Оставките на Филипче и Хасани втор ден го брануваат Собранието

Премиерот Заев останува на ставот дека за оставките на Филипче и Хасани ќе се признесе по завршувањето на  истрагата за пожарот во тетовската модуларна ковид болница.

Чувството за морална одговорност според него е разбудено, но вели не може да се распушти државата кога се случуваат вакви несреќи. Премиерот уверува дека се прават дополнителни инспекции во модуларните ковид- ценрти ширум земјава, со цел вакви трагедии да не се случат повторно.

ОД ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека Заев одбива да ги испрати оставките во Собрание се со цел истите никогаш да не се реализираат.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денеска присуствуваа на седницата, откако вчера ја напуштија сообраниската сала во знак на револт поради неприфаќањето на предлогот за разрешување на Филипче и Хасани. Иако претходно најавија дека и денеска ќе побараат точката за разрешувањата да се стави на дневен ред, официјално барање до спикерот Џафери не упатија пред усвојувањето на дневниот ред.

Лазаревска: ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ги закочи измените за недела неработен ден

ВМРО-ДПМНЕ преку своите коалициски партнери се обидува да ги закочи измените за недела неработен ден.

По налог на Христијан Мицкоски, неговите коалициони партнери Алијанса и Алтернатива, овде во Собранието се обидуваат да закочат уште едни важни законски измени.

Претседателот на Комисијата за труд и социјална политика од редовите на Алијанса-Алтернатива, Хусни Исмаили, упорно не закажува седница на чиј дневен ред се измените и дополнувањата на Законот за работни односи, со кои недела станува ден за одмор за сите работници.

Овие измени на сила треба да стапат на први октомври, а денеска на десет дена пред тоj датум, опозицијата во Собранието се обидува да ги спречи тие измени.

Ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ, секогаш кога во Собранието треба да се носат закони кои се во корист на граѓаните, оваа партија на секој начин се обидува да ги блокира и закочи.

Овој пат тоа очигледно го прави преку своите коалициски партнери.

Ваквиот лицемерен и неодговорен однос на ВМРО-ДПМНЕ кон граѓаните е одамна прочитан и препознаен.

ВМРО-ДПМНЕ не може да понуди ништо освен лажни вести, деструкции и блокади, ВМРО-ДПМНЕ не знае ништо друго освен да работи на штета на граѓаните.

Затоа на изборите ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и нивните коалициски партнери ги очекува нов силен пораз од граѓаните.

Жаклина Лазаревска, пратеничка на СДСМ

18 годишен тинејџер уби 8 лица во студенскиот кампус во Русија

Навидум мирниот студентски ден во Руски-Перм се претвори во ужас и борба за живот. 

18 годишен тинејџер уби 8 лица и повреди уште неколку во вооружениот напад во студенскиот кампус. Некои спасот го барале заклучувајќи се во амфитеатрите и кабинетите, додека пак други соочени со смртта скокаа од прозорците на објектите за да избегаат од заканата по нивниот живот.

Руските медиуми пренесуваат дека станува збор за Тимур Бекмансуров, 18 годишен студент, кој што непосредно пред нападот оставил порака за мотивот на она што следувало.

-Не сум припадник на екстремистичка организација, не сум религиозен и сум аполитичен. Никој не знаеше што ќе направам и дејствував самостојно. Од кога знам за себе секогаш размислував за смртта. Не знам колку луѓе можам да убијам, но ќе направам се’ за со себе да земам колку можам повеќе животи.- Тимур Бекмансуров.

Според информациите од руското мвр, напаѓачот давал отпор, се забарикадирал во една од училниците и пукал кон полицијата, која во престрелката го ранила, а потоа и го уапсила.

Засега истражните органи кажаа само дека станува збор за студент, кои што потврдија дека напаѓачот давал навистина голем отпор на полицијата, одбивајќи да биде уапсен.

Во Мај во Русија се случи сличен настан, во Катарстан, каде што во училиште беа убиени 9 лица, а преку 30 беа повредени. И тогаш оние кои што беа нападнати спасот го бараа скокајќи од прозорците, некои од нив на тој начин и ги загубија животите.

Во Русија на сила се строги закони за цивилно поседување на оружје, но некои категории, како тие за лов, самоодбрана или спорт, може да се купат по тестирање и исполнети услови. Бекмансуров во својата објава опишал детално како го купил оружјето за кое што вели дека долго штедел.

Ковачки: Дали експерти предупредиле да не се вградуваат пур панели?

Дали експерти предупредиле да не се вградуваат пур панели и дали струјата е поврзана без проект?!

12 дена по пожарот во тетовската модуларна болница од ВМРО-ДПМНЕ и денеска со барање на одговори за несреќата но и како што наведуваат непристрасна истрага.

притисни ентер