Основен кривичен суд апелира да се истражат елементите на закани и притисоци на дел од адвокатите во „ТНТ"

Од Основниот кривичен суд, наведуваат дека соопштението ќе биде доставено и до сите институции – надлежни за заштита на судската независност и непристрасност.

Основен кривичен суд апелира да се истражат елементите на закани и притисоци на дел од адвокатите во „ТНТ"

Основниот кривичен суд Скопје апелира до Адвотатската комора, МВР, но и Обвинителството да преземат соодветни мерки и да ги истражат елементите на закани и притисоци упатени кон судот и судијата – поротник, во однос на изјавите на дел од адвокатите во предметот на јавноста познат како „ТНТ", а со цел да ја заштитат независноста и непристрасноста во судското постапување.

– Имено, зачудува фактот што јавните закани-притисоци се генерирани од поединци кои се странки во судска постапка. Изненадува нивниот неетички и непрофесионален однос кој е без почит кон судот и е надвор од надлежностите на еден адвокат-бранител на обвинет. Притисок/закана со поднесување на кривична пријава кон судски поротник, кој активно учествува во водењето на судската постапка и учествува во носењето на одлуката, е сериозен акт и класичен пример на атак врз независноста и непристрасноста на судското одлучување, дотолку повеќе што во конкретниов случај заканата е генерирана од адвокат кој е учесник во истиот судски предмет во кој постапува нападнатиот судија – поротник. Укажуваме дека, доколку странките имаат забелешки на работењето на судот, постојат правни лекови и законски инструменти со кои може да се побива судското постапување и судските постапки. Заканите и притисоците, особено во време на активна судска постапка, не смее и не може да биде опција во една демократска држава во која сите тежнееме кон владеење на правото, се вели во соопштението од Основниот кривичен суд Скопје.

Општо познато, стои во соопштението, е дека обврска на судијата – поротник е да ја извршува својата функција се додека не биде разрешен од страна на Судскиот Совет на РМ што е во согласност со Законот за судовите.

– Во тој правец е и досега воспоставената пракса за разрешување на судии и судии поротници создавана преку т.н. common sense и common low. Како суд укажуваме дека ќе инсистираме на судење во разумен рок, што е законска обврска, но и интерес на обвинетите кои тежнеат да ја докажат својата невиност, како и на оштетените кои ги бараат своите права. Судењето во разумен рок е во интерес и на правната држава и владеењето на правото. Во правец на погоренаведеното е и Барањето да се продолжи мандатот на конкретниот судија поротник, бидејки нелогично е и неиздржано е поротник кој 2,5 години посветено учествувал во судската постапка, поротникот да се разреши поради протек на мандат, кое нешто би иницирало постапката да почне одново, се наведува во соопштението.

Од Судот, посочуваат дека, имајќи го предвид погоренаведеното очигледно е дека поединци/адвокати се вистински кочничари на оваа судска постапка, па дури во дадена ситуација може да се каже дека работат и спротивно на интересите на обвинетите.

– Во таа смисла судот го перцепира и инсистирањето на друг адвокат од истата постапка, кој и покрај фактот што тој лично во мноштво други судски постапки го користел исклучиво службениот јазик, чие активно користење е услов за добивање на адвокатска лиценца, согласно Законот за адвокатура, во оваа постапка инсистира да го користи неговиот мајчин јазик кој дури ни неговиот клинет не го разбира. Било какви отстапки од ЗКП, кој го регулира користењето на јазиците во судската постапка, може да повлече низа на опструкции во сите останати судски предмети во државата што може да доведе до колапс на правосудниот систем, се вели во соопштението.

Обраќањето, стои во соопштенито од Основен кривичен суд, има една и единствена цел, а тоа е да се избегне вршење на опструкција во работата на судските предмети, кои се во завршна фаза и оневозможување да се одолговлечат судските постапки, во смисла на повторување или застарување на истите. Судот цени дека оваа пракса мора да престане и да се прекине, а цени дека на тој начин ќе се допринесе во реформирањето на судскиот систем.

Од Основниот кривичен суд, наведуваат дека соопштението ќе биде доставено и до сите институции – надлежни за заштита на судската независност и непристрасност, поради, како што се вели, се почестите и поинтензивни јавни изјави, а defacto закани и притисоци, кои судија-поротник од Основниот кривичен суд ги добива од адвокати-странки во судска постапка. /МИА

„Вие сте херои“ и аплауз за медицинските работници од учесниците на протестот

Со аплазуз и скандирање „Вие сте херои“ учесниците на вечерашниот марш, минувајќи покрај Градската болница во центарот на Скопје  ги поздравија медицинските работници. 

„Вие сте херои“ и аплауз за медицинските работници од учесниците на протестот

Претходно, пред Собранието упатија повеќе пораки и го исвиркаа. Скандираа: „Убијци“, „Системот е следен“,„Доста беше смрт", „Секој еден, може да е следен"...

Протестниот марш моменто минува покрја хотелот „Холидеј ин“ од каде преку преку мостот „Филип Втори“ и преку булеварот „Гоце Делчев“ треба да пристигне до Владата, каде ќе има собир, 16-минутен молк за загинатите и говори.

Муцунски во Будимпешта се сретна со неговиот колега Сијарто

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,Тимчо Муцунски, денеска престојуваше во еднодневна работна посета на Будимпешта,Унгарија, каде оствари билатерална средба со неговиот унгарски колега, министерот за надворешни работи Петер Сијарто.

Муцунски во Будимпешта се сретна со неговиот колега Сијарто

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска престојуваше во еднодневна работна посета на Будимпешта, Унгарија, каде оствари билатерална средба со неговиот унгарски колега, министерот за надворешни работи Петер Сијарто, и, на негова покана, се обрати пред членовите на Дипломатскиот совет на Унгарија, информираат од МНРиНТ.

На средбата со министерот Сијарто, министерот Муцунски упатил искрена благодарност за поддршката и прифаќањето на македонските пациенти повредени во несреќата во Кочани, нагласувајќи дека оваа конкретна помош е дел од продлабоченото пријателство и соработка помеѓу двете земји, градено интензивно во изминатите девет месеци.

Во рамки на посетата, министерот Муцунски ја посетил и болницата во Будимпешта каде што се згрижени шест македонски пациенти. Се сретнал со нивните семејства и со медицинскиот персонал, од кои добил информации за состојбата на пациентите и упатил благодарност за грижата, професионалноста и човечноста со која унгарските лекари се вложуваат во нивното лекување. Притоа истакнал дека поддршката се однесува не само на пациентите, туку и на нивните најблиски, кои добиваат логистичка поддршка преку дипломатско-конзуларната мрежа.

Министерот и неговиот домаќин разговарале и за унапредување на економската соработка, со акцент на инвестициите, енергетиката и трговската размена, како и за актуелната регионална динамика, стабилноста, безбедносните предизвици и континуираната поддршка од Унгарија за македонските евроинтеграции.

Се огласи Трамп од Овалната соба за договорот на САД со Украина за ретките минерали

САД и Украина постигнаа договор за ретки минерали.

Се огласи Трамп од Овалната соба за договорот на САД со Украина за ретките минерали

Американскиот претседател Доналд Трамп пред новинарите во Овалната соба изјави дека очекува договорот за ретки минерали наскоро да биде потпишан, објави Ројтерс.

Трамп рече дека на состанокот на делегациите од Вашингтон и Киев, што се одржува во Ријад, главниот град на Саудиска Арабија, се разговара за територијални прашања поврзани со војната во Украина и линијата за разграничување.

Трамп исто така рече дека Вашингтон разговара со Киев за можноста американски компании да поседуваат украински нуклеарни централи. Разговорите во Ријад главно се фокусираа на прекин на огнот во Црното Море, беше објавено претходно.

Сепак, Трамп рече и дека се појавиле и други теми.

„Се зборува за територија, за линии на разграничување, за сопственост на електрани. Некои велат дека САД треба да ги поседуваат електраните бидејќи поседуваме стручност“, рече американскиот претседател.

притисни ентер