остварен месечен пад од 1,7 процент, додека на годишна основа се намалени за 21,2 проценти, информира НБ.

Вкупните депозити во март, се намалени за 0,9 проценти на месечна основа, во целост како резултат на падот на депозитите на корпоративниот сектор, при раст на депозитите на секторот „домаќинства“. Споредено на годишна основа, остварен е раст од 9,3 проценти, поради зголемените депозити на двата сектора, со поизразен придонес кон растот на депозитите на секторот „домаќинства“.

Како што наведува централната банка, вкупните депозити на домаќинствата во март се повисоки за 0,1 процент и 8,7 проценти на месечна и на годишна основа, соодветно. Растот кај двете основи се должи на повисоките долгорочни депозити и депозитните пари, во услови на забележан пад на краткорочните депозити.

Во март, вкупните депозити на корпоративниот сектор, се намалени за 2,4 проценти на месечно ниво. Надолната промена пред сè се должи на намалените депозитни пари, при дополнителен пад и на краткорочните депозити, а во услови на раст на долгорочните депозити. На годишно ниво, депозитите на корпоративниот сектор се зголемени за 12,2 проценти, во поголем дел како резултат на растот на депозитните пари, краткорочните депозити во странска валута и долгорочните депозити во денари, при дополнителен позитивен придонес и на останатите компоненти.

притисни ентер