Основен кривичен суд Скопје од 1 јуни ќе постапува по сите предмети

Основниот кривичен суд Скопје почнувајќи од 1 јуни годинава ќе продолжи со редовно постапување по сите предмети кои се водат пред овој суд.

– Согласно Одлуката на ССРСМ од 28 мај 2020 година, за измена и дополнување на Одлуката бр.02-606/1 од 17 март 2020 и Одлуката бр.02-606/2 од 7-ми месецов, почнувајќи од 1 јуни годинава Основниот кривичен суд ќе продолжи со редовно постапување по сите предмети кои се водат пред овој суд, се вели во соопштението од Основниот кривичен суд.

При постапувањето по предметите, велат оттаму, ќе бидат запазени сите мерки за заштита и превенција од Ковид-19 вирусот, согласно препораките на Министерство за здравство и Светската здравствена организација.

Жерновски ги прими акредитивните писма од именуваниот прв амбасадор на Кипар Константинос Елијадес

Заменик министерот за надворешни работи Андреј Жерновски, по пат на видео конференциска врска ги прими акредитивните писма од страна на Константинос Елијадес.

Новоименуван нерезидентен амбасадор на Република Кипар за Република Македонија, со седиште во Белград.

Како што соопштија од кабинетот на заменик – министерот, Жерновски му посака добредојде и успех во вршењето на својата функција во Македонија, и тоа како прв именуван амбасадор на Република Кипар во Република Македонија по воспоставувањето на дипломатски односи меѓу двете држави.

Во разговорот, се посочува, беа разменети мислења околу повеќе актуелни теми, со акцент на европската интеграција и перспективи на Македонија.

-Взаемно беше изразено задоволство што на 01.07.2020 е направен уште еден многу значаен чекор кон Европската Унија, по усвојувањето на предлог преговарачката рамка од страна на Европската комисија. Жерновски се заблагодари за континуираната и одлучна поддршка на Република Кипар во нашиот европски интегративен процес, како и позитивната и конструктивна улога во процесот на решавањето на спорот со Грција. Воедно, изрази уверување дека Кипар ќе продолжи со подеднаков ангажман да се зазема за нашата понатамошна интеграција во Унијата, при што истакна дека очекуваме до крајот на годината да се одржи меѓувладината конференција која што е првиот конкретен чекор и форум за политички и реформски дијалог меѓу Македонија и Европската Унија, стои во соопштението.

Амбасадорот Елијадес, пак, ја реафирмираше поддршката на Кипар за започнување на пристапните преговори на Македонија со Европската Унија, како и за помош за исполнувањето на потребните реформски определби. Изрази задоволство што како прв амбасадор ќе има прилика да придонесе во интензивирањето македонско-кипарското пријателство, акцентирајќи го потенцијалот кој постои за натамошно продлабочување на соработката во областите од заеднички интерес.

На средбата, се нацедува, беше истакнато дека постои потенцијал за развојот на билатералните односи меѓу Македонија и Кипар, но и цврста и силно изразена волја за изградба на пријателски и срдечни односи на соработка во сите области од взаемен интерес. Фокусот ќе биде ставен на економската соработка и туризмот, преку организирање на бизнис форуми преку кои ќе се зајакне оваа соработка меѓу бизнис заедницата.

Соговорниците, се додава, разменија мислења и за состојбите во нашиот регион, како и најновиот развој на внатрешно-политичките состојби во нашата земја во пресрет на предвремените парламентарни избори.

Во Косово поради коронавирусот повторно воведен полициски час

Косовскиот премиер Авдулах Хоти соопшти дека од денеска ќе почнат да се применуваат новите мерки, донесени со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.

Хоти вчера на прес-конференција објави дека во градовите со голем број заразени лица, меѓу кои се Приштина, Призрен, Урошевац и Вучитрн, ќе биде во сила забраната за движење од 21 часот до 5 часот наутро.

Тој прецизираше дека работата на рестораните во периодот кога е дозволено движење на граѓаните ќе биде ограничена само на услуга на отворено и испорака.

Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Солза Грчева и Петар Колев

Опозициските контра резултатите на провладините акнети, но кој ќе ја "свитка" кичмата пред албанскиот блок?

Драги пријатели, полево и подесно ориентирани или неутрални, дали "Глас за Македонија" или "ГДУ" ќе добијат доверба од граѓаните да одиграат клучна улога во составување Влада, вечерва во Само Вистина ќе дебатираат Солза Грчева и Петар Колев.

Опозициските контра резултатите на провладините акнети, но кој ќе ја "свитка" кичмата пред албанскиот блок?

Дали последните "крикови" на ДУИ се премиер албанец?

Беса предизборно се "здружи" со СДСМ, Села од Алијанса се заканува дека ако Заев и Мицкоски создадат македонска, албанците ќе создадат албанска влада. Се "вжештува" ли реториката на нациоанлизам во недостаток на партиска програма?

До кога "сила" наместо "интелект" ќе го движи "кормилото" во државата?

Дали коронавирусот ја замагли европската перспектива на Македонија?

Ќе биде ли 2020-та година на шареноликост, вечерва на местото каде се говори Само Вистина со Солза Грчева и Петар Колев, само на Канал 5 Телевизија.

притисни ентер