Оставките на Заев одложени до нормализирање на процесите во државата

 Извршниот и Централниот одбор на СДСМ синоќа едногласно донесоа одлука премиерот и лидер на партијата Зоран Заев да ги одложи оставките се додека не се нормализираат процесите во државата.

– Во демократска дискусија во која што членовите на ЦО имајќи ги предвид пред се случувањата во државата и моментумот во којшто се наоѓа Македонија во овој период, којшто е многу клучен за процесите коишто понатаму треба да следуваат, едногласно донесе одлука претседателот и премиерот да ја одложи оставката на одредено време додека овие процеси не се нормализираат, изјави претседавачот на ЦО на СДСМ, Перо Костадинов по вечерашните седниците на двете тела.

Според Костадинов, одлагањето на оставките ќе биде додека состојбите во државата го бараат тоа.

– Не треба да потенцирам дека државата после многу години режим продолжува и се гради на европските вредности, на вистинските демократски и слободарски вредности. Ова е слободна во која што принципите на единството, принципите на соживотот се клучна наша водилка и затоа СДСМ се исправува на висина на таа задача и наредниот период ќе работи во интересите на граѓаните и на можноста која е исправена пред нас државата да западне во нова криза и да биде ставена во некој ретроградни процеси. Генералната одлука која што е донесена е дека моментумот пред којашто е исправена Македонија е многу значаен и сите ние треба да бидеме на висината на задачата, бидејќи голема е цената, потенцира Костадинов.

Тој изрази надеж дека сите, а пред се политичарите и функционерите, ќе го запазат демократскиот курс по којшто е тргната земјата и дека сите заедно „ќе продолжиме на патиштата коишто значат прогрес пред се движење по европските патишта".

Пред почетокот на седниците на Извршниот и Централниот одбор, вицепремиерот и потпретседател на СДСМ, Фатмир Битиќи, изјави дека партијата треба да се подготви за четврток, затоа што пред нас се големи предизвици, и општествени и економски, за коишто ќе разгледаат кое е најдоброто решение.

Во врска со најавената оставка на премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, Битиќи истакна дека таквиот потег го смета за демократски чин.

– Мора да се навикнеме на такви демократски чинови, но тоа не значи дека премиерот Заев не ни треба. Сметам дека во овој момент тој му е потребен на општеството и му треба на владеењето во државата и понатаму. Така што не знам дали денеска на дневен ред ќе расправаме за неговата оставка, но сметам дека има побитни теми. Енергетската криза, економската криза, пандемијата која што очигледно има нов бран и секако севкупниот предизвик во којшто државата се наоѓа, додаде Битиќи.

Претходно, СДСМ преку партиско соопштение порача дека четврток е денот кога ќе се види дали ВМРО-ДПМНЕ ќе успее да собере доволно пратеници за изгласување недоверба на Владата или пак на површина ќе исплива уште еден блеф на лидерот на оваа партија, Христијан Мицкоски.

– Дали молкот е доказ за стравот на Мицкоски од нов дебакл, дали во меѓувреме му испари долго најавуваното мнозинство?, праша СДСМ,

Партијата најави дека продолжува да разговара и да иницира соработка со сите прогресивни и демократски сили, со цел да обезбеди стабилна иднина на државата и целиот народ.

Заедно, демократските, проевропски партии нема да дозволиме само заради пуста желба за власт, Мицкоски, Апасиев и Груевски државата да ја носат удолу, а народот да страда како во оние 11 години на режимот. Нема да дозволиме ниту загрозување на се она што досега е постигнато, на Договорот од Преспа, на Охридскиот рамковен договор, на Договорот за доброседство со Бугарија, на заедничкото едно и еднакво општество. Огромното мнозинство наши граѓани но и пратеници, застануваат зад заедничката кауза, граѓанска и државничка, наведе СДСМ.

Од друга страна, ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДСМ се обидува со поткупи, уцени и закани да остане на власт.

– Се повторуваат сценаријата со притисоци врз пратеници, овој пат потпишани на иницијативата за изгласување недоверба на актуелната влада. Информациите се дека тие притисоци се интензивни и дека не се штедат ниту во злоупотребите, ниту во непристојните понуди.

На ваквите тврдење СДСМ одговори дека ВМРО-ДПМНЕ се обидува да најде алиби во наводни закани кон пратеници, откако „станува јасно дека на Христијан Мицкоски му испарува мнозинството во Собранието". – Пратеници од опозицијата самите признаваат дека потписите за Иницијативата за недоверба на Владата се собрани преку меѓусебни лаги и измами, наведе СДСМ.

Пратеникот од Алтернатива Скендер Реџепи во понеделникот изјави дека бил „прелажан" да се потпише на иницијативата за ново парламентарно мнозинство, нагласувајќи дека не сака да учествува во уривањето на Владата заедно со пратеници од Левица. Тој дури најави и дека ќе ја напушти Алтернатива, доколку партијата заедно со Левица учествува во уривањето на Владата.

По ова, вчера преку Фејсбук се огласи координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, кој му го предложи на Реџепи да се потпише на нова иницијатива за гласање недоверба на Владата заедно со уште 19 пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

– Колега Скендер Реџепи, да го сочуваме достоинството на пратениците и затоа Ве повикувам заедно да ставиме крај на газењето на пратениците од страна на хибридниот режим и согласно член 92 од Уставот, изберете 19 пратеници од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ кои заедно со вас ќе поднесат нова иницијатива до Собранието за гласање на недоверба на владата на хибридниот режим СДСМ-ДУИ, напиша Мицевски на Фејсбук.

Реџепи синоќа возврати начелно го прифаќа предизвикот на Мицевски, но најави дека претседателството на Алтернатива денеска ќе го донесе конечниот став по иницијативата за гласање недоверба на Владата.

Собранискиот претседател Талат Џафери синоќа изјави дека доколку не и се изгласа недоверба на Влада, во наредните 90 дена не може да има повторно гласање за ова прашање.

– Јасни се процедурите. Има седница закажана во четврток. Седницата мора да има епилог. Епилогот може да биде, се гласа недоверба – паѓа Владата, не се гласа недоверба – не паѓа Владата. После тоа наредните 90 дена не може да има повторно гласање за недоверба. Затоа е даден рок од 90 дена, рече Џафери гостувајќи во емисијата Клик Плус на ТВ21.

Процедурата, како што посочи, е отпочната и појасни дека ако сега се повлече барањето за гласање на недоверба на Влада, нема право за повторно барање за гласање недоверба во наредните 90 дена. Седницата за гласање на доверба на Влада е закажана за в четврток во 11 часот.

Според Џафери премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев направил добро што не се повлече од функциите.

– Не треба да се води од моментални емоции. Треба да се координира и да продолжи да ги води институциите. Не треба да носи емотивни одлуки, има одговорност да ја води Владата, Институциите треба да функционираат нормално. Ова е враќање назад. Правиме еден чекор напред, два назад, рече Џафери.

Поранешниот амбасадор на Грција во Скопје, Александрос Маљас оцени дека одговорност за актуелната ситуација во земјава имаат и „конкретни држави од Европската Унија", поради неуспехот да се даде зелено светло за пристапни преговори.

– Се наоѓаме во фаза, која би рекол дека беше предвидлива, по неуспехот на некои земји членки на Европската унија да „дадат зелено светло" за пристапните преговори, кои беа еден од многу силните мотиви за потпишување на Договорот од Преспа и секако за ратификацијата од Собранието во Скопје. Дозволете ми да кажам дека постои одговорност на конкретни држави од Европската Унија, рече Маљас за грчката телевизија „Скај"./МИА.

Полицајци добиле повик на гробишта- таму затекнале жена, која ги „замрзнала“ (ВИДЕО)

Гратчето Лулес, во аргентинската провинција Тукуман, го „потресе“ необичен настан кој е снимен пред неколку дена.

Полициската патрола добила дојава дека „непознато лице ноќе се шета во близина на гробиштата“, па решиле да проверат за што се работи. Видеото од интервенцијата се појави на мрежите и започна дебата за постоењето на паранормалниот свет.

Кога пристигнале на гробиштата, полицајците затекнале непозната жена со долга црна коса како бесцелно одела, облечена во „излитена“ облека.

„Таа не сакаше да комуницира со нашите полицајци. Испушташе чудни звуци и во еден момент клекна пред нив“, соопштија властите.

Жената продолжила да си зборува, а потоа почнала да вреска. Таа потоа тргнала во правец на локалниот каменолом, пишува Мендоза пост.

Медиумите објавија дека полицијата на крајот успеала да воспостави комуникација со жената која наводно рекла дека „го бара синот“.

Локалните власти остануваат цврсто затворени за информаци додека не заврши истрагата. Во исто време, локалните гробишта во Лулес се најдоа во центарот на вниманието на корисниците на социјалните мрежи.

Како што можете да замислите мислењата се поделени.

Додека некои веруваат дека се работи за дух, или некаков вид привидение, други се прашуваат од кога духовите имаат сенка и заклучуваат дека на жената ѝ е потребна медицинска или психијатриска помош.

Тамара починала додека 12 часа чекала доктор да ја прегледа во Итната помош во Британија

Тамара Дејвис (31) починала откако 12 часа била оставена во инвалидска количка во болницата во Сасекс во Велика Британија каде таа и нејзиното семејство биле сведоци на сцени „налик на војна“.

Семејството жената која починала откако поминала 12 часа на болничка количка рече дека одделението изгледало како „сцена од воена зона“. Тврдат дека 30 пациенти со видливи повреди лежеле на носилки и во ходниците.

„Таму беше апсолутен масакр. Беше како медицинска воена зона. Имаше 30 луѓе на колички кои чекаа соодветен третман и повеќе луѓе на подот и седиштата. Беше тотален хаос“, рече мајката на Тамара.

Вечерта на 10 декември 2022 година, Тамара Дејвис била однесена со автомобил во болницата во округот Сасекс откако се пожалила на тешкотии со дишењето.

На рочиштето на истражниот суд во Брајтон Сити беше кажано дека нејзиниот партнер, Рафаел Ифил, направил пет очајнички повици на 999 за да се обиде да добие брза помош. Кога тие не одговориле, тој го натерал својот брат да ја вози Тамара до болницата во округот Сасекс.

"Раф не можеше да добие брза помош. Помина два часа обидувајќи се да добие. Пет пати се јави и не ги доби", додала мајката.

Веднаш била испратена во област каде ѝ дале кислород пред да ја однесат до ходникот каде што чекала повеќе од 10 часа. Нејзината уништена помлада сестра Мија (25), која веднаш дошла во болница за да биде со неа, рече дека персоналот едноставно заборавил на нејзината сестра.

„Требаше да се грижат за неа, но едноставно заборавија на неа и таа остана свиткана во количка во ходникот. Се чувствувавме беспомошни. Беше лудо. Тие ѝ дадоа антибиотици, но потоа не успеаја да ѝ дадат уште една доза, иако тоа го напишаа во нејзините белешки. Подоцна беше пречкртано, но нема објаснување зошто и нема иницијали до пречкртаниот запис. Се чинеше дека имало моменти кога сестра ми ја третирале како товар. Ниту една медицинска сестра, лекар или вратар не ја погледна“, рече Мија.

Состојбата на Тамара продолжила да се влошува и на крајот била примена на интензивна нега каде што била ставена на респиратор, но починала три дена подоцна на 13 декември поради сепса и нејзините органи постепено откажуваа.

Со скршено срце изјави дека Тамара „колабрирала“ во болница и починала по „одвратното“ лекување во болницата Сасекс. Велат дека нејзината смрт можела да биде спречена доколку добиела соодветна нега во Итната помош и дека не успеале да ја лекуваат во болница.

„Никогаш не сум почувствувала како ми се крши срцето како кога ми рекоа дека сестра ми нема да се опорави. Тоа беше како последователна мисла. Таа беше оставена, речиси заборавена. Третманот со сестра ми беше ужасен. Никој не дојде да провери. Никој не застана да праша дали имаме сè што ни е потребно или дали ѝ е удобно. Срцето ми се крши кога знам дека нејзината смрт можеше да се спречи ако ја добиеше грижата и вниманието што ѝ требаше.“

Смртта ќе биде предмет на целосна истрага откако Џоан Ендрјус, судски вештак за Западен Сасекс, Брајтон и Хов, рече дека има причина да се сомнева дека нејзината смрт е „неприродна“.

По краткото сослушување, семејството рече дека сака објаснување зошто лекарите „не“ и пружиле соодветна грижа.

"Сакам одговори. Апсолутно е одвратно што не успеаја да се грижат за неа како што треба. Поразително е да се знае дека ако ја завршеа својата работа, таа ќе беше тука", рекла мајката.

„Разговаравме директно со семејството на Тамара за да изразиме сочувство“, рече д-р Енди Хипс, главен оперативен директор во Универзитетските болници Сасекс NHS Foundation Trust.

„Не можам јавно да зборувам за грижата за Тамара, но генерално кажано, нема сомнеж дека нашиот персонал понекогаш мора да работи под голем притисок, во тешки околности, но тие секогаш ќе дадат сѐ од себе за да обезбедат грижа, сочувство и достоинство на своите пациенти. “ додаде докторот.

Истрагата ќе продолжи и прелиминарниот датум со последните информации е 28 јуни.

Леонардо ДиКаприо со девојка, која носи прстен на левата рака- ќе се смири ли вечниот ерген?

Познато е дека Леонардо ди Каприо ја прекинува врската штом неговата партнерка наполни 25 години, но се чини дека 25-годишната Италијанка Виторија Черети успеа да му го улови срцето.

Познато е дека Леонардо ди Каприо ја прекинува врската штом неговата партнерка наполни 25 години, но се чини дека 25-годишната Италијанка Виторија Черети успеа да му го улови срцето, а поради новите фотографии фановите се убедени дека холивудскиот ерген би можел наскоро застанете пред олтар.

Актерот и манекенката беа фотографирани на средба во Беверли Хилс, каде што се почестија со бурито во киоск за брза храна на улица.

Вниманието го украде новиот прстен на левата рака, по што веднаш почнаа да кружат гласини за свршувачката на парот кои се заедно девет месеци.

Инаку, Виторија е успешна манекенка. Таа носеше ревии за брендовите Chloé, Paco Rabanne, Alexander McQueen, Ralph Lauren, Alexander Wang, Versace, Roberto Cavalli, Dolce & Gabbana, Armani, Prada, Marc Jacobs, Michael Kors, Bottega Veneta, Tom Ford, Tommy Hilfiger...

Во 2020 година, таа се омажила за Матео Милери, италијански диџеј. Не е познато дека парот се развел, а манекенката се уште има заеднички фотографии со сопругот на Инстаграм, па многумина се прашуваат дали Ди Каприо е причината поради која нивниот брак завршил.

притисни ентер