Отавијано дел Турко осуден на 9,5 години затвор за поткуп

Поранешниот италијански министер за финансии Отавијано дел Турко денеска е осуден на речиси 10 години затвор за корупција за време на неговата служба во органите на локалната самоуправа во Абруцо, соопшти ДПА.

Дел Турко во 2008 година беше лишен од слобода на еден месец и принуден да поднесе оставка од функцијата гувернер на централната област Абруцо, откако еден бизнисмен ги информира истражните органи дека му дал поткуп во висина од шест милиони евра.

Судот во Пескара, најголемиот град во областа, го прогласи Турко за виновен по обвиненијата за корупција и неколку други кривични дела.

Тој е осуден на девет години и шест месеци затвор, а треба да плати отштета во износ од три милиони евра и доби доживотна забрана да зазема јавни функции.

Политичарот, кој веќе пет години се наоѓа во домашен притвор, може и да не влезе во затвор, доколку ја обжали пресудата, а се очекува токму тоа да го направи.

-Невин сум, изјави тој за локалниот весник „Чентро“.

Неговиот адвокат Џандоменико Кјаца, ги обвини истражните органи дека не успеале да најдат „дури ни едно евро“ од поткупите, кои се во основата на предметот.

Турко е поранешен синдикалец, а бил министер за финансии во периодот 2000-2001 година, додека во 2005 година беше избран за гувернер на Абруцо. Тој е член на левоцентристичката Демократска партија (ДП). Откако се покренаа обвиненијата против него, тој е заштитуван од соработници на поранешниот премиер Силвио Берлускони.

Судот денеска им изрече затворски казни и на осуммина други обвинети, а меѓу нив и на Винченцо Мариа Анџелини, човекот кој призна дека му дал потпкуп на Турко. Тој е осуден на три години и шест месеци затвор.

Петчлено семејство од Оклахома, меѓу кои и две деца, се убиени во нивниот дом

Телата на пет лица, меѓу кои и две деца, се пронајдени во куќа во Оклахома Сити, соопшти денеска американската полиција.

Получникот Гери Најт од полицијата на државата Оклахома изјавил дека загинатите биле семејство и умреле од насилна смрт, пренесува ABC News.

Најт додаде дека полицијата сè уште не може да открие што точно пронашле инспекторите.

Полицијата била испратена во дом на околу 20 милји западно од центарот на Оклахома Сити под сомнение дека има тела, рече Најт.

Според него, на сите тела имало повреди кои изгледаат како да се работи за убиство.

Хаос во Денвер: Брат му на Јокиќ претепа навивач во публиката (ВИДЕО)

Кошаркарите на Денвер Нагетс и во вториот меч во плејоф серијата славеа против Лос Анџелес Лејкерс, овојпат со 101:99, со што дојдоа до водство од 2:0 и комплетно го одбранија домашниот терен од исто толку натпревари.

Кошаркарите на Денвер Нагетс и во вториот меч во плејоф серијата славеа против Лос Анџелес Лејкерс, овојпат со 101:99, со што дојдоа до водство од 2:0 и комплетно го одбранија домашниот терен од исто толку натпревари, но вистинскиот хаос беше виден на трибините во режија на браќата на Никола Јокиќ.

Имено, на видеото кое се појави на социјалните мрежи може да се видат браќата на Јокиќ кои се во клинч со навивач, не се знае дали се работи за навивач на Нагетс или Лејкерс, но таму било и семејството на Јокиќ.

Страхиња Јокиќ, постариот брат на Никола, во еден момент жестоко се скарал со некој од трибините, тргнал кон него, а потоа го удрил со бокс.

Вториот брат на Јокиќ веднаш дошол да го смири Страхиња, а таму биле и сопругата на Никола, Наталија и ќерката Огњена, кои веднаш заминале.

@cgallegos67 #nuggets #nba #lakers #jokic ♬ original sound - Christian

Млад странски работник е убиен во Хрватска, најверојатно Украинец

Во центарот на Славонски Брод попладнево било пронајдено машко тело.

Полициската управа Брод-Посавина соопшти дека е приведено едно лице поврзано со инцидентот, објави Индекс.

Danas.hr дознава дека се работи за млад градежен работник од Украина. Тие наведуваат и дека конфликтот се случил во стан во центарот на градот каде што биле сместени работниците (родени во 90-тите).

За потсетување, полицијата соопшти дека околу 15:17 часот во куќата било пронајдено тело на маж и дека се води истрага, а потоа и кривична истрага која треба да ги расветли сите околности.

притисни ентер